Контакт

Економија

Инфлацијата во ноември забави на 4,6 отсто

Објавено пред

Индексот на трошоците на живот, клучниот показател за движењето на инфлацијата, во ноември изнесува 4,6 отсто во однос на истиот месец лани, објави во понеделникот Државниот завод за статистика.

Ова претставува благо забавување на годишната стапка на инфлацијата, откако во претходните два месеци таа неочекувано се искачи на 5,3 отсто.И покрај намалувањето на стапката на инфлацијата во ноември, таа сеуште е над проекциите на монетарните и фискалните власти.Гледано на месечно ниво, индексите на цените на мало и на трошоците на живот се непроменети.Зголемување на цените е забележано кај месото, млекото и кондиторските производи за 1,5 отсто, јајцата за 1,2 отсто, преработките од месо за 0,9 отсто, тестенините и преработеното овошје за 0,6 отсто, сушеното овошје за 0,5 отсто, преработките од зеленчук, рибата и преработките од млеко за 0,3 отсто.Во ноември, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај обувките за 3,9 отсто, течните горива и гасот за домаќинствата за 1,9 отсто, облеката за 0,9 отсто, садовите и приборот за домаќинство и козметичките производи за 0,5 отсто, услугите за сместување за 0,4 отсто и средствата за хигиена за 0,3 отсто.Намалување на индексот на трошоците на животот во ноември, во споредба со претходниот месец е забележано кај овошјето за 4,7 отсто, зеленчукот за 4,6 отсто и мастите за 2,1 отсто.Во ноември, намалување на индексот на трошоците на животот, исто така, е забележано и кај нафтените деривати за 1,5 отсто, мебелот за 0,8 отсто и безалкохолните пијалаци за 0,3 отсто. /крај/со/ап/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

АДСДП ќе ѝ предложи на Владата намалување на закупнините

Објавено пред

АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката- Скопје ќе ѝ предложи на Владата намалување на закупнината на деловните простории на Друштвото, и тоа во целиот период на траење на мерките за заштита и превенција од коронавирусот.

На овој начин, велат од АДСДП, закупците на угостителски објекти би плаќале 30% пониска закупнина на месечно ниво , а сите останати 20% пониска закупнина.

Предлог мерката беше договорена на состанок меѓу дел од закупците и раководството на Друштвото, а на кој генералниот директор Кристијан Трајковски беше информиран за состојбата и последиците со кои што се соочуваат.

Ваквото олеснување ќе можат да го користат само клиентите кои ќе ги подмират финансиските обврски, односно да не должат закупнина повеќе од три месеци, а правото ќе можат да го остварат и сите идни закупци кои ќе склучат договор за користење на деловен простор во сопственост на АДСДП.

Прикажи повеќе...

Економија

ОЕЦД извештај за Западен Балкан: Македонија со најдобра бизнис клима во регионот

Објавено пред

Република Северна Македонија има најповолна бизнис клима во регионот, а исто така во однос на другите земји има помалку фискални ризици. Ова се главните поенти за нашата земја во извештајот на ОЕЦД за Западен Балкан насловен „Government at a glance: Western Balkans 2020”. Во извештајот се нотира дека земјава е регионален лидер во обезбедување на поволна бизнис клима и има подобри резултати во однос на просекот на земјите од ОЕЦД и од просекот на земјите на ОЕЦД кои членки на ЕУ.

Исто така, се наведува дека од сите земји од Западен Балкан многу поретко се вклучуваат во дијалог со проватниот сектор, со исклучок на Република Северна Македонија која одржува дијалози на редовна основа.

Министерката за финансии Нина Ангеловска, денеска учествуваше на онлајн промоцијата на извештајот, кој се изработува за прв пат од ОЕЦД и содржи над 40 индикатори кои се однесуваат на јавна администрација, јавни финансии, буџетски пракси и процедури, јавни набавки, дигитална влада итн. Ангеловска посочи дека земјата ја дочека кризата со здрав финансиски систем и стабилизиран државен долг, понизок за околу 10 процентни поени во однос на просекот на земјите од регионот како и дека покрај кризата, се работи на реформите согласно Стратегијата за реформи во јавните финансии. Таа посочи и дека мерките засправувањето со КОВИД-19 кризата се дизајнирале многу внимателно, таргетирано и со јасни цели и очекувани ефекти за да го дадат максималниот ефект со ограничените ресурси, водејќи сметка за фискалниот простор.

„Дизајниравме 3 обемни пакети антикризни мерки кои вклучуваат даночни олеснувања, субвенции на плати, ваучери и платежни картички кои ја поддржуваат приватната потрошувачка, финансиска поддршка за инвестициите и конкуретноста итн..Овие мерки играа значајна улога во справувањето со кризата, а повторно успеавме да задржиме фискален простор доколку треба за дополнителни интервенции“, рече Ангеловска.

Таа истакна дека во меѓувреме Министерството за финансии има значаен прогрес во зајакнување на транспареноста преку новите алатки кои беа објавени во изминатиот период, како и во подготовката на новиот закон за буџети и техничката спецификација на интегрираниот систем на управување со јавни финансии кој ќе воведе целосно реформирање и модернизирање на процесите во управувањето со јавните финансии.

На презентацијата учествуваше и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, како и министри за финансии од другите земји опфатени со извештајот, преставници од Директоратот за проширување на Европската унија, како и други високи претстваници.

