Економија
Изготвен ДУП-от за северниот дел од касарната „Илинден“
Владата на Република Македонија, реализирајќи го проектот „Старите касарни за нов развој“, изготви Детален урбанистички план за северниот дел од Касарната „Илинден“.
На барање на Министерството за транспорт и врски, во вторник општина Карпош објави јавна објава за оттуѓување на градежно земјиште по пат на електронско јавно наддавање, предвидено со ДУП за северниот дел од Касарната „Илинден“ за 10 градежни парцели.
Од нив на лицитација одат пет градежни парцели со вкупна површина од 34.814 м2, со намена комерцијални и деловни намени и почетна цена за оттуѓување по пат на јавно наддавање од 6.000,оо денари по м2;
Четири градежни парцели со вкупна површина од 49.087 м2, со намена семејно домување во станбени згради и почетна цена за оттуѓување по пат на јавно наддавање од 6.000,оо денари по м2;
Една градежна парцела со вкупна површина од 3.495 м2, со намена здравство и почетна цена за оттуѓување по пат на јавно наддавање од 1.400,оо денари по м2; односно вкупна површина за сите 10 градежни парцели од 87.396 м2, или максимална изградена површина на сите објекти од околу 460.000 м2.
Во насока на реализација на Деталниот урбанистички план, Министерството за транспорт и врски ја обезбеди комплетна документација за градежните парцели предвидени со гореспоменатиот ДУП.
Рокот за пријави за учество на електронското јавно наддавање е до 23.08.2012 година, а јавното наддавање е закажано на ден 30.08.2012 година, на интернет страната www.gradezno-zemjiste.mk.
По барање на Министерството за транспорт и врски, од страна на општина Карпош две градежни парцели со намена високо образование се оттуѓени по пат на електронско јавно наддавање, по цена од 71 денари од м2, односно вкупна цена од 1.339.334 денари за двете градежни парцели со вкупна површина од 18.864 м2
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

