Контакт

Економија

S&P ја снижи прогнозата за британскиот кредитен рејтинг на негативна

Објавено пред

Рејтинг агенцијата Standard&Poor’s (S&P) ја снижи прогнозата на Велика Британија за врвниот троен рејтинг А од стабилна на негативна, поради забавениот економски раст.

Во агенцијата проценуваат дека шансите Британија да го загуби врвниот рејтинг се 30 отсто, што и било непријатно за министерот за финансии Џорџ Озборн, кој го стекна угледот поради јакнењето на британските јавни финансии.„Ревизијата на прогнозата го одразува нашето стојалиште дека би можеле да го снижиме британскиот рејтинг во наредните две години, доколку фискалната изведба се влоши повеќе од тоа што го очекуваме. Веруваме дека до тоа би можело да дојде најмногу огради задоцнетото и нерамномерно економско закрепнување или слабеењето на политичката предаденост кон консолидирање на состојбите“, стои во соопштението на S&P.И другите две најголеми светски рејтинг агенции Moody’s и Fitch веќе претходно ја снижија проценката за кредитниот рејтинг на Британија на негативна. /крај/х/ап/

Економија

Цените на горивата остануваат непроменети

Објавено пред

Цените на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ остануваат исти, односно не се менуваат, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што беа утврдени пред една недела.

Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67 денари, на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69 денари за литарм а цената на дизелот 61,5 денари за литар.

Цената на Екстра лесното масло за домаќинство останува на 50,5 денари за литар.

Мазутот од ноќеска на полноќ ќе поскапи за 0,929 денари на 35,407 денари за килограм.

Прикажи повеќе...

Економија

На германските железници итно им требаат 100.000 нови работници

Објавено пред

На германските железници очајно им недостигаат работници. За време на следните пет години, се проценува дека ќе мора да се заменат дури и половина од 200.000 вработени.

Приината за тоа, како што пренесуваат германските медиуми, е високата просечна старост на вработените, каде што многумина набргу ќе заминат во пензија.
На тој начин на компаниите ќе им недостигаат машиновозачи, информатичари и услужен персонал, но и градежни и електроинженери, пишува „Билд“.

Како што соопштија властите, до крајот на годината компанијата треба да вработи дури 24.000 нови вработени, а и в година треба да се вработат ист број луѓе.

Платите во германските железници зависат од видот на работата. Така, на пример, машиновозачите остваруваат просечен годишен приход од најмалку 38.000 евра, а најмногу околу 50.000 евра.

Кондуктерите заработуваат во бруто-износ меѓу 34.000 и 46.000 евра годишно. Угостителите што работат во ресторани во возовите заработуваат од 33.000 до 37.000 евра годишно, а персоналот за услуги на клиентите меѓу 34.000 и 46.000 евра годишно.

Прикажи повеќе...

Економија

„Фич“: Фундаментите на банкарскиот сектор и натаму се здрави

Објавено пред

Фундаментите на банкарскиот сектор на Северна Македонија и натаму се здрави, објави агенцијата „Фич“ соопштувајќи дека го потврдува кредитниот рејтинг на нашата земја ББ+, со стабилен изглед.

Меѓу другото, агенцијата наведува дека секторот е прилично добро капитализиран и дека на крајот на вториот квартал на оваа година стапката на основен капитал достигна 15,8 отсто. Истовремено, нагласено е и дека нивото на нефункционалните кредити е умерено и дека нивната покриеност со резервации од банките е висока.

Како што соопштија од Народната банка, во контекст на позитивната оцена за банкарскиот сектор, „Фич“ се осврнува и на растот на депозитите и кредитите. Притоа, одделно е посочено зголемувањето на учеството на денарските во вкупните депозити. Кај кредитната активност в година агенцијата очекува раст од 8,5 отсто.

Инаку, за потврдувањето на кредитниот рејтинг ББ+, со стабилен изглед, „Фич“ наведува и дека првенствено се должи на кохерентноста на макроекономската и финансиската политика, која ја поддржува стратегијата на фиксен курс на денарот во однос на еврото, како и на показателите за управување, за човечки капитал и за околина за водење бизнис, кои се подобри во однос на просекотн ББ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Ременски по увидот: На ниту еден документ од доказите немам ставено потпис

Пратеничката Фросина Ременски по повеќе од три и пол часа заврши со увид во доказниот материјал. Таа не сакаше да...

