Економија
Објавен повик за давање на земјоделско земјиште за социјалци
Јавен повик за давање на над 854 хектари земјоделско земјиште во државна сопственост на плодоуживање на социјално необезбедените лица корисници на социјална парична помош, објавен е во понеделникот.
Повикот што го објави Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се однесува на 24 региони и тоа за Берово, Битола, Македонски Брод, Валандово, Гостивар, Гевгелија, Дебар, Делчево и Демир Хисар. Исто така на овој повик можат да аплицираат и заинтересираните лица кои спаѓаат во категоријата социјално необезбедени лица корисници на социјална парична помош и од регионите Кочани, Кичево, Крушево, Кратово, Кавадарци, Струга, Струмица, Прилеп Пробиштип, Ресен, како и заинтересираните за добивање на државни ниви во плодоуживање од Велес, Штип и од скопските општини Гази Баба и Чаир. Со овој повик, од над 854 хектари државно земјоделско земјиште кое е наменето да се даде во плодоуживање, најголемиот дел, односно скоро 291 хектар е во Струмичко, над 95 хектари во Кратовско, 92 хектари во Дебар и повеќе од 87 хектари во Валандовско. Во Пробиштип, во плодоуживање со овој повик се огласени скоро 63 хектари, а во Кавадарци приближно 55. Времетраењето на плодоуживањето за кое се издава земјоделското земјиште изнесува 5 години.Зависно од намената на земјоделското земјиште, односно дали површината е под систем за наводнување или не, земјиштето може да се додели на плодоуживање најмногу до 4 хектари ако е во систем за наводнување, односно до 8 хектари ако е надвор од систем за наводнување. За одгледување на житни, фуражни и индустриски култури, поединец – плодоуживател може да му се доделат најмногу 4 хектари во систем за наводнување, а за здружени двајца плодоуживатели до 8 хектари државно земјоделско земјиште кое е во систем за наводнување. За производство на градинарски култури, поединец плодоуживател може да добие најмногу 0,6 хектари државно земјоделско земјиште кое е во систем за наводнување, а здружени двајца плодоуживатели максимум 1,2 хектари во систем за наводнување.Согласно дефинираниот концепт за плодоуживање, корисниците на оваа Програма, по добивањето на земјоделското земјиште, ќе имаат право да користат и финансиска помош за отпочнување на земјоделската дејност, и тоа: за корисниците кои ќе одгледуваат житни, фуражни и индустриски култури ќе им следува еднократна парична помош во висина од 20 илјади денари по хектар, но не повеќе од 120 илјади денари денари, за одгледувачите на градинарски култури 55 илјади денари за хектар . Покрај оваа помош, согласно Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2012-2013 година, Пилот Програма за субвенционирање на плодоуживатели на државно земјоделско земјиште, на корисникот на плодоуживањето за првата година на плодоуживањето месечно ќе му се исплаќа надоместок во висина на социјална парична помош што ја земал до тогаш, исплата на придонеси за пензиско инвалидско осигурување и здравствено осигурување и исплата на надоместок за регистрација во регистарот на индивидуални земјоделци.Во втората година, на регистрираниот индивидуален земјоделец ќе продолжи да му се исплаќаат придонесите за пензиско инвалидско осигурување и здравставено осигурување а износот на надоместокот од средствата на социјалната парична помош што ја земал до тогаш ќе се намали за 50 проценти. Во третата година плодоуживателот нема да биде корисник на овие мерки. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.
Економија
Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Економија
Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
фото/Depositphotos

