Економија
ILO: Невработеноста во светот повеќе на штета на жените
Невработеноста повеќе ги погодува жените отколку мажите, се наведува во извештајот Меѓународната организација на трудот (ILO) во вторникот во Женева подготвен во соработка со Организацијата на жените при Обединетите нации.
Од 2002 до 2007 година, стапката на невработеност кај жените на светско ниво изнесувала 5,8 отсто, наспроти 5,3 проценти кај мажите. Кризата што следеше од 2008 година почнувајќи во САД, уште повеќе ја продлабочи таа разлика за „0,5 до 07 отсто и уништи 13 милиони работни места на кои биле вработени жени“, се наведува во извештајот.
Авторите на студијата пишуваат дека на повидок нема никакви можности ваквата ситуација да се подобри идните години.
Од избувнувањето на глобалната криза во 2009 година, во светот се загубени 29 милиони работни места, а во 2013 година се очекува дополнитело губење на уште 2,5 милиони работни места.
„Жените придонесуваат на економијата и производството на светско ниво, меѓутоа поради низа пречки не можат да го остварат својот целосен стопански потенцијал“, изјави Мишел Бачелет, поранешната претседателка на Чиле, во моментов директорка на организацијата на ОН за жените.
Извештајот покажува дека невработеноста ги погаѓа најмногу жените во земјите во развој, а во развиените економии се преполовил бројот на жените вработени во индустријата.
Во 2012 година третина од жените работеле во земјоделието, половината во секторот услуги, а 16 отсто во индустријата.
На крајот од извештајот, ILO ги повикува светските влади да ја подобрат инфраструктурата за да ги растовара жените од домашните работи и да ги развиваат системите за чување и грижа на децата./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Стратешко ширење на „Бекутан“ на европскиот пазар: македонскиот бренд достапен и во „Лидл“ Летонија и во „Лидл“ Литванија
„Алкалоид“ продолжува со зајакнување на меѓународното присуство на eден од најпрепознатливите македонски брендови за бебешка нега „Бекутан“, овојпат преку влез на пазарите во балтичкиот регион, проширувајќи ја успешната глобална приказна преку малопродажната мрежа на „Лидл“.
Со внимателно планиран пласман, производите на „Бекутан“ отсега ќе бидат достапни и за потрошувачите во Летонија и во Литванија, со што се отвора ново поглавје во меѓународниот развој на брендот, зацврстувајќи го неговото позиционирање на европскиот пазар.

