Економија
Силнo заздравување на продажбата на автомобили во САД
Продажбата на автомобили во САД достигнала во ноември највисоко ниво за тој месец во последните пет години, најавувајќи подобрување откако во октомври резултатите ги задуши ураганот Сенди.
Во ноември во САД се продадени 1,14 милиони возила, 15 отсто повеќе отколку во истиот месец 2011 година и воедно најмногу во ноември од 2007 година досега, кога рецесијата предизвика драматичен пад на побарувачката и доведе до стечај на автомобилските гиганти „General Motors“ и „Chrysler“.
Продажбата на компаниите „Ford Motor“, „Honda Motor“ и „Nissan Motor“ ги надминаа очекувањата, додека „Chrysler Group“, „Toyota Motor“ и „Hyundai Motor“ објавија за силно зголемување за коешто челниците на автомобилската индустрија и инвеститорите предвидуваат дека ќе продолжи до крајот на 2012 година.
„General Motors“, пак, го разочара пазарот, при што од водечкиот американски производител на автомобили порачаа дека послабо од конкуренцијата го искористија заздравувањето во ноември по разорното пустошење на ураганот Сенди, имајќи предвид дека во погодениот регион остваруваат само мал дел од продажбата. Исто така, помалку се потпирале и на поттикнувањата.
Продажбата на возила е меѓу показателите коишто на самиот почеток од месецот ја покажуваат состојбата на личната побарувачка. Имајќи ги предвид подобрувањата на пазарот на недвижнини и подобрената доверба на потрошувачите, челниците во автомобилската индустрија искажуваат оптимизам во врска со почетокот на следната година.
„Што се однесува на ситуацијата во целите САД, видливо е заздравувањето на пазарот на недвижнини за што зборевме минатиот месец и охрабрувачките нови податоци за расположението на потрошувачите од ред се позитивните фактори“, го цитира Reuters заклучокот на Курт Мекнил, потпретседател во „General Motors“ за продажба во САД.
Мекнил не сакал да даде конкретни прогнози за 2013 година, додека Конгресот и Белата куќа не постигнат договор со кој ќе се тргнат заканите за буџетската криза и заштеди од вкупно 600 милијарди долари низ автоматското зголемување на даноците и намалувањето на расходите./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

