Економија
Државно земјоделско земјиште во светиниколско се дава под закуп
Јавен повик за давање во закуп на државно земјоделско земјиште на територијата на 12 села во регионот на Свети Николе, објави во средата министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство.
Ова е втор пат да биде објавен оглас за земјиштето во светиниколско, откако истиот најнапред беше објавен кон крајот на јуни, но веднаш потоа беше поништен поради техничка грешка. Времетраењето на закупот за кој се издава земјиштето до 50 години за подигиње на маслинарници, а до 30 години за подигање на долгогодишни насад (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии, како и за спортско-рекреативни активности и рурален туризам.На период од 20 години ќе се дава земјиштето под закуп за рибници, а за одгледување на други земјоделски култури земјиштето ќе се дава под закуп за период до 15 години, за исто толку под закуп ќе се даваат и ливади за период до 15 години. Станува збор за вкупна површина од над 5353ха 95ар 46м2 за катастарските општини Пеширово, Амзабегово, Кнежје, Црнилиште, Аџиматово, Сарамзалино, Ѓуземелци, Милино, Лозово, Каратманово, Дорфулија, Ќоселери, Аџи Бегово и Делисинци. Заинтересираните за аплицирање за овој оглас треба да достават Писмо за интерес и Бизнис план.Право на учество на јавниот повик имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица. Физичките лица треба да се регистрирани вршители на земјоделска дејност и/или запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства и/или да се трговец поединец. Ним земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи треба да им е претежна дејност.Странските правни лица имаат право да учествуваат на јавен повик доколку имаат регистрирано подружници во Република Македонија. На домашните и странските правни лица или нивните подружници земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи да им е претежна дејност или земјоделското земјиште им е потребно за вршење на научно-истражувачки дејности. Право на учество на јавниот повик немаат лицата кои ги немаат намирено обврските по основ на закупнина за претходно склучени договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост, правни лица за кои е отворена стечајна постапка, како и непрофитните организации. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

