Економија
Косово ќе формира Федерација на фармери по угледот на Македонија
Косовските фармери планираат да се здружат во Федерација, за што ќе го следат примерот и искуствата на Федерацијата на фармери на Република Македонија (ФФРМ).
На оваа тема во четвртокот во Битола разговараа претседателот на ФФРМ, Андрија Секуловски и претставничката на Иницијатива за земјоделски развој на Косово (ИАДК), Магбуле Хусени.Таа истана дека процесот на земјоделското здружување во Косово е неминовен поради фактот што 19 отсто од населението живее во рурални средини и најголем дел од нив се занимаваат со земјоделство. „Во регионот разговаравме и со други здружение, но единствено на овие простори само ФФРМ е чадор организација со развиена структура од која што ние решивме да оствариме соработка за размена на искуства и да научиме како се создава една ваква организација“, потенцираше ХусеиниСо оваа средба, додаде Хусеини, само започнува процесот на учење кој ќе ни помогне да формираме една добра организација која ќе биде гласот на земјоделците во Косово.Секуловски од своја страна вети дека искуство стекнато во десет години од постоењето на ФФРМ ќе се пренесеме и на ИАДК. „Ваквите средби и активности за нас се посебни важни бидејќи како организација овозможуваме и градење на слични организации во регионот кои ќе придонесат поголемо обединување на земјоделците и тоа директно ќе влијае на развојот на земјоделството. Ние постојано зборуваме дека здружувањето на земјоделците е од посебна важност за развојот на аграрот и тоа не само кај нас туку и во регионот. Колку имаме поорганизирани и здружени земјоделци толку и ние ќе имаме прогрес“, рече Секуловски. Тој им порача на колегите од Косово дека за да се создадат услови за функционирање на здруженијата првенствено е важно едуцирањето и информирањето на фармерите. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

