Контакт

Економија

Средба на министрите за финансии на Г20 почнува во Мексико

Објавено пред

Состанокот на министрите за финансии и гувернерите на централните банки на земјите членки на групата најразвиени земји и економии во развој Г-20 започнува во недела во главниот град на Мексико, кој во 2012 година ја предводи „Група на дваесетте“, а од декември ќе претседава Русија.

dobivaj vesti na viber

Главните активности на состанокот се закажани за понеделник, 5-ти ноември. Учесниците на состанокот во Мексико Сити имаат намера да се обратат со апел за развивање мерки за борба против недовербата во глобалниот економски и финансиски систем. Според заменик-министерот за финансии на Мексико, Херардо Родригез, главниот исход од конференцијата треба да биде намалувањето на нивото на несигурноста во глобалната економија. Учесниците ќе разговараат за факторите кои придонесоа за намалување на стапката на глобалниот економски раст и за создавање работни места.

„Забавувањето на темпото на растот во земјите во развој денес е реалност, а рамнотежата на ризиците се влоши значително, и овој нов феномен стана очигледен во последните два-три месеца“, рече Родригез.

Меѓународниот монетарен фонд, особено, ја намали прогнозата за економскиот раст на глобално ниво во тековната фискална година од 3,5 на 3,3 отсто, а за следната година прогнозата, исто така, е намалена од 3,9 до 3,6 проценти. За земјите во развој, ситуацијата е слична: стапката на раст за Бразил, според ММФ, ќе се намали од 2,5 до 1,5 отсто, а за Кина од 8 до 7,8 отсто.

Според Родригез, за справување со овие феномени е можно само преку структурни реформи. Како пример, тој го наведе Мексико, каде што е многу активна дискусијата за реформите во областа на трудовото право и воведувањето пофлексибилни правила за вработувањето. Оваа мерка, според мексиканските власти, може да го зголеми за два процентни поена на годишно ниво економскиот раст и да се создадат најмалку 400 илјади работни места.

Родригез, исто така, вели дека за време на средбата претставниците на Шпанија може да истапат со соопштение за состојбата на тамошниот финансиски систем и за преземените мерки од страна на земјата за справување со кризата. Истовремено, рускиот заменик-министер за финансии Сергеј Сторчак искажа сомневање дека Шпанија на состанокот во Мексико Сити ќе сака да обезбеди информации за напредокот на реформите во земјата.

Според Сторчак, на дневен ред на состанокот во Мексико Сити ќе бидат глобалната економија, финансиската регулатива и пристаппт до финансиски услуги, пазарите на стоки и храна, вклучувајќи и дискусии за енергијата, иднината на Г20, како и реформата на меѓународниот монетарен и финансиски систем, вклучувајќи ја новата формула за пресметување на државните квоти.

Земјите од Г-20 произведуваат околу 90 отсто од светскиот бруто домашен производ (БДП), а на нив отпаѓа и 80 отсто од светската трговија. Во земјите кои учествуваат во организацијата живеат околу дветретини од светската популација.

Како што соопшти мексиканското министерство за надворешни работи, темата на претстојното руско претседателство со групата дваесет земји веќе била дискутирана на последниот состанок пред неколку дена на подготовките на состанокот на Г-20. Мексико тесно соработувал со Русија за да се обезбеди синхронизирано предавање и континуитет во спроведувањето на договорите постигнати претходно, се наведува во извештајот на дипломатскиот оддел на Мексико./крај/мф/сн

Економија

Мицкоски: 300 компании се предвидени да бидат поддржани со грантовите во вкупен износ од 25 милиони евра

Објавено пред

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали ќе се обезбедат грантови за адаптирање на компаниите кон зелена трансформација и заштита на животната средина, изјави:

dobivaj vesti na viber

„Да работиме, практично Инова агенцијата, околу овозможување и обезбедување грантови за компаниите, посебно во делот на енергетската трансформација. Имав и таму едно многу интересно обраќање. Да, за енергетската трансформација, но треба да сме многу внимателни. Затоа што не сум сигурен, а тоа се сложија и голем број од учесниците на тие панели, дека со таа енергетска трансформација, ние можеме на долг рок да генерираме базна енергија којашто е потребна на индустријата за потребите на самата индустрија. Тоа треба да се одвива чекор по чекор, затоа што секоја избрзана постапка може да направи штета по индустријата и по државата. Но, колку за информација за компаниите, некаде околу 300 компании се предвидени да бидат поддржани со овие грантови во вкупен износ од 25 милиони евра и наскоро ќе има и за тоа објава во јавноста и јавен повик.“

Прикажи повеќе...

