Економија
Буџетот треба да поттикне раст и да ги заштити најранливите групи

Главна цел на предложениот буџет за 2013 година е да го поддржи економскиот раст и враќањето на македонската економија на патеката на раст и од друга страна да ги заштити најранливите категории на населението во услови на економска криза.
Ова во понеделникот го изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на почетокот на расправата по Предлог буџетот за 2013 година во собраниската комисија за финансирање и буџет.Според Ставрески, предложениот буџет за 2013 година е реален и соодветен одговор на европската и глобалната економија и случувањата во Европа и истакна дека поддршката за економскиот раст може да се види и во приходната и во расходната страна. Приходната страна за првпат е проектирана на ниво кое што не е повисоко од приходната страна на буџетот од претходната година. Тоа подразбира дека Владата предлага буџет во кој нема зголемување даноци, односно истите се задржуваат на идентично ниво со што Македонија ќе има и натаму најниски даноци во Европа. Тоа е директна поддршка за македонското стопанство и македонската економија бидејќи на тој начин се одржуваат ниски трошоци за компаниите, изјави Ставрески.Тој напомена дека развојната компонента на буџетот е изразена во високото ниво на капитални инвестиции, кои е планирано да бидат зголемени за 10,4 отсто во однос на годинешниот буџет. Кај социјалната заштита предвидени се средства за зголемување на пензиите по 550 денари и пет проценти зголемување на социјалната помош. Планирани се и 228 млн. денари за оперативниот план за вработување и за вработување деца без родители зголемување на капиталните расходи за 14,5 проценти со кои ќе се довршат градинки, реконструкција на центри за социјална заштита и дневните центри, информираше министерот.Тој додаде дека во буџетот за здравство најголем пораст има кај здравствените програми и здравствени заштити и услуги. Се очекува расправаа по владиниот предлог на буџетот во Собранието да трае неколку денови, со оглед дека се поднесени се 1.026 амандмани, од кои 528 на СДСМ и 460
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Одлука на Народната банка: Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот ќе изнесува 1,75 отсто и во третото тримесечје од 2026 година

Извршниот одбор на Народната банка донесе одлука да се задржи висината на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките кон клиенти од земјава на 1,75% од активата пондерирана според ризиците и во третото тримесечје од 2026 година.
Ваквата одлука е заснована на повеќе клучни показатели коишто не упатуваат на остварување на позначителни системски ризици. Беше заклучено дека банкарскиот систем според сите показатели е стабилен, со добра солвентност и ликвидност, ниска стапка на нефункционални кредити и солидна профитабилност. Во исто време се забележува одредено повторно забрзување на растот на цените на недвижностите и на станбените кредити, а понагласени се и ризиците од надворешното окружување. При вакви ризици, но при добра подготвеност на банкарскиот сектор за справување со евентуални шокови, се оцени дека стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот од 1,75% засега е соодветна на макрофинансиските услови и на состојбите во банкарскиот сектор, велат од НБ.
Народната банка и натаму внимателно ќе ги следи системските ризици и ќе ја оценува висината на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот на редовна квартална основа. Макропрудентната политика на Народната банка, како и досега, ќе биде насочена кон зачувување на отпорноста на банкарскиот систем и спречување или намалување на системските ризици, се додава во соопштението на НБ.
Економија
„Распад на енергетскиот систем: управата со измислени саботажи за РЕК ја покрива сопствената неспособност!“, велат од СДСМ

„После 10 дена од испаѓањето на РЕК Осломеј од мрежа, и најавите на неспособното раководство на ЕСМ дека истиот во рок од 48 часа ќе биде вратен на мрежа, сведоци сме дека РЕК Осломеј сеуште не произведува струја, а неспособното раководство прави неуспешни обиди од неуспешните обиди“, велат од СДСМ.
„Денес, сведоци сме дека после нецела година, неспособното раководство на ЕСМ, секојдневно го упропастува енергетскиот систем со несоодветно управување, цела РЕК Битола не е на мрежа, поради пожар во командниот ормар од нередовно чистење и не одржување, и за да го оправдаат своето неспособно раководење, прават сензации со наводни саботажи и заплашување на вработените.
Може слободно да заклучиме дека токму поради неспособноста на раководството на ЕСМ, оставка си даде и претседателот на надзорниот одбор на ЕСМ и директорот на правниот сектор, не сакаат да бидат дел од бродот што тоне.
Ги повикуваме и останатите членови на Управниот Одбор на чело со Лазо Узунчев да бидат совесни и разумни и навремено да си поднесат оставки, да не го упропастуваат ЕСМ, бидејќи за истото ќе одговараат“, соопшти СДСМ.
Економија
Објавен огласот за обука кај конкретен работодавец за месечен надомест од 12.000 денари

Во Штип денеска се одржа информативен ден за запознавање на јавноста со мерките од Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година.
Пред претставниците од стопанските комори, здруженија на млади и голем број на заинтересирани граѓани, пратеници и претставници на локалните самоуправи од Штип и регионот, мерките од планот ги презентираа заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, градоначалникот на Свети Николе, Дејан Владев, директорката на Агенцијата за поддршка на претприемништво, Даниела Димовска и заменик-директорката на Агенцијата за вработување, Весна Пешова.
Заменик-министерот Ристески покрај за трите јавни повици кои беа објавени во текот на вчерашниот ден поврзани со мерката – Поддршка за самовработување (претприемништво), се осврна и за јавниот повик за третата мерка Обука на работно место кај конкретен работодавач.
„Вчера Агенцијата за вработување го распиша и четвртиот јавен оглас за мерки од Оперативниот план за вработување, а тоа е дел од обуките кои се реализираат со планот. Станува збор за подмерката „Обука на работно место кај конкретен работодавач“ со која на невработените лица им се овозможува обука во времетраење до (3) месеци во работните простории на работодавачите согласно Програма за обука. Во овој период на невработеното лице ќе му биде исплатен месечен паричен надомест од 12.000 денари месечно со вклучено осигурување и данок на личен доход за времетраењето на обуката до 3 месеци, додека работодавачот има обврска да вработи најмалку 50% од вклучените лица во обуката со полно работно време во траење од најмалку 3 месеци. На работодавачот ќе му биде исплатен еднократен износ од 25.000 денари по обучено лице позавршена обука“, кажа Ристески.
Тој додаде дека целта на оваа мерка од Оперативниот план е невработените лица да се стекнат со вештини за извршување на работните задачи во согласност со потребите на работодавачот,а со тоа и да се овозможи нивно вработување во истите компании. Оваа мерка ќе опфати 245 невработени лица, со фокус на корисници на гарантиранаминималнапомош, жени, Роми, млади до 29 години, лица со попреченост и долгорочно невработени.
Градоначалниците на Штип и Свети Николе Јорданов и Владев ги поздравија мерките од Оперативниот план за вработување и ги повикаа сите заинтересирани невработени лица – активни баратели на работа да аплицираат и да ги искористат поволностите од мерките од Оперативниот план.
Јавните повици за мерката самовработување (претприемништво) траат до 20 јуни (петок), додека повикот за Обука на работно место кај конкретен работодавач трае до 30.11.2025 година.