Економија
Ставрески:Македонија со Јужен тек ја обезбедува својата енергетска иднина

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, на официјална покана од Руската Федерација, во петок присуствува на свеченото одбележување на почетокот на градбата на гасоводот „Јужен тек“ што се одржува во Анапа, Русија.
„Денешниот настан – почетокот на градба на најголемиот коридор за пренос на гас, Јужен тек е значаен момент за Европа. Исто така, ова е важен настан и за Република Македонија. Задоволен сум што успеавме во напорите, што нашите залагања вродија со плод и Македонија е вклучена во овој проект уште од самиот почеток заедно со другите земји. Денес сме тука на поставувањето на камен-темелникот на Јужен тек и така ќе биде во сите фази од реализацијата на овој проект“, истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.
Вицепремиерот Ставрески посочува дека со влегувањето на Македонија во овој проект ќе се обезбеди стабилно снабдување со гас, но исто така ќе се обезбеди енергетската иднина на нашата земја.
„Она што е за нас значајно за Република Македонија е тоа што со овој проект ќе обезбедиме стабилно снабдување со гас. Наместо сегашната цевка која има помал капацитет ќе се овозможи поголем капацитет, односно поголема понуда на гас. Ова е значајно за иднината, за следните 30 до 40 години сигурно снабдување со гас за сите стопански капацитети, но и за домаќинствата. Република Македонија со ова ја обезбедува својата енергетска иднина – обезбедува стабилно снабдување со енергенс и е вклучена во главниот меѓународен коридор на гас кој ќе ја обезбедува цела Европа“, вели министерот Ставрески.
Вицепремиерот истакна дека економските придобивки од Јужен тек за Македонија се многукратни.
„Ќе бидеме сигурни дека имаме обезбедено доволна количина на гас, а со набавката на поголеми количини ќе можеме да го добиеме истиот и по подобра цена. Ја обезбедуваме енергетската иднина на државата со еден квалитетен енергенс и евтин енергенс“, вели министерот Ставрески.
На денешната церемонија на која ќе се обрати и претседателот на Руската Федерација Владимир Путин, како и претседателот на рускиот гигант Газпром Алексеј Милер официјално ќе се одбележи почетокот на градбата на Јужен тек.
Рускиот гас кон Централна и Јужна Европа ќе протече во 2015 година. Капацитетот на гасоводот е 63 милијарди метри кубни годишно или 14% од вкупните потреби на Европа. Македонија со добивањето на нацрт-спогодбата од Руската федерација во јули годинава, официјално влезе во проектот Јужен тек. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Мицкоски: Имаме раст на извозот, градежништвото и туризмот гарантираат раст на БДП и подобар стандард на граѓаните

Во одговор на новинарско прашање, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека увозот е многу помал за околу 8% во евра, или за 12-13% во долари, додека пак извозот е во пораст во евра 23%, додека пак во долари е 28%.
„Ако ги споредите првите два месеци април и мај од оваа година, со првите два месеци април и мај од 2024 година, длабоки анализи правиме, ќе видите дека за 80 милиони долари е намален трговскиот дефицит, а тоа е цели 13% и тоа ќе учествува во БДП. Ако на тоа се додаде растот на индустриското производство коешто е во просек за април и мај, првите два месеци од вториот квартал 5,5%, а само во мај 9,4%’’, истакна Мицкоски.
Мицкоски додаде дека растот на туризмот и градежништвото, ќе доведат до зголемување на животниот стандард на граѓаните, но и зголемување на бруто домашниот производ.
„Растот на туризмот повеќе од 20%, инвестициската активност повеќе од 15%, растот и бумот во градежниот сектор, сето тоа нас ни гарантира еден успешен резултат за БДП во вториот квартал којшто очекувам да продолжи и во третиот и четвртиот квартал’’, заклучи Мицкоски.
Економија
Македонската „Green Machines“ ја зацврстува дистрибутивната мрежа во САД

Green Machines на БРАКО, познат по своите иновативни еколошки возила за чистење на јавни површини, бележи сериозен раст на американскиот пазар со мрежа на реномирани дистрибутери низ повеќе од 30 американски сојузни држави.
Најнов партнер е компанијата Mar-co Equipment од регионот на Лос Анџелес, која стана ексклузивен дистрибутер за Јужна Калифорнија.
Моментално, Green Machines има дистрибутери во следниве американски држави:
Owen Equipment – Вашингтон, Орегон, Северна Калифорнија, Невада, Ајдахо, Монтана, Јута, Колорадо, Ново Мексико
Industrial Disposal Supply – Тексас
Mar-co Equipment – Јужна Калифорнија
United Rentals – достапен низ сите држави и територии на САД
Grainger – достапен низ целата територија на САД
Equipment Depot – Луизијана, Мисисипи, Кентаки, Индијана, Охајо, Пенсилванија, Масачусетс, Конектикат, Њу Џерси, Мејн, Вирџинија, Милвоки, Висконсин, Флорида, Орегон, Вашингтон
Van Keppel – Канзас, Арканзас, Илиноис, Висконсин, Ајова
Овој успех претставува уште еден доказ за конкурентноста на македонскиот индустриски производ и неговата технолошка супериорност. Со новите дистрибутерски партнери, Green Machines продолжува да ја шири својата глобална визија за почисти, поеколошки и поефикасни урбани средини.
ПР текст
Економија
Муцунски: Владините политики за извоз даваат резултати – раст од 23,44 отсто во мај

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово на социјалните мрежи сподели податоци за кои рече дека го потврдуваат ефектот од економските политики на Владата, при чија реализација значајна улога има и Министерството што го предводи. Статистиката покажува стабилни и позитивни трендови во извозот, дури и во услови на стагнација на европскиот пазар.
Според објавените податоци, македонскиот извоз во мај 2025 бележи раст од 23,44 проценти, додека за првите пет месеци од годината порастот изнесува 3,15 отсто. Во истиот период, увозот е зголемен за само 1 отсто, што упатува на стабилен трговски биланс и позитивно салдо.
„Податоците укажуваат на значително поголем извоз од увоз – што значи повеќе свеж капитал во државата, зајакната девизна позиција и дополнителен поттик за економски раст. Зголемениот извоз отвора нови работни места, го зајакнува домашното производство и ја зголемува конкурентноста на македонските производи“, напиша министерот Муцунски.