Економија
`Балкан Енерџи Груп` доби лиценца за `Топлификација`
`Топлификација`потпиша договор за закуп на основните средства неопходни за вршење на дејноста производство на топлина со новиот носител на лиценца Производство на топлина `Балкан Енерџи Груп`, објави Регулаторната комисија за енергетика.
Според Договорот за закуп, новиот носител на лиценца има обврска да инвестира во основните средства износ во висина на годишната амортизација на основните средства со цел вредноста на истите да не се намалува.
Исто така новиот носител на лиценца на `Топлификација` ќе и плаќа закупнина во висина на одобрениот принос на капитал за оваа дејност кој во согласност со постојните акти на Регулаторната комисија за енергетика изнесува околу еден милион евра на годишно ниво.
Согласно Договорот за преземање на вработените, новиот носител на лиценца се обврза да ги преземе сите вработени од фирмите кои досега беа носители на лиценците за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија.
Според деловниот план на `Топлификација` АД за наредните три години се очекува позитивен биланс на успех и тоа: за 2013 година добивка од околу 700.000 евра, за 2014 година добивка од околу 2,2 милиони евра и за 2015 година добивка од околу 2,6 милиони евра.
Позитивниот нето готовински тек во 2013 година се очекува да биде околу 10,4 милиони евра, во 2014 година околу 4,3 милиони евра и во 2015 година 3,1 милиони евра. Ваквите резултати за нето готовинските текови во следните три години ќе овозможат намалување на задолжувањето на `Топлификација` АД во висина од околу 17,6 милиони евра./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

