Економија
Еколошка ознака на производи и услуги за период од 2012 и 2013 година
Проектот за поддршка за воведување на еколошка ознака на производи и услуги за период од 2012 и 2013 година е во тек, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање.
Еколошкото означување на производи и услуги е значаен инструмент со кој може да се намали штетното влијание врз животната средина и природата предизвикано од производите и услугите за време на нивниот целосен животен циклус, од почетокот на дизајнирањето на производот, па се до грижата по неговото искористување, при што се остваруваат значителии заштеди на вода, хемиски супстанци и енергија, а воедно се намалува отпадот.
Доделувањето на еколошка ознака е доброволно и зависи од интересот на производителот на производот и на давателот на услугата. Еколошката ознака ја доделува Министерство за животна средина и просторно планирање врз основа на барање на правно и физичко лице, а на предлог на Комисијата за еколошка ознака во согласност со Законот за животна средина и прописите донесени врз негова основа.
Еколошката ознака се користи врз основа на договор за нејзино користење склучен меѓу Министерство за животна средина и просторно планирање и корисникот на ознаката. Во договорот особено се утврдуваат условите за користење на ознаката и надоместокот за користење на ознаката.
Законот за животна средина утврдува основа за пропишување на критериумите врз основа на кои правните и физичките лица кои ги исполнуваат истите можат да побараат доделување на еколошка ознака. Еколошката ознака ја доделува Министерство за животна средина и просторно планирање врз основа на предлог на Комисијата за доделување на еколошка ознака.
Министерство за животна средина и просторно планирање има донесено осум правилници за еколошки критериуми и тоа за: детергенти за рачно миење садови, туристичко сместување, мебел, текстилни производи, бои и лакови, хигиенска хартија, обувки и сапуни, шампони и кондиционери за коса.
Носителите на еколошка ознака имаат повисок рејтинг, подобар имиџ и се поконкурентни на пазарот.
Трошоците за имплементирање на критериумите за еден производ варираат и се во зависност од постојната состојба на самиот производ и евентуалната потреба од негова модификација, како и од повеќе барања кои се содржани во соодветните правилници за еколошки критериуми. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

