Економија
НБМ ја задржа каматната стапка на 3,75 отсто
Максималната каматна стапка на благајничките записи кои ги емитува Народната банка на Македонија (НБМ) останува непроменета на 3,75 отсто.
Ваква одлука донесе Комитетот за оперативна монетарна политика при НБМ, оценувајќи ја поставеноста на монетарната политика како соодветна имајќи ги предвид најновите макроекономски показатели.Заради одржување на ликвидноста на банкарскиот систем во согласност со ликвидносните проекции за следниот период на задолжителна резерва, износот на благајнички записи на аукцијата одржана денеска беше утврден на нивото од 28 милијарди денари (455 милиони евра), што е за 752 милиони денари (12,2 милиони евра) помалку од достасаниот износ на благајнички запис. Комитетот за оперативна монетарна политика меѓудругото констатираше дека движењата на домашните финансиски пазари беа стабилни. На пазарот на пари се забележа зголемена меѓубанкарска активност на подолги рочности (помеѓу 7 и 30 дена), а пораст имаше и тргувањето на секундарниот пазар. Банките активно ги користеа монетарните инструменти (благајничките записи, расположливите депозити и кредити преку ноќ, депозитите на седум дена и репо-аукциите), што укажува на значително подобрување на флексибилноста при управувањето со ликвидноста.Значително влијание врз движењата на меѓународните пазари во изминатиот месец имаа исходот од парламентарните избори во Грција, одржувањето на Самитот на Европската Унија кон крајот на месецот и мерките за справување со должничката криза во евро-зоната коишто Европската централна банка ги презема во континуитет. Сепак, глобалниот амбиент и натаму се карактеризира со неизвесност и променливост во движењата, што условува претпазливо спроведување на монетарната политика, се вели во соопштенеито на НМБ. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

