Економија
Инфлацијата во ноември забави на 4,6 отсто
Индексот на трошоците на живот, клучниот показател за движењето на инфлацијата, во ноември изнесува 4,6 отсто во однос на истиот месец лани, објави во понеделникот Државниот завод за статистика.
Ова претставува благо забавување на годишната стапка на инфлацијата, откако во претходните два месеци таа неочекувано се искачи на 5,3 отсто.И покрај намалувањето на стапката на инфлацијата во ноември, таа сеуште е над проекциите на монетарните и фискалните власти.Гледано на месечно ниво, индексите на цените на мало и на трошоците на живот се непроменети.Зголемување на цените е забележано кај месото, млекото и кондиторските производи за 1,5 отсто, јајцата за 1,2 отсто, преработките од месо за 0,9 отсто, тестенините и преработеното овошје за 0,6 отсто, сушеното овошје за 0,5 отсто, преработките од зеленчук, рибата и преработките од млеко за 0,3 отсто.Во ноември, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај обувките за 3,9 отсто, течните горива и гасот за домаќинствата за 1,9 отсто, облеката за 0,9 отсто, садовите и приборот за домаќинство и козметичките производи за 0,5 отсто, услугите за сместување за 0,4 отсто и средствата за хигиена за 0,3 отсто.Намалување на индексот на трошоците на животот во ноември, во споредба со претходниот месец е забележано кај овошјето за 4,7 отсто, зеленчукот за 4,6 отсто и мастите за 2,1 отсто.Во ноември, намалување на индексот на трошоците на животот, исто така, е забележано и кај нафтените деривати за 1,5 отсто, мебелот за 0,8 отсто и безалкохолните пијалаци за 0,3 отсто. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