Присуството во 111 продажни објекти – 36 маркети во Летонија и 75 во Литванија – претставува јасен показател за обемот и значењето на првиот пласман во овој дел на Европа. Ваквиот развоен исчекор претставува дополнителна потврда за конкурентноста на македонскиот бренд и за неговата способност целосно да одговори на високите стандарди на европскиот пазар.
Реализацијата на проектот е остварена во партнерство со „Лидл“ Македонија, што претставува значаен стратешки напредок во процесот на интернационализација и пример за успешно поврзување на домашниот пазар со европската малопродажна инфраструктура.
Вклучувањето на „Бекутан“ во оваа програма на „Лидл“ претставува силен доказ за стандардите што доследно ги одржува брендот со децении – бескомпромисен квалитет, развој заснован на експертиза и доверба стекната меѓу генерации потрошувачи. Токму овие фактори го позиционираат „Бекутан“ како конкурентен европски бренд со јасен потенцијал и капацитет за одржливо присуство и надвор од традиционалните пазари.
Приказната за „Бекутан“, кој со децении ја гради својата препознатливост врз темелите на сигурноста и нежноста, денес допира до повеќе од дваесет меѓународни пазари. Од Соединетите Американски Држави и Германија, па сè до Скандинавија и Блискиот Исток, брендот континуирано ги потврдува својот углед и довербата на глобално ниво.
Како еден од најпрепознатливите македонски брендови во регионот и пошироко, од своето лансирање во 1978 година со пет основни формулации „Бекутан“ денес прерасна во портфолио со повеќе од 60 типови производи и со повеќе од 100 форми на пакувања, сите клинички и дерматолошки тестирани и развиени заедно со педијатри, неонатолози и дерматолози.
(ПР)
Економија
Сали на министерски состанок на ЕК за спроведување на CBAM: Земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем
Министерот за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на министерскиот состанок посветен на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), каде ја истакна посветеноста на Северна Македонија кон европските цели за декарбонизација и усогласување со климатското и енергетското законодавство на ЕУ.
Состанокот беше организиран од Европската комисија со цел да се информираат земјите од Западен Балкан за најновите случувања поврзани со спроведувањето на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), кој стапи во сила на 1 јануари 2026 година и има директни импликации врз процесот на проширување и енергетските сектори во регионот.
Тој нагласи дека Владата во јануари 2026 година го усвои нацрт-Законот за климатска акција, со кој се поставува правната основа за системот за мониторинг, известување, верификација и акредитација на емисиите, како клучен чекор кон воведување на јаглеродно ценообразување.
Сали посочи дека земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем, што е важен дел од постепеното вклучување во заедничкиот европски пазар на електрична енергија.
Во однос на CBAM, министерот истакна дека Северна Македонија ги поддржува целите на механизмот, но дека е неопходно да се земат предвид специфичните карактеристики на земјите кандидати и договорните страни на Енергетската заедница, особено поради нивната изложеност на ценовни разлики и техничките предизвици во прекуграничната трговија со електрична енергија.
Тој повика на внимателна и постепена имплементација, вклучително и продолжување на транзицискиот период, со цел да се избегнат несакани ефекти врз регионалните пазари и да се поддржи интеграцијата на обновливите извори на енергија.
Министерот Сали подвлече дека Северна Македонија останува силно посветена на европската зелена агенда и на постепено воведување на инструменти за јаглеродно ценообразување, со крајна цел целосно интегриран, безбеден и декарбонизиран европски енергетски пазар.
Економија
Предпремиера на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje
Во ексклузивна атмосфера и во присуство на клиенти, партнери и медиуми, Porsche Macedonia ја одржа предпремиерата на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje. Настанот означи почеток на ново поглавје за еден од најуспешните модели на брендот, кој повеќе од две децении поставува стандарди во SUV сегментот.


Генералниот директор на Porsche Macedonia, г-дин Златко Муцунски, во своето обраќање истакна:
„Cayenne отсекогаш бил модел со стратешко значење за Porsche. Тој ја трансформираше компанијата и го редефинираше сегментот. Денес, со новата генерација, го продолжуваме тој дух на храброст и визија – со технологија која го засилува она што отсекогаш било суштината на Porsche: перформанс без компромис.“

Тој додаде дека новиот Cayenne Electric претставува „логична еволуција на еден лидер – комбинација од инстантна моќност, врвна динамика и иновативна електрична архитектура, поставена во препознатливиот Cayenne дизајн.“

Маркетинг Менаџерот на брендот Porsche, г-дин Стефан Јовановски, нагласи дека интересот на македонскиот пазар е значителен:
„Публиката во Македонија е сè поотворена кон електрична мобилност во премиум сегментот. Cayenne Electric носи ново ниво на спортска динамика и дигитална софистицираност. Тоа не е само електричен SUV – тоа е Porsche во својата најнапредна форма.“

Јовановски потенцираше дека предпремиерата во Porsche Center Skopje им овозможи на присутните да бидат помеѓу првите во светот кои одблизу ќе се запознаат со новата технологија, дизајнерскиот правец и иновативните решенија кои го дефинираат моделот.


Настанот беше организиран како ексклузивно претставување со техничка презентација, детално запознавање со електричната платформа и интеракција со експертскиот тим на Porsche Center Skopje.

Со оваа предпремиера, Porsche Macedonia уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон иновации, одржлива мобилност и понуда на најсовремени решенија во премиум сегментот на македонскиот пазар.



За повеќе информации, посетете го Porsche Center Skopje или контактирајте го тимот на Porsche Mac-edonia.
ПР

