Контакт

Економија

Стапката на сиромаштија во Македонија изнесува 27 отсто

Објавено пред

Стапката на сиромашни лица во Република Македонија во 2010 година изнесувала 27,3 отсто, објави во понеделникот Државниот завод за статистика (ДЗС), појаснувајќи дека пресметка била извршена по меѓународни стандарди.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за таканаречените Лаекен индикатори за сиромаштија базирани на Анкетата за приходи и услови за живеење која е спроведена според препораките на Европската унија. Извор на пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот на сиромаштијата е дефиниран на 60 отсто од медијалниот еквивалентен приход, се вели во соопштението на ДСЗ.Доколку од вкупните расположливи приходи на домаќинствата се исклучат социјалните трансфери каде што се  вклучени и пензиите, тогаш стапката на сиромашни лица е 42,8 отсто, доколку, пак, се исклучат само социјалните трансфери, таа изнесува 30,5 отсто, додека стапката на сиромаштија со вклучени социјални трансфери и пензии  изнесува 27,3 отсто.Анализирани по типови на домаќинства, најранливи се домаќинствата на двајца возрасни со три и повеќе издржувани деца, при што 36,5 отсто од лицата кои живеат во такви домаќинства се сиромашни.Според најфреквентниот статус на економска активност, стапката на сиромашни невработени лица изнесува 50,6 отсто, додека стапката на сиромашни вработени лица е 9,9 отсто. /крај/со/ап/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Мицкоски предлага пет различни потрошувачки кошнички: Не се исти потребите на еден пар пензионери и на еден млад брачен пар

Објавено пред

На првата седница Економско-социјалниот совет во кој ќе членуваат претставници на сите синдикати, ќе се разгледува нов начин на пресметување на минималната потрошувачка кошничка. Премиерот Христијан Мицкоски денес каже дека место досегашната пресметка на минималните трошоци за четиричлено семејство, тоа дека се прави за пет различни видови домаќинства.

dobivaj vesti na viber

„Претставниците на синдикатите, на работодавачите и на Владата на таа седница ќе разговараат и за потрошувачката кошничка која мислам дека треба да биде поделена во пет сегменти: потрошувачка кошничка за самец, потрошувачка кошничка за млад брачен пар, за тричлено семејство, за четиричлено семејство и потрошувачка кошничка за пензионери. Мислам дека во иднина треба да опфатиме анализа на пет потрошувачки кошнички затоа што потребите на луѓето се според возраста, се разбира, но исто така и потребите на луѓето се во зависност од бројноста, како е сочинета една заедница. Ова ќе биде мој предлог кој што сум го разговарал со академската фела и ова е предлог што сум го добил од таму у мислам дека е добар за разгледување и за дебата на тој Економско – социјален совет. Да имаме неколку потрошувачки кошнички бидејќи потребите на еден пар пензионери не се исти како на еден млад брачен пар или пак тричлено и четиричлено семејство или, пак, на самец“, рече премиерот Мицкоски.

Тој кажа дека е веќе завршен процесот на утврдување репрезентативност на синдикатите, пречка поради која не можеше да се одржи ниту седницата на која требаше да се разговара за барањето на синдикатот минимална тапата да биде 500 ерва. Премиерот очекува седницата на Економско – социјалниот совет да биде закажана во најскоро време.

Прикажи повеќе...

Економија

Дурмиши-Џабаров: средбата е мост кон јужниот гасен коридор, кон пазарите во Кавказот

Објавено пред

Министерот за економија Бесар Дурмиши, денеска оствари средба со официјална делегација од Република Азербејџан, предводена од министерот за економија Микаил Џабаров по повод одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји.

dobivaj vesti na viber

„Вашата посета денес не е само дипломатски гест, туку симболичен и суштински момент. Оваа годишнина е повод за сеќавање, но и можност за визија, да ја зацврстиме и продлабочиме нашата економска и стратешка соработка,“ истакна Дурмиши.

Во рамките на разговорите беше потенциран и интересот за соработка во рамки на енергетиката, земјоделството, туризмот, фармацијата, инфраструктурата и инвестициите во мали и средни претпријатија.

Дурмиши порача дека денешната средба претставува мост кон јужниот гасен коридор, кон пазарите во Кавказот и кон една заедничка, стабилна и економски поврзана иднина.

„Убеден сум дека ова е само почеток на едно ново, посилно партнерство,“ заклучи Дурмиши.

Прикажи повеќе...

Економија

Oхрабрува растот на извозот на земјоделски производи во првите 5 месеци, оценува Мицкоски

Објавено пред

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека според податоците на Државниот завод за статистика забележан е нагорен тренд на извозот на земјоделските производи и како Владата ќе ги задржи овие параметри на среден и на долг рок, изјави:

dobivaj vesti na viber

„Точно е тоа, имаме раст на извозот во првите пет месеци, од речиси шеесетина, близу седумдесет проценти, што е добро, охрабрувачки за земјоделците. Добро е и за државата, бидејќи e помал дефицит што се однесува до увозот на храна.

