Економија
Германија ќе го урамнотежи буџетот веќе во 2012г, две години пред планираното
Германското министерство за финансии во понеделникот објави дека буџетска рамнотежа ќе биде постигната веќе оваа година, односно две години пред очекуваното.
Според претходно зацртаната цел, државниот буџет требаше да биде врамнотежен до 2014 година. Но, втемелено на нашите ажурирани проекции, Германија ќе постигне урамнотежен буџет веќе во 2012 година, стои во денешното соопштение на министерството за финансии.Подобрувањето на состојбите во државниот буџет им се припишува на зголемените приходи од даноци и намалените трошоци на финансирање поради ниските каматни стапки.„Темелено на сегашните претпоставки, вкупниот буџетски дефицит годинава, според критериумите од договорот во Мастрихт, ќе биде сведен на нула.Германската економија засега прилично добро се држи, останувајќи нечепната од тешката должничка криза, која многу нејзини соседи ги втурна во рецесија. Невработеноста во германија е на ниско ниво, што значи дека даночните приходи се силни, а издатоците за надомест за невработеност се ниски.Додека многу презадолжени држави се погодени со високи трошоци на задолжување, Германија профитираше и нејзините трошоци за задолжување се исклучително ниски.Германскиот буџет би можел дури во наредните две години да искаже суфицит од 0,5 отсто од БДП. /крај/х/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

