Економија
Грција можеби ќе бара преструктуирање на долгот
На Грција, најверојатно, ќе и’ биде неопходно уште едно преструктуирање на долгот, бидејќи земјата не е во можност да ги сервисира постоечките долгови, пренесува Reuters, цитирајќи извори од Европската унија.
Според изворот на агенција, трошоците поврзани со реструктуирањето на грчкиот долг се проценуваат на 200 милијарди евра, а би можеле да паднат на товарот на Европската централна банка ECB и на земјите од еврозоната.
„Ништо не е направено во Грција во текот на последните три-четири месеци. Состојбата постојано се влошува ….“, рекол неименуваниот соговорник на агенцијата.
Макроекономски податоци, исто така, укажуваат на влошување економската ситуација во земјата. Така, во вторникот грчкиот премиер Антонис Самарас изјави дека БДП-то на земјата може да скуси за тековната година за повеќе од 7 отсто, наместо проектираниот пад за 5 проценти.
Грција добива милијарди долари како кредитна поддршка од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд во замена за жестоката програма за штедење. Спроведувањето на програмата е всушност суспендирано од крајот на април. Во мај и јуни, се одржаа два круга на предвремени парламентарни избори, а по повтореното гласање беше формирана трипартитна коалиција во која влегоа конзервативната Неа демократиа, социјалистичкиот ПАСОК и умерените леви сили од коалицијата ДИМАР, кои ветуваа останување на Грција во еврозоната.
Грција претходно се ангажираше да најде начини да ги намали буџетските расходи за 11,5 милијарди на годишно ниво до 2015 година, за да одговори на постигнатиот со странските кредитори договор за програмата на намалување на дефицитот. Како што рече министерот за економија Јанис Стурнарас, досега е најден начин за намалување на трошоците за 8 милијарди евра, а последните неколку дена во Атина продолжуваат интензивните консултации во однос на остварување на кастрењата за преостанатиот износ./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