Нашиот фокус како Влада е да ги помагаме земјоделците, тие да произведуваат за да може и да извезуваат, но и да ги задоволат трпезите на македонските граѓани. Така ќе продолжиме и во иднина, со тоа што планираме тој систем на субвенционирање да биде насочен кон вистинските земјоделци. Кон оние коишто вистински произведуваат, а не кон оние малкумина коишто се обидуваат на грбот на земјоделците да профитираат. Така функциониравме и до сега, така ќе продолжиме да функционираме и понатаму.“

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минути

Претежно сончево и многу топло, максималната температура до 42 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен...

Македонија10 часа

ДУИ ги соопшти имињата за градоначалници и во Тетово и Желино, за Гостивар ќе чека предлог од Таравари, а за Струга од Села

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, свика редовна седница на Централното претседателство на партијата, на која беа...

Македонија10 часа

Бујар Османи ја објави кандидатурата за градоначалник на Чаир: „Не се работи за функција“

Бујар Османи од Демократската унија за интеграција (ДУИ) денес официјално ја објави својата кандидатура за градоначалник на општина Чаир. Одлуката,...

Македонија11 часа

Стабилизирана ситуацијата со пожарот кај Преспа, продолжува гаснењето во прилепско

Пожарот што избувна во близина на Преспанското Езеро е ставен под целосна контрола, информира директорот на Дирекцијата за заштита и...

Економија15 часа

Мицкоски предлага пет различни потрошувачки кошнички: Не се исти потребите на еден пар пензионери и на еден млад брачен пар

На првата седница Економско-социјалниот совет во кој ќе членуваат претставници на сите синдикати, ќе се разгледува нов начин на пресметување...

Македонија17 часа

(Видео) „Во мандатот на Шукова во МЖСПП бевме труени со отровен мазут, СДС и Каја губат во првиот круг“, вели Манасиевски

„СДС И Каја Шукова губат во прв круг, во мандатот на Шукова во МЖСПП бевме труени со отровен мазут. Кој...

Македонија17 часа

Зајкова: Ако некој пратеник мисли дека банките му се поважни од народот, нека излезе и нека каже – „гласав за банките, а не за народот”

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, повторно, по трет пат ќе ги поднесе измените...

Топ18 часа

Две скопјанки се истепаа во автокамп на Охридското Езеро, подоцна се вклучило уште едно лице

Вчера во 20:54 часот, во авто-камп лоциран на Охридското езеро, 31-годишната К.Д. физички ја нападнала 45-годишната Е.Р.А., двете од Скопје...

Топ19 часа

Маж од Србија пронајден мртов на охридското крајбрежје

Вчера во 19.41 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје, има починато...

Економија19 часа

Пониски цени на бензините од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија21 час

(Фото) Сиљановска-Давкова го прогласи отворен Летниот европски младински олимписки фестивал

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова вчеравечер го прогласи за отворен Летниот европски младински олимписки фестивал и рече дека организацијата на...

Свет22 часа

Односот меѓу Трамп и Путин се менуваше во текот на годините, сега се чека конечен резултат

Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна му даде на Владимир Путин 50 дена да постигне мировен договор и најави драстични трговски...

Свет23 часа

(Видео) Кина почнува со изградба на најголемата хидроелектрана во светот, Индија и Бангладеш загрижени

Кинескиот премиер Ли Чијанг го објави почетокот на изградбата на најголемата хидроелектрична брана во светот, која се наоѓа на источниот...

Европа23 часа

(Видео) Ноќен напад врз Киев: најмалку едно лице загина, чад влезе во подземно засолниште

Најмалку едно лице загина, а две други беа повредени во голем руски напад со беспилотни летала и ракети врз Киев...

Македонија24 часа

Изменет сообраќаен режим во наредните четири дена во Скопје кај кањонот Матка – реката Треска

Секторот за внатрешни работи Скопје ги известува граѓаните дека поради одржување на Европските младински игри Скопје 2025 во кајак на...

Македонија24 часа

(Видео) Спасувачка мисија на полицискиот хеликоптер во Струмичко

Вчера полициски хелиокптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици дејствуваше на пожар во Василево, село Нивичино. Поради разгорување...

Македонија1 ден

Следува период на многу топло време со температури над 40 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Минималната...

Македонија2 дена

(Видео) Лефков: Структури од СДС делуваат со бугарската антимакедонска пропаганда

До нас стигнаа информации кои укажуваат на јасна поврзаност на бугарската антимакедонска пропаганда и политички структури поврзани до и од...

Македонија2 дена

(Видео) Кузеска: Тошковски кога ќе порасне сака да биде како Груевски – со партиска милиција под своја контрола

Очигледно министерот Панче Тошковски оди по стапките на својот идол – Никола Груевски и делува како негов партиски клон, рече...

Економија2 дена

(Видео) Мицевски: Обезбедени се средства од двата повици на Владата за Крива Паланка, ВМРО-ДПМНЕ се грижи за сите општини и сите граѓани

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, денеска од Крива Паланка изјави дека преку двата повици на Владата, за...