Економија
Царината лани инкасирала над милијарда евра
Вкупно наплатени 63,7 милијарди денари (1,03 милијарди евра) буџетски приходи, поднесени 91 кривина пријава против 141 правно и физичко лице, реализирани проекти за олеснување на бизнисот и потпишани повеќе меѓународни договори за соработка.
Ова се резултатите од работењето на Царинската управа на Република Македонија за 2012 година што во петокот ги презентираше директорот Ванчо Каргов.Во царинскиот отчет за 2012 година се наведува дека од вкупно наплатените приходи, 48,9 милијарди денари се буџетски приходи од увоз, што е за три отсто повеќе во однос на претходната година.„Царина и други царински давачки наплатени се во износ од 4,09 милијарди денари, што е за седум отсто повеќе во однос на 2011 година, и е 1,65% повеќе од проектираните четири милијарди денари за 2012 година. ДДВ при увоз наплатен во износ од 41,04 милијарди денари, што е за еден отсто помалку од 2011 година. Акциза од увоз наплатена е во износ од 2,62 милијарди денари, а надоместоци од увоз изнесуваат 1,16 милијарди денари, што е 53% повеќе од наплатеното во 2011 година“, стои во отчетот. Покрај ова, наплатени се и над 14,8 милијарди денари буџетски приходи од внатрешен промет и тоа Акциза од внатрешен промет наплатена е во износ од 13,7 милијарди денари инадоместоци од внатрешен промет изнесуваат 1,07 милијарди денари.Донесени се вкупно 1.329 извршни управни решенија за дополнителна наплата на царински долг во износ од 515 милиони денари, а наплатени се вкупно 1.150 решенија во вкупен износ од 198 милиони денари.Во рамки на своите активности за спречување на шверц, криумчарење и економски криминал, царинската управа поднела во текот на 2012 година 91 кривична пријава против 141 правни и физички лица, а во 2011 година биле поднесени 77 кривични пријави но против 150 лица.Вкупниот износ на избегнати давачки изнесува околу 300 милиони денари, што е повеќе од двојно во споредба со 2011 година. Покрај ова, поднесени се вкупно 737 барања за поведување на прекршочна постапка, решени се вкупно 1.657 прекршочни предмети за кои изречена е глоба во вкупен износ од 92 милиони денари. Стоката предмет на прекршокот е одземена и одземени се девизи во вкупен износ од 285 илјади евра.Царината се пофали со запленети 57 килограми дрога, 710 илјади евра во различни валути, 306 илјади парчиња цигари, како и 650 илјади парчиња разновидна стока, меѓу кои текстил, благородни метали, накит и модни додатоци, уметнички дела, медикаменти и медицинска опрема, техничка стока, козметички производи, живи животни, книги и слично. Во отчетот се наброени и повеќе реализирани проекти за олеснување и поддршка на бизнисите, издадени биле поголем број на одобренија и на дозволи, а биле намалени или укинати одреден број на царински стапки.Царинската управа во текот на годината потпишала или ратификувала и повеќе договори за меѓународна соработка. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Партнерство за енергетската иднина“: Потпишан Меморандум меѓу Министерството за енергетика и УНДП“
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) денеска потпишаа Меморандум за соработка со кој се воспоставува јасна и долгорочна рамка за заедничко делување во областа на енергетиката, енергетската ефикасност, обновливите извори на енергија и одржливиот развој.
Меморандумот го потпишаа министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, и постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Северна Македонија, Армен Григорјан. Со Меморандумот се зајакнува институционалната соработка меѓу двете страни и се отвора простор за координирани активности насочени кон праведна и инклузивна енергетска транзиција, зајакнување на енергетската независност и отпорност на државата, како и исполнување на националните и меѓународните климатски цели.
„Овој Меморандум претставува силна потврда на нашата заложба за модерна, одржлива и праведна енергетска транзиција. Преку партнерството со УНДП добиваме дополнителна експертиза и поддршка за креирање и спроведување политики кои носат конкретни придобивки за граѓаните, економијата и животната средина“, изјави министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.
Соработката ќе се реализира во согласност со националните приоритети и Програмскиот документ на УНДП за Република Северна Македонија за периодот 2026–2030, со посебен фокус на добро управување, транспарентност и активно вклучување на јавноста во процесите на донесување одлуки поврзани со енергетиката.
„УНДП останува посветен партнер на институциите во Северна Македонија во унапредувањето на одржливиот развој. Овој Меморандум создава силна основа за заедничка работа во енергетскиот сектор, со фокус на чиста енергија, намалување на емисиите и инклузивен јавен дијалог“, истакна постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан.
Меморандумот предвидува заеднички активности во развојот на енергетскиот сектор, рударството и управувањето со минералните ресурси, намалување на емисиите на стакленички гасови преку зголемена примена на обновливи извори и мерки за енергетска ефикасност, како и поддршка во изработката и спроведувањето на национални стратегии, законодавство и акциски планови во областа на енергетиката.
Особено значаен сегмент од соработката е насочен кон јакнење на институционалните, техничките и човечките капацитети, преку градење експертиза и подобрување на процесите за креирање и спроведување јавни политики, како и кон унапредување на транспарентноста и инклузивниот јавен дијалог, со посебно внимание на младите, жените и ранливите групи граѓани. Во рамки на партнерството е предвидена и заедничка организација на национални и меѓународни настани, форуми и иницијативи посветени на одржливиот развој и енергетската транзиција.
Меморандумот е склучен на период од четири години, со можност за продолжување, и претставува значаен чекор кон продлабочување на соработката меѓу Министерството за енергетика и УНДП во насока на одржлива и сигурна енергетска иднина за Северна Македонија.
Економија
Новата Ford Puma Gen-E финалист на европскиот натпревар AUTOBEST 2026!
Ford Puma Gen-E е избрана за финалист на престижниот избор AUTOBEST 2026 – признание што ја потврдува визијата на Ford за иновативна, ефикасна и достапна мобилност.
Како нова електрифицирана генерација на омилениот кросовер, Puma Gen-E комбинира динамичен дизајн, напредни технологии и практичност создадена за секојдневието. Со фокус на одржливост и паметни решенија, моделот нуди возбудливо искуство во градот и надвор од него, без компромис во удобноста и перформансите.
Ова признание од AUTOBEST е уште една потврда дека Ford Puma Gen-E поставува нови стандарди во својата класа.
👉 Вашиот глас е важен!
Поддржете ја Ford Puma Gen-E и гласајте во изборот AUTOBEST 2026 на https://autobest.org/.
AUTOBEST е еден од најрелевантните и највлијателни европски автомобилски избори, основан со цел да ги претставува интересите на реалните возачи низ целиот континент. Жирито на AUTOBEST го сочинуваат реномирани автомобилски новинари од повеќе од 30 европски земји, кои заедно претставуваат над 90% од европскиот автомобилски пазар.
Финалистите и победниците на AUTOBEST се сметаат за репер во европската автомобилска индустрија, а самото учество во финалната селекција претставува значајно признание