Економија
Пругата кон Бугарија ќе се финанисира со средства од ЕБОР
Средства за изградба на првата фаза од пругата кон Бугарија обезбедени се од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), а се очекува оваа институција да застане зад изградбата и на преостанатите две фази од железничката пруга на Коридорот 8.
Министерот за финансии Зоран Ставрески во петокот информираше дека целосно е затворена финансиската конструкција за почетокот на изградбата и рехабилитација на делницата Куманово-Бељаковце во должина од 31 километар.Средствата во износ од 46,4 милиони евра се обезбедени од ЕБОР, по исклучително поволни услови со рок на отплата од 15 години со грејс период од четири години и каматна стапка што во моментов изнесува 1,7 отсто, односно шестмесечен ЕУИБОР плус еден отсто.„Реконструкцијата на оваа делница, а и целокупната изградба на пругата на Коридорот 8 станува реалност по 15 години тапкање во место Македонија конечно ќе може да почне со реализација на овој значаен проект“, рече Ставрески. Министерот информираше дека договорот за заем од ЕБОР се очекува да биде одобрен од македонското Собрание во септември, по што се очекува да биде објавен тендерот за изградба на делницата.Изградбата на делницата се очекува да почне во првиот квартал од 2013 година, а работите на терен да завршат за три до четири години.Во меѓувреме со грантот од ЕБОР од 2,5 милиони евра треба да се заврши целокупната проектна документација, со која ќе може да се аплицира за средства за изградба на втората фаза од проектот, пруга на делницата Бељаковце-Крива Паланка, по што би се преминало и на третата фаза од Крива Паланка до бугарската граница„Пругата кон Бугарија е еден од клучните инфраструктурни објекти за Македонија и за македонското стопанство“, рече Ставрески, додавајќи дека со изградбата ќе се оди етапно.„Фактот дека се обезбедени првите 46,4 милиони евра, и грантот од 2,5 милиони евра, покажува дека ЕБОР целосно застана зад овој проект и дека Македонија истиот ќе го реализира со овие средства“, оцени Ставрески.Тој најави дека македонската влада во исто време ќе работи и на документација за изградба за западниот дел од Коридорот 8, односно од Кичево до албанската граница. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

