Економија
Владата укинува и намалува царини за повеќе производи
Укинување или намалување на царинските стапки репроматеријали за резерви автомобилски делови, полиетиленски фолии, алатни машини, железнички товарни вагони и автобуси, најави во неделата македонската влада.
Овие укинувања и намалувања како директна поддршка на пет стопански гранки ќе стапат на сила стануваат од први јануари 2013 година.Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на денешната пресконференција истакна дека ова мерка се прави во функција на подобрување на условите за стопанисување на домашните производители, развој на индустријата и поголем извоз на странските пазари.“Преку значително намалување и укинување на царинските стапки Владата директно ќе им помогне на пет-шест сектори што се значајни за македонската индустрија, кои во вакви околности кога се соочуваат со предизвиците на европската и светската економска криза и очекуваат поддршка од Владата. Како и досега излегуваме во пресрет и продолжуваме со мерки што се добри за стопанството бидејќи значат помало оптоварување на фирмите“, рече Ставрески. Тој информираше дека се укинува стапката од 15 отсто за облоги и плочки за кочници, фрикциони производи и други делови од нетемперирано леано железо со цел да им се помогне на фирмите кои произведуваат автомобилски делови.Во металопеработувачката индустрија за над 105 производи, пред се алатни машини, се намалуваат стапките кои досега изнесуваа пет отсто повеќе. Намалување на царините ќе има и за транспортниот сектор со цел обнова на возниот парк и намалување на трошоците на транспортните компании, а се намалуваат и царините за автобусите и минибусите од прва категорија од 10 проценти на 5 проценти, додека царините за автобусите и минибусите од втора категорија се намалуваат од 15 на пет отсто. Царините за вагоните и цистерните пак, кои досега изнесуваа четири отсто, сега се укинуваат, како директна поддршка за компаниите од транспортниот сектор во патниот и железничкиот сообраќај.Измени има и кај царинските стапки за фолии од полиетилен, што делумно се употребуваат во прехранбената индустрија и во графичката индустрија кај копир апаратите, каде се укинува целосно стапката што досега изнесуваше шест отсто.Директорот на Царинската управа на Македонија, Ванчо Каргов информира дека фискалните импликации од намалувањата изнесуваат околу 30 милиони денари на годишно ниво. “Ќе продолжиме и понатаму да согледуваме кои се местата во оваа област за да се продолжи со намалување и елиминирање на царинските стапки, пред се за зголемување на конкурентноста на нашето стопанство и истовремено да не се оштети некој друг сектор што веќе постои во македонија“, рече Каргов. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање
„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.
Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.
„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.
„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.
Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.
Економија
МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.
Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.
Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.
Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.