Прикажи повеќе...

Економија

ЕБОР и ЕУ ќе го зголемат финансирањето на мали и средни претпријатија на Западен Балкан

Објавено пред

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската Унија (ЕУ) ја зголемуваат поддршката на малите и средни претпријатија (МСП) на Западен Балкан, со дополнително финансирање по појавување на пандемијата на коронавирусот.

Банката ќе обезбеди до 70 милиони евра нови кредитни линии за партнерските финансиски институции за натамошно кредитирање на локалните бизниси во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.

ЕУ ги дополнува овие средства со 15 милиони евра, кои се наменети за идентификување на најдобрата достапна опрема и технологија, со цел да обезбеди зголемување на конкурентноста на МСП и поддршка на транзицијата кон зелената економија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Владата итно ќе одлучува за ПЦР-тестот за патници од регионот

Премиерот Оливер Спасовски информира дека Комисијата за заразни болести ѝ препорачала на Владата од утре при влез во нашата земја...

Регион2 часа

Белград по синоќешниот хаос – запалени автомобили, смет, скршени стакла

Заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, објави на „Фејсбук“ фотографии од хаосот што остана на улиците на Белград по синоќешните немири....

Регион3 часа

(Видео) Демонстрант во Белград: Тато, ова е за тебе затоа што почина бидејќи немаше респиратор

Новинарка на телевизијата „Н1“ пред српскиот парламент ја сними шокантната исповед на Петар Ѓуриќ, син на познатиот уметник Љубиша Ѓуриќ,...

Регион4 часа

(Видео) Полицијата со палка тепа момчиња што мирно седат на клупа во Белград

Полицијата во Белград, по неколкучасовни масовни протести, почна да ги тепа луѓето, дури и оние што седат мирно. Како што...

Македонија4 часа

ИЈЗ: Намалување на бројот на новозаболени и починати, зголемување на бројот на оздравени

Неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 29 јуни до 5 јули 2020 година бележи намалување на...

Свет5 часа

Мистериозен синдром поврзан со коронавирусот предизвикува оштетување на мозокот кај децата

Коронавирусот може да предизвика големи невролошки проблеми кај некои деца, откриле научниците. Иако на младите им е полесно да се...

Свет6 часа

(Видео) Автобус полн со матуранти во Кина падна од мост во езеро, најмалку 21 загинат и 15 повредени

Најмалку 21 човек загина, а 15 се повредени кога автобус излета од патот и падна во езеро во Кина. Автобусот...

Свет6 часа

Во САД над 3 милиони заразени со Ковид-19

Бројот на заразени со коронавирус во САД надмина три милиони, сè повеќе сојузни држави бележат рекорден број нови случаи, а...

Македонија6 часа

Задолжителен тест за граѓаните на Србија, Косово, БиХ и на Црна Гора при влез во земјата, препорача Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести утрово одржа состанок, на кој донесе одлука да достави предлог до Владата од утре при влез...

Регион6 часа

(Видео) Солзавец и оклопни возила на протестите во Белград по најавата за нов полициски час

Полицијата во Белград утрово успеа да ги растера демонстрантите што од синоќа протестираа по најавата на претседателот на Србија, Александар...

Свет18 часа

СЗО: Епидемијата се забрзува, се појавуваат докази дека вирусот се пренесува преку воздух

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека епидемијата на коронавирус се забрзува и дека се појавуваат докази за пренесување на Kовид-19...

Регион21 час

Србија го враќа полицискиот час, забрана за движење од петок до понеделник

Од утре во Србија ќе биде забрането собирање на повеќе од пет луѓе во отворен и затворен простор, а од...

Македонија22 часа

ДИК ќе прави симулација на изборниот ден во услови на пандемија

Државната изборна комисија утре ќе спроведе симулација на процесот на гласање под посебните протоколи поради пандемијата на коронавирус. Симулацијата ќе...

Регион1 ден

Грчки медиуми: Повеќето од туристите од Србија се позитивни на Ковид-19

Грчките медиуми пренесуваат дека повеќето од туристите од Србија се позитивни на Ковид-19, а тоа е и половина од новите...

Македонија1 ден

Нови 120 заболени и петмина починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.367 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на...

Македонија1 ден

(Видео) Со цитати од Конески и Мартиновски, Ципрас упати поддршка до Заев

Претседателот на грчката партија СИРИЗА и поранешен премиер на Грција, Алексис Ципрас, упати видеопорака со поддршка на претседателот Зоран Заев,...

Македонија1 ден

Јово Вангеловски обвинет за злоупотреба на службената положба

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен предлог против поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски,...

Македонија1 ден

Заболените од коронавирус и оние во самоизолација до утре може да се пријават за да гласаат

Утре истекува рокот за пријавување на лицата што се позитивни на Ковид-19 или се во домашна изолација, а кои сакаат да гласаат...

Свет1 ден

Шведска, сепак, воведува мерки против коронавирусот

Во Шведска денеска стапуваат во сила строги правила за почитување на мерките за физичка дистанца во угостителските објекти. Минималното растојание...

Македонија1 ден

Филипче: На денот на изборите ќе биде безбедно да се гласа

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, истакна дека во изминатите четири месеци тој и колегите од Комисијата за заразни...

Досие