Економија
30.000 денари за 30.000-тиот член на „Лукоил клуб“ програмата за лојалност
ЛУКОИЛ Македонија, на својот 30.000-ти член во програмата „ЛУКОИЛ КЛУБ“ му додели вредносен ваучер во вредност од 30.000 денари, како знак на почит и благодарност за неговата лојалност кон брендот ЛУКОИЛ.
Среќниот добитник е Спасовски Ацо од Пробиштип, кому на бензинската станица “Македонски Фолклор”, во Скопје, му беше врачена наградата. Од ЛУКОИЛ Македонија велат дека на овој начин ја изразуваат благодарноста кон своите верни потрошувачи и воедно ги поттикнуваат и останатите да станат членови на реномираната лојалти програма на компанијата и да добијат можност за безброј придобивки.
„Навистина сме среќни и горди што програмата ‘ЛУКОИЛ КЛУБ’ наиде на толкав интерес од страна на нашите потрошувачи и за толку краток период успеавме да дојдеме до бројка од 30.000 членови. Верувам дека сите корисници ги гледаат бенефитите од членувањето во програмата и истата ќе претставува поттик и за останатите потрошувачи да станат член на ‘ЛУКОИЛ КЛУБ’. За нас, ова е мотив повеќе да продолжиме да делуваме во насока на континуирано наградување, стимулирање и вреднување на сите наши клиенти. Во оваа прилика би сакал и да му честитам на среќниот добитник, но и да му се заблагодарам за неговата лојалнот кон препознатливиот бренд на ЛУКОИЛ“, изјави Андреј Куку, регионален управител на ЛУКОИЛ Македонија.
„Морам да кажам дека сум изненаден и не очекував дека токму јас ќе ја имам честа да бидам 30.000-тиот член на “ЛУКОИЛ КЛУБ” кој ќе ја добие оваа награда. Јас сум редовен посетител на бензинските станици на ЛУКОИЛ Македонија на кои полнам квалитетно гориво, користам други услуги и купувам од богатиот асортиман на производи на нивните бензински. ЛУКОИЛ Македонија умее да ги вреднува и наградува своите верни потрошувачи. Затоа, од срце им се заблагодарувам и ги повикувам и другите да станат членови во “ЛУКОИЛ КЛУБ” затоа што нуди безброј поволности и секако награди”, изјави добитникот Ацо Спасовски.
Програма за лојалност за физички лица ЛУКОИЛ Македонија ја воведе кон крајот од јули месец минатата година и оттогаш, за помалку од 7 месеци, вкупно 30.000 потрошувачи на ЛУКОИЛ Македонија ја искористиле можноста да се стекнат со поени и со други ексклузивни бенефиции при своето пазарување или полнење гориво на некоја од бензинските станици на ЛУКОИЛ. При членување во програмата, членовите своите собрани поени може да ги претворат во гориво, да купуваат од маркетите на ЛУКОИЛ, но и да ги искористат многубројните акциски поволности.
Сите официјални информации поврзани со правилата и со програмата може да се најдат на интернет-страницата https://club.lukoil.com.mk, каде членовите истовремено може да се регистрираат, да вршат проверка на состојбата на поените, да добиваат информации за тековни промоции, како и други информации од Програмата.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Божиновска–Мелинвуд: Започнува најобемната енергетска обнова на јавните згради досега
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со Мелани Мелинвуд, претставник на Француската агенција за развој (AFD), а во врска со реализацијата на Планот за реконструкција на јавните згради – еден од клучните столбови на Реформската агенда на државата.
Фокусот на средбата беше ставен на имплементацијата на Планот за реконструкција на зградите што ги користат институциите на јавниот сектор на државно ниво за периодот 2025–2028 – стратешки документ што поставува јасна, тригодишна рамка за најмасовната и најсистемска енергетска обнова на јавни објекти во земјата досега.
Станува збор за План што веќе е усвоен од Владата по сеопфатен процес на усогласување со вкупно 33 институции, што ја потврдува неговата институционална тежина и стратешко значење за модернизација на јавниот сектор.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, како носител на оваа стратешка реформа, интензивно работи на обезбедување финансиски средства за реализација на обврските што произлегуваат од Реформската агенда, како и од постојните законски обврски. Согласно законската рамка, секоја година е предвидено да се реконструираат најмалку 3% од вкупната корисна подна површина на јавните згради, при што мерките за енергетска ефикасност се задолжителен и нераздвоен дел од секоја реконструкција, истакнуваат од таму.
На средбата беше истакнато дека во моментов е во подготовка таканаречената scoping студија (студија за определување на опфат), со која детално ќе се утврдат параметрите за рехабилитација и обнова на зградите, како и јасни критериуми за приоритизација на објектите што први ќе влезат во процесот на реконструкција.
Со ова, е нагласено во соопштението, државата прави крупен исчекор кон намалување на потрошувачката на енергија, пониски трошоци за јавниот сектор, подобри услови за работа во институциите и значително намалување на емисиите на штетни гасови, во согласност со европските климатски политики.
„Оваа реформа претставува конкретен чекор кон позелена, поекономична и поодржлива јавна администрација – со директни придобивки за граѓаните и за државниот буџет“.
Економија
Трипуновски: Досега се откупени 25,3 милиони килограми тутун во вредност од 170 милиони евра
Денес, заедно со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство и претседателот на Сојузот, посетивме неколку откупни пунктови со цел да се направи увид во завршната фаза од откупот на тутунот, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
„Според последните податоци, досега се откупени 25,3 милиони килограми тутун од последната реколта, просечната цена е 419,15 денари за килограм“, посочи тој.
Министерот Трипуновски додаде дека вкупната вредност на откупениот тутун изнесува околу 170 милиони евра, од кои 95,6% веќе се исплатени на тутунопроизводителите кои го имаат предадено својот род.
„Останува уште мала количина тутун која согласно предвидената динамика, ќе биде откупена во наредниот период. Секоја откупна компанија ќе има отворен пункт до крајниот рок за откуп, кој трае до крајот на месец февруари“, појасни министерот.
Економија
COMBO.mk – Новата онлајн дестинација за алат, апарати за домаќинство и многу повеќе
COMBO официјално ја пушта во употреба својата нова онлајн продавница, со цел купувањето да стане побрзо, поедноставно и подостапно за сите корисници низ државата. Со новата платформа, COMBO ја пренесува својата богата понуда во дигитално искуство што овозможува лесна нарачка, преглед на производи и безгрижна набавка од дома.
COMBO е современо продажно одредиште со продажен простор од 6.000 м² и асортиман од над 15.000 производи, внимателно селектирани за секојдневни потреби и професионална употреба. Понудата опфаќа девет главни категории: машини и алат, градинарски алат, апарати за домаќинство, автокозметика, лепила и силикони, електрика, оков за мебел, чешми и туш системи, како и производи за домашни миленици. Компанијата посветува внимание на брза достава и професионална услуга, со фокус на практичност и доверба при секоја нарачка.
Што добиваат купувачите
- Онлајн купување со широк избор на производи во девет различни категории.
- Практична набавка од едно место – од професионални алати и градинарска опрема, преку апарати за домаќинство и електрика, до чешми, туш системи и производи за домашни миленици.
- Брза достава и флексибилни опции за испорака низ цела Македонија.
- Стручна поддршка и советување при избор на производи.
- Сервисна поддршка и гаранција за производите.
- Услуга насочена кон лесно, сигурно и безгрижно корисничко искуство.
За повеќе информации и новитети, посетете ја веб-страницата на Combo.
(ПР)

