Економија
Словачка ја укинува единствената даночна стапка
Словачка се подготвува да ја укине единствената даночна стапка од 19 отсто во тешкиот економски период, па така од 2013 година нејзините богати граѓани, политичари и претпријатијата ќе плаќаат поголеми даноци.
Парламентот на Словачка во којашто мнозинството го има коалицијата на левиот центар предводена од премиерот Роберт Фицо во вторникот ја зголеми стапката на добивка на 23 отсто, а данокот на доход на граѓаните коишто заработуваат повеќе од 3.300 евра месечно на 25 отсто. Граѓаните со пониски примања и натаму ќе плаќаат данок по стапката од 19 отсто.
Политичарите на високи функции, вклучувајќи ги и претседателот на државата, премиерот, министрите и пратениците во парламентот, исто така, ќе плаќаат данок од пет отсто на платите во рамките на пакетот мерки на Фицо кој треба да ги зголеми буџетските приходи и да го намали буџетскиот кусок.
Освен зголемувањето на данокот на добивка и на приходот на богатите граѓани, мерките вклучуваат и поголеми даноци за банките, како и измени во пензискиот систем на земјата.
Министерот за финансии, Петер Казимир, вети подлабоко намалување на потрошувачката во 2013 година, за да се надомести неочекуваниот кусок од 250 милиони евра од падот на даночните приходи и забавувањето на словачката економија.
Премиерот Роберт Фицо, чијшто мандат започна во април 2012 година, има намера до следната година да го сведе годинешниот проценет буџетски кусок од 4,6 отсто од бруто домашниот производ (БДП) на дозволеното ниво во еврозоната од најмногу 3 процента од БДП-то.
Словачка влезе во Европската унија во 2004 година, а еврото го воведе во 2009 година. Се смета дека единствената даночна стапка од 19 отсто која беше воведена при влезот во ЕУ, придонесе за економскиот успех на ова поранешна комунистичка држава, привлекувајќи странски инвестиции, во прв ред во автомобилската и во електроничката индустрија.
Така неколку индустриски произведувачи на електорничка опрема и на автомобили во тој период донесоа одлуки да го прошират своето производство во Словачка. Модерни фабрики таму имаат германски „ Volkswagen“, јужнокорејската компанија „KIА“, и француски „PSA Peugeot Citroen“.
Иако според процените на Европската комисија, Словачка годинава би требала да забележи највисока стапка на растот меѓу 17-те членки на еврозоната, од 2.6 отсто, со тоа сепак растот се предвидува дека ќе биде забавен во однос н а3,3 отсто колку што изнесуваше минатата 2011 година, и 4,2 проценти во 2010 година.
Словачката економија многу зависи од извозот во остатокот од Европа, особено во Германија./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.
Економија
Биткоинот забележа силен пад
Цената на биткоинот денеска падна под 67.000 долари, првпат од ноември 2023 година, во услови на засилена распродажба и намалена доверба кај инвеститорите, објави Си-Ен-Би-Си.
Биткоинот се тргуваше по цена од околу 67.500 долари, откако претходно во текот на денот падна под психолошката граница од 70.000 долари, што дополнително ја засили распродажбата. Само оваа недела вредноста на криптовалутата е намалена за околу 20%, а во однос на рекордното ниво од октомври минатата година е пониска за речиси 47%.
Аналитичарите предупредуваат дека нивото од 70.000 долари претставува клучна техничка и психолошка граница и дека нејзиното пробивање отвора простор за понатамошен пад, потенцијално кон опсегот од 60.000 до 65.000 долари.
Падот на биткоинот се случува паралелно со слабеењето на технолошките акции во САД и зголемените присилни ликвидации на криптопазарот. Според податоци на Coinglass, оваа недела се ликвидирани повеќе од 2 милијарди долари во долги и кратки позиции.
Во исто време, институционалните инвеститори се повлекуваат. Аналитичката куќа CryptoQuant наведува дека побарувачката од институционални инвеститори значително се намалила. Другите криптовалути исто така бележат значителни загуби.
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

