Економија
`Полијестердеј` и `Сентис АГ` претприемачи на годината

Фирмата „Полиестердеј“ од Скопје и млекарницата „Сентис АГ“, во категоријата мали претпријатија и компанијата „Абикс“ од Скопје и „ЈУ-СМ“ од Брвеница во категоријата на микро претпријатија се добитници на наградите за најуспешни претприемачи во Македонија.
Министерот за економија Ваљон Сараќини додели посебна награда – плакета за најиновативно претпријатие за 2012 година на компанијата ХЗМ Лабс – екстрим лабс од Битола и неговиот менаџер Пеце Ангелковски.
Сараќини ја отвори традиционалната манифестација „Претприемач на годината – 2012“, во категориите на микро и мали претпријатија, која се одржа вчера во хотелот„Александар Палас“, во организација на Министерството за економија, Сојузот на стопански комори на Македонија, Македонската развојна фондација за претпријатија, Стопанската комора на Северозападна Македонија и Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење со цел поттикнување на претприемачкиот дух и култура во државата, преку промоција на успешни претприемачки приказни.
„Нашата цел е побрз економски развој на оваа земја, во кој ќе бидат вклучени и младите и, секако, жените, преку развој на претприемачкиот дух, со цел полесно да се соочиме со последиците од турбуленциите на светската економска сцена. Претприемништвото создава нови работни места и раѓа можности за што реализиравме тренинзи за младите претприемачи, за да ги развијат вештините неопходни за свеж почеток. Овозможивме поддршка за малите и средни бизниси да се прошират, да отворат нови работни места, да регрутираат млади професионалци кои ќе придонесат бизнис идеите да станат реалност, да мобилизираат нови инвестиции и да го прошират пристапот до нови пазари. Помогнавме жените-претприемачи да се охрабрат и да започнат нови бизнис, средношколците и студентите да се едуцираат за да бидат претприемачи на иднината“, истакна Сараќини.
Претприемачите со своите мали бизниси го менуваат светот, бидејќи нема стабилен и квалитетен економски развој без позначајно присуство на малите и средни претпријатија.
„Со ‘Претприемач на годината’ ги идентификуваме истрајните претприемачи, кои се во постојана потрага по нови можности за создавање профит, кои преземаат ризици и се насочени кон иновации, имаат менаџерски вештини и се движат по патот на успехот, со цел континуиран раст и развој на претпријатието“, посочи извршниот директор на Сојузот на стопанските комори Митко Алексов.
Изборот на најдобрите се темели на податоци што Координативното тело на „Претприемач на годината“ ги добива од Централниот регистар на Република Македонија. За најдобри микро и мали претприемачи се сметаат оние, кои во последните 3 години од работењето имаат зголемување на бројот на вработените, постојан раст на приходите и добивката, како и раст на инвестициите. Потоа, овие претпријатија учествуваат во крајниот избор. Последната фаза е изборот што го прави Координативното тело, составено од претставници на вклучените организации, преку дефинирани критериуми за успешност./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Мицкоски: Имаме раст на извозот, градежништвото и туризмот гарантираат раст на БДП и подобар стандард на граѓаните

Во одговор на новинарско прашање, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека увозот е многу помал за околу 8% во евра, или за 12-13% во долари, додека пак извозот е во пораст во евра 23%, додека пак во долари е 28%.
„Ако ги споредите првите два месеци април и мај од оваа година, со првите два месеци април и мај од 2024 година, длабоки анализи правиме, ќе видите дека за 80 милиони долари е намален трговскиот дефицит, а тоа е цели 13% и тоа ќе учествува во БДП. Ако на тоа се додаде растот на индустриското производство коешто е во просек за април и мај, првите два месеци од вториот квартал 5,5%, а само во мај 9,4%’’, истакна Мицкоски.
Мицкоски додаде дека растот на туризмот и градежништвото, ќе доведат до зголемување на животниот стандард на граѓаните, но и зголемување на бруто домашниот производ.
„Растот на туризмот повеќе од 20%, инвестициската активност повеќе од 15%, растот и бумот во градежниот сектор, сето тоа нас ни гарантира еден успешен резултат за БДП во вториот квартал којшто очекувам да продолжи и во третиот и четвртиот квартал’’, заклучи Мицкоски.
Економија
Македонската „Green Machines“ ја зацврстува дистрибутивната мрежа во САД

Green Machines на БРАКО, познат по своите иновативни еколошки возила за чистење на јавни површини, бележи сериозен раст на американскиот пазар со мрежа на реномирани дистрибутери низ повеќе од 30 американски сојузни држави.
Најнов партнер е компанијата Mar-co Equipment од регионот на Лос Анџелес, која стана ексклузивен дистрибутер за Јужна Калифорнија.
Моментално, Green Machines има дистрибутери во следниве американски држави:
Owen Equipment – Вашингтон, Орегон, Северна Калифорнија, Невада, Ајдахо, Монтана, Јута, Колорадо, Ново Мексико
Industrial Disposal Supply – Тексас
Mar-co Equipment – Јужна Калифорнија
United Rentals – достапен низ сите држави и територии на САД
Grainger – достапен низ целата територија на САД
Equipment Depot – Луизијана, Мисисипи, Кентаки, Индијана, Охајо, Пенсилванија, Масачусетс, Конектикат, Њу Џерси, Мејн, Вирџинија, Милвоки, Висконсин, Флорида, Орегон, Вашингтон
Van Keppel – Канзас, Арканзас, Илиноис, Висконсин, Ајова
Овој успех претставува уште еден доказ за конкурентноста на македонскиот индустриски производ и неговата технолошка супериорност. Со новите дистрибутерски партнери, Green Machines продолжува да ја шири својата глобална визија за почисти, поеколошки и поефикасни урбани средини.
ПР текст
Економија
Муцунски: Владините политики за извоз даваат резултати – раст од 23,44 отсто во мај

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово на социјалните мрежи сподели податоци за кои рече дека го потврдуваат ефектот од економските политики на Владата, при чија реализација значајна улога има и Министерството што го предводи. Статистиката покажува стабилни и позитивни трендови во извозот, дури и во услови на стагнација на европскиот пазар.
Според објавените податоци, македонскиот извоз во мај 2025 бележи раст од 23,44 проценти, додека за првите пет месеци од годината порастот изнесува 3,15 отсто. Во истиот период, увозот е зголемен за само 1 отсто, што упатува на стабилен трговски биланс и позитивно салдо.
„Податоците укажуваат на значително поголем извоз од увоз – што значи повеќе свеж капитал во државата, зајакната девизна позиција и дополнителен поттик за економски раст. Зголемениот извоз отвора нови работни места, го зајакнува домашното производство и ја зголемува конкурентноста на македонските производи“, напиша министерот Муцунски.