Економија
Јанакиески: Новата трансевропска транспортна мрежа да се прошири кон ЈИЕ
Европската унија(ЕУ) и нејзините членки да направат напори да го поддржат создавањето на услови за проширување на новата трансевропска транспортна мрежа кон Југоисточна Европа.
Ова во вторник, во обраќањето на осмата годишна министерска конференција за развој на транспортната мрежа на Југоисточна Европа – „Транспортна опсерваторија на Југоисточна Европа“ (SEETO) во Загреб, го побара македонскиот министер за транспорт и врски МИле Јанакиески.
Според него, на тој начин би се добила и поголема поддршка за имплементирање на капитални инфраструктурни проекти во земјите од регионот со цел подобра регионална поврзаност и подобро одвивање на превозот.
Во своето обраќање на првата сесија на министерската конференција, министерот Јанакиески ги претстави капиталните проекти за изградба и обновување на железничката и патната инфраструктура во Република Македонија.
„Како резултат на посветената работа на Владата на Република Македонија, во 2011 година успеавме да ја комплетираме изградбата на автопатската делница на Коридорот 10 Куманово – Табановце и да се изгради нов аеродром во Скопје и целосно да се модернизира аеродромот во Охрид согласно сите најнови стандарди, што претставува целосна инвестиција од приближно 240 милиони евра“, рече Јанакиески.
Тој се осврна и на проектите кои се имплементираат во делот на патната и железничката инфраструктура, како што е изградбата на нов автопат на делницата Демир Капија – Смоквица и изградбата на пруга долж Коридорот 8 од Куманово до Крива Паланка во рамките на што се користат и средства од европските финансиски инструменти при што побара поддршка и за реализација на проект за железничката делница од Крива Паланка до границата со Република Бугарија.
На годинешниот состанок присуствуваат делегации претставени на високо ниво од сите земји во регионот, како и од Европската Комисија, земји-членки на Европската Унија, меѓународни финансиски институции и различни организации од областа на транспортот.
Транспортната опсерваторија на Југоисточна Европа е регионална транспортна организација, формирана со Меморандумот за разбирање потпишан во 2004 година од страна на повеќе влади и Европската Комисија, чија цел е да промовира соработка за развој на главна и помошна инфраструктура на мултимодалната мрежа и да се промовира и зајакне локалниот капацитет за имплементација на инвестициони програми. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