Економија

Комисија за заштита на конкуренцијата: Лани се изречени казни во вредност од над 53 милиони денари

Објавено пред

Од

Комисијата за заштита на конкуренцијата информира дека во текот на 2025 година се изречени казни за повреди на одредбите од Законот за заштита на конкуренцијата и за повреди на одредбите од Законот за забрана на нефер трговски практики, во вкупна вредност од 53.044.555,00 денари.

dobivaj vesti na viber

„Со овие санкции, Комисијата испраќа јасна и недвосмислена порака дека картелските договори, забранетите договори, злоупотребата на доминантна позиција, непријавените концентрации и нефер трговските практики нема да се толерираат. Казните имаат изразена превентивна улога и претставуваат ефикасен механизам за одвраќање од идни повреди на пазарните правила“, велат од Комисијата.

Од таму најавуваат дека ќе продолжат со активен надзор и доследна примена на законските овластувања, со цел обезбедување фер и транспарентни пазарни услови, еднаков третман на економските оператори и ефективна заштита на конкуренцијата и интересите на потрошувачите.

Прикажи повеќе...

Економија

Македонија2025 објави повик за компании: Аплицирајте за користење на бесплатна експертска поддршка од канадски советници

Објавено пред

Македонија2025 објавува повик за апликации од македонски компании за Битов – Програмата за претприемачи.

dobivaj vesti na viber

Битов – Програмата за претприемачи е основана во соработка со Catalyste+ (поранешна CESO – Canadian Executive Service Organization). Catalyste+ е канадска организација со 50 годишнo искуство во меѓународниот економски развој. Организацијата работи на развој на приватниот сектор односно бизниси кои ќе просперираат на национално и меѓународно ниво.

Македонија2025 има заедничка мисија со Catalyste+ да влијае на подобрување и зајакување на конкурентноста на македонските компании и ја спроведува оваа програма во Македонија од 2018 година. Досега, преку оваа програма се поддржани над 30 македонски компании. Советниците на Catalyste+, кои се професионалци со богати професионални кариери, ќе ја донесат својата експертиза директно во Македонија, и ќе работат на конкретни предизвици со кои се соочуваат македонските компании, согласно нивните барања и потреби.

Македонија2025 целосно ја покрива тарифата за советникот, како и доаѓањето до Македонија. Компаниите имаат обврска да обезбедат сместување, оброци и локален транспорт за советникот (доколку е потребно).

Кој може да се пријави?

Програмата е наменета за микро, мали и средни компании* кои ги исполнуваат следните услови:

· Минимум една година од постоење на компанијата;

· Сопственик и управител на компанијата е македонски државјанин и жител;

· Лице од компанијата кое ќе биде постојано достапно на консултантот, најтесно ќе соработува со него за време на посетата и има добро познавање на англиски јазик;

· Високо ниво на посветеност од страна на менаџментот на компанијата;

· Во добра финансиска состојба (има можност за спроведување на промените и препораките од консултантот);

· Ги исполнуваат критериумите за микро, мали и средни компании.

По можност да работат во следните дејности: туризам и угостителство, финансии, агро-бизнис, ИКТ, менаџмент на природни ресурси, обновливи извори на енергија, прехранбена индустрија итн.

*Предност ќе имаат компании кои се извозно ориентирани и нудат иновативни решенија.

Повеќе за програмата, начинот на аплицирање и потребна документација ќе ги најдете ТУКА.

За искуствата, и придобивките на компаниите кои учествувале во програмата погледнете ТУКА.

Краен рок за пријавување: 15.03.2026 год.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

Мицкоски за утрешниот протест за минимална плата 600 евра: Секој има право да си протестира, во март законски ќе ја зголемиме

Во пресрет на утрешниот протест за минималната плата да се зголеми на 600 евра организиран од Сојузот на синдикати на...

Македонија15 минути

Хотели без дозволи, бесправни објекти на Галичица и недостаток на урбанистички планови: Ревизијата со забелешки за Охрид

Општината нема донесено урбанистички планови за 20 населени места, нема преземено мерки за отстранување на бесправно изградените објекти, особено во...

Македонија1 час

(Видео) Поплави во Струмичко: реката однесе повеќе од 100 јагниња и овци од штала во Костурино, поплавени и земјоделски површини

Надојдената вода од реката Тркања вчера однесе повеќе 100 јагниња и овци во селото Костурино, на локацијата позната како „Шепово“....

