Економија
Државите членки на ЦЕФТА ја продлабочуваат соработката
Продлабочување на соработка меѓу земјите членки на ЦЕФТА, со цел амортизирање на негативните влијанија од економската криза, договориле министрите за економија на државите од регионот, меѓу кои и македонскиот Ваљон Сараќини, на состанокот во Тирана.
Министерот Сараќини во своето излагање ја нагласи определбата на Република Македонија да ја зајакне соработката со земјите од Jугоисточна Европа, за побрз економски развој и поквалитетен живот на своите граѓани. „Со усвојувањето на Стратегијата ЈИЕ 2020, заради која сме собрани овде, се отвораaт нови можности за сите нас, во насока на поврзување на регионалните инцијативи со активностите на ЕУ и за создавање интервентна рамка за повеќекорисничката ИПА и другите заинтересирани донатори. Оваа Стратегија, која претставува чекор понапред во унапредување на економскиот развој и интеграција во Европската Унија, се базира на: интегриран раст, паметен, инклузивен и одржлив развој и управување за раст, конзистентно со стратешките потреби на регионот“,истакна Сараќини
Тој додаде дека на патот кон евро-атланските интеграции неопходно е истовремено да се следат и економските цели и стратегии на земјите од регионот, Европската Унија и пошироко.
Министрите постигнале договор за натамошна либерализација во трговијата со услуги; продолжување на процесот на либерализација во земјоделскиот сектор за земјите кои се’ уште применуваат квоти; имплементација на Проектот за мултилатералната мониторинг рамка за елиминирање на нетарифните бариери, за трговска логистика и надзор на пазарот, во соработка со ОЕЦД и Светска Банка; потребата од склучување на договори за меѓусебно признавање на резултатите од тестирањето на производите; понатамошно олеснување на царинските процедури; континуирано ажурирање на Трговскиот веб портал на ЦЕФТА; почитување на трговијата без граници и без ограничувања; изнаоѓање на начини за примена на дијагоналната кумулација на земјите членки; акцентирање на преговорите со ЕК во рамки на ССА за пристапување на Република Хрватска во ЕУ и назначување на Република Албанија за депозитар на ЦЕФТА. „Министерската декларација која е усвоена од сите економски министри од земјите од ЈИЕ, е само дел од заедничките стратегии кои ќе ни помогнат со заеднички сили се насочиме во надминување на негативните економски текови, што се резултат од светската финансиска и европската должничка криза, а за нејзино успешно имплементирање треба сите ние да се обврземе дека на регионално и на национално ниво ќе ги следиме нејзините поставени цели и индикатори“, изјави Сараќини. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.
Економија
Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Економија
Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
фото/Depositphotos