Македонија59 минути

Ексминистерот Ацо Спасеновски нелегално исплатил над 7,3 милиони денари на фирма за мониторинг и истражувања

Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ацо Спасеновски, е осомничен дека со лажни извештаи за мониторинг овозможил исплата на...

Македонија2 часа

Општина Ѓорче Петров им забрани на наставниците да користат мобилни телефони

Општина Ѓорче Петров донесе забрана за користење мобилни телефони од страна на наставниците за време на наставата во основните училишта...

Топ3 часа

Прегазен пешак во Илинден

Дваесет и едногодишно момче со автомобил удрило во 79-годишен пешак, кој починал на местото на несреќата. Според информациите на полицијата,...

Македонија3 часа

(Видео) Јасна Мандиќ од куќен притвор донесена на распит во Обвинителството

Јасна Ерцеговиќ-Мандиќ, соработничката на Бојан Јовановски, од куќен притвор со полициска придружба беше спроведена во Обвинителството за организиран криминал и...

Македонија4 часа

Жителите на Трнодол најавуваат протести и тужба против градоначалникот

Жителите на Трнодол најавуваат протести ако Општина Карпош не го повлече детаљниот урбанистичкиот план, кој, како што велат, може да...

Свет5 часа

„Њујорк тајмс“: САД тајно протерале двајца кинески дипломати осомничени за шпионажа

Американската влада тајно протерала двајца официјални претставници на кинеската амбасада по нивниот упад во воената база во Вирџинија, објави „Њујорк...

Свет5 часа

Британски турист убиен пред луксузен хотел во Аргентина

Педесетгодишен британски турист е убиен пред луксузен хотел во Буенос Ариес. Како што пренесуваат светските медиуми, автобус со туристи патувал...

Свет6 часа

Во Виена уапсени двајца Чеченци, планирале терористички напад за Божиќ

Австриската полиција уапси двајца мажи осомничени дека планирале терористички напад во Виена меѓу Божиќ и Нова Година, пренесе Индекс.хр. Од...

Македонија18 часа

Aлфите го пронајдоа детето што се изгуби на кејот на Вардар

Единицата Алфа го пронајде 12 годишниот Мартин кој денеска се загуби во близина на кејот на реката Вардар. Од МВР информираа...

Топ21 час

Тетовец го пријавил чичко му оти му се заканувал со секира

Шеест и двегодишен маж од Тетово, со иницијали И.И. синоќа бил приведен од страна на полицијата. Како што јави МВР,...

Македонија23 часа

Мицкоски за ексамбасадорот кој репетираше пушка: Го знам од детството, но ќе предложам негово разрешување

На следната седница на Извршниот Комитет, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе предложи разрешување на ексамбасадорот, Томислав Димитровски, кој е...

Македонија23 часа

(Видео) Заев: Судскиот совет да провери зошто се чувале предмети во фиока

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, во воведот од неговиот говор рече дека го радува глетката од преполната сала...

Свет1 ден

(Видео) Најмалку четири лица загинаа во земјотресот на Филипините

Најмалку четири лица загинаа во земјотресот со јачина од 6,9 степени кој го погоди островот Минданао во јужниот дел на...

Спорт1 ден

Македонец е светски првак во УФЦ–Александар „The Great“ Волкановски

Македонецот Александар „The Great“ Волкановски (31) е новиот шампион во УФЦ, во перо категорија. Волкановски утринава во Лас Вегас го...

Економија1 ден

Почна наградната игра „Мој ДДВ #MojaНаграда“

Од денес со скенирање на секоја фискална сметка преку апликацијата МојДДВ, секој полнолетен граѓанин е потенцијален добитник на една од...

Свет2 дена

Уништувањето на шумите во Амазонија достигна највисоко ниво за месец ноември

Уништувањето на шумите во бразилската Амазонија го достигна своето највисоко ниво за месец ноември, откако почна да се бележи неславни...

Македонија2 дена

Заев за ДУИ ќе се консултира во СДСМ и со малите партии

Премиерот Зоран Заев најави внатрепартиски консултации како и разговори со помалите партии на кои ќе се одлучува за поднесувањето на...

Топ2 дена

Пожар во стан во Тетово – еден тешко повреден, десетина затруени

Еден маж е потешко повреден со изгореници, а 10 лица се затруени од чад, во пожарот што се случи денеска...

Македонија2 дена

Врховните судии потврдија дека Јован Врaнишковски перел пари

Врховниот суд го отфрли како неосновано барањето за вонредно преиспитување на пресудата против расчинетиот владика на МПЦ-ОА, Јован Вранишковски. Тројцата...

Досие