Економија
Fitch го потврди највисокиот рејтинг на Франција и негативната прогноза
Меѓународната рејтинг агенција Fitch во петокот го потврди највисокиот кредитен рејтинг за Франција од ‘ААА’, но со негативна прогноза, предупредувајќи дека идните оцени за францускиот бонитет зависта од економските реформи, особено на пазарот на трудот.
„Потврдата за рејтингот ‘ААА’ за Франција е поткрепена од богатата и разновидна економија, стабилните, политички, граѓански и општествени институции, како и со извонредната флексибилност на финансирањето коешто го одразува нејзиниот статус на голем референтен државен издавач на обврзници“, се наведува во соопштението на Fitch.
Од агенцијата наведуваат дека ја задржале негативната прогноза за францускиот рејтинг, што значи дека во иднина може да го намали, притоа напомнувајќи дека оцените за бонитетот ќе зависат од темпото и обемот на економските реформи, особено од реформите на францускиот пазар на трудот.
„Бидејќи реформата на пазарот на трудот ќе биде клучен показател на политичката и јавна поддршка на клучните мерки кои би требало да ја подобрат конкурентноста и потенцијалот на растот на француската економија, потребно е зајакнување на довербата во долгорочната одржливост на јавните финансии“, велат натаму од Fitch.
Меѓу слаботите на француската економија, кога станува збор за кредитниот профил, од агенцијата го издвојуваат нивото на јавниот долг, за кој проценуваат дека до крајот на 2012 година ќе достигне неверојатни 90 отсто од бруто домашниот производ (БДП), во споредба со просечните 53 отсто во другите земји со највисоки рејтинзи.
А во оваа група, повисоко ниво на долгот од Франција имаат само САД и Велика Британија, додека во Германија тој изнесува 82 отсто од БДП-то и земјата има намера идната година да го намали.
Од Fitch нагласуваат дека внимателно ќе следата дали француската влада ќе ги исполни „своите цели поврзани со дефицитот и долгот и ќе спроведе структурни фискални мерки кои убедливо ќе го поддржат тврдењето за пад на јавниот долг од 2014 година“./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