Македонија1 час

(Видео) Димитријевиќ: Во ВМРО секој функционер или негов роднина има фирма

Антикорупцискиот тим на СДСМ објави повеќе бомби, факти и докази за фирмата „Пирамид билдинг солушнс“, фаворит за тендери во општините...

Македонија1 час

Левица ќе гласа против новиот состав на Комисијата за заштита од дискриминација, обвинува за партизација

На утрешната пленарна седница, при гласањето за составот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, пратеничката група на Левица...

Македонија2 часа

(Видео) Камионџиите ја проширија блокадата на граничните премини, заострените шенгенски правила го блокираа товарниот сообраќај на Балканот

Возачите на камиони од  Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора денес продолжија со блокадите на граничните премини за...

Македонија2 часа

Просечната плата во здравството е 50.327 денари, од март ФЗОМ најави ново покачување

Просечната нето плата во здравството, според податоците на Државниот завод за статистика, во 2025 година изнесува 50.327 денари, просечната плата...

Македонија3 часа

Лани подигнати 22.000 кубни метри отпад од диви депонии, Комунална апелира поскоро да стапи во сила Законот за формирање на комунална полиција

Во текот на 2025 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнале и транспортирале вкупно 21995 кубни метри отпад од стотици...

Европа5 часа

Америка ѝ нуди на Украина гаранции и оружје, но бара многу болни отстапки кон Русите

Администрацијата на Доналд Трамп ѝ соопшти на Украина дека безбедносните гаранции на САД се условени од тоа Киев да се...

Свет6 часа

(Видео) Зимската бура ги парализираше САД, стотици илјади без струја, најмалку 30 мртви

Силна зимска бура што ги зафати Соединетите Американски Држави донесе нови снежни врнежи на североисток, додека југот е замрзнат, оставајќи...

Свет7 часа

Трамп: Иран сака договор

Доналд Трамп рече дека Иран сака да склучи договор, бидејќи американски носач на авиони и придружна борбена група пристигнаа на...

Свет7 часа

Британскиот премиер оди во Кина: „Нема да бирам меѓу две страни“

Премиерот Сер Кир Стармер изјави дека нема да биде принуден да „избира помеѓу“ својот однос со САД и со Кина,...

Европа7 часа

Францускиот парламент ја поддржа забраната за социјалните медиуми за лица под 15 години

Националното собрание на Франција во понеделник го поддржа законот со кој се забранува користењето на социјалните медиуми од страна на...

Регион7 часа

Црна Гора го затвори 13-то поглавје од преговорите со ЕУ

Црна Гора го затвори преговарачкото поглавје 32 – Финансиски надзор вчера, на Меѓувладината конференција меѓу Црна Гора и Европската Унија...

Македонија18 часа

Дрога чувана под шанк во кафеана: четири лица под истрага за илегална препродажба на марихуана и хашиш во Валандовско

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осомничен кој во временскиот период од октомври 2025 година...

Македонија22 часа

Во „Пулс“ влегол со билет за кој не добил фискална, никој не му побарал лична карта, а од стампедото го спасил обезбедувачот Столе, сведочеше Иван Данаилов

Дваесетипетгодишниот Иван Данаилов, гостин во „Пулс“ вечерта кога се случи пожарот, на денешното судење сведочеше дека во клубот влегол со...

Македонија22 часа

МВР ги објави казните за „Безбеден град“: што ќе се санкционира и колку ќе плаќаат возачите кои ќе направат прекршок

Во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот и доследна примена на законите, Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните...

Македонија22 часа

Николоски предлага три решенија за проблемот со шенгенските правила за превозниците

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на граничниот премин Блаце им даде поддршка на домашните транспортери, кои од денеска...

Македонија24 часа

Келнер, кој непријавен работел во „Пулс“, сведочи дека клубот имал само еден влез, имало малолетници, а пред пожарот со 63 жртви имало танчерки кои вртеле факели

Првиот сведок на Обвинителството, 20 – годишниот Кристијан Панов, на денешното судење за пожарот во кочански „Пулс“ во кој загинаа...

Македонија1 ден

Две монтажни катни гаражи добива Клиничкиот центар во Скопје, најави Орце Ѓорѓиевски

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска најави отпочнување на процесот за изградба на две монтажни катни гаражи во рамки...