Економија
Ставрески очекува намалување на каматните стапки
Министерот за финансии Зоран Ставрески во четвртокот изрази очекување дека комерцијалните банки ќе ги намалат каматите, откако една од поголемите банки објави дека ја спуштила каматата за 0,25 отсто.
„Намалувањето на активните каматни стапки на банките, за граѓаните и за стопанството е секогаш добредојдено и ние очекуваме тој тренд да продолжи во иднина со оглед на координираноста на фискалната и монетарната политика“, изјави Ставрески. Тој оцени дека постои простор да се намалат каматите , со што слободните ликвидни средства во што поголем износ би завршиле во економијата „Намалувањето на каматните стапки на Народна банка и на Министерството за финансии претставуваа јасен сигнал за банкарскиот сектор дека очекуваме и таму да дојде до постепено, но значајно намалување на каматните стапки“, изјави Ставрески .Тој рече дека го израдувал податокот за раст на денарското штедење што претставува знак за доверба во македонскиот денар и банкарскиот сектор. „Со оглед на состојбите во Европа и кризата што се јавува таму на повеќе економии и кризата на еврото како валута логичен редослед е дека граѓаните ја искажуваат довербата во домашната валута, односно денарот којшто е стабилен“, рече Ставрески.Покрај ова, Ставрески укажа и на постојните макроекономски политики и ниското ниво на буџетски дефицит и задолженост на земјата, како и дисциплинираната фискална политика и координираната монетарна политика.„Нема причини да не се штеди во денари бидејќи приносот во денари е поголем, односно каматата на денарското штедење е значително поголема“, заклучи на крајот Ставрески. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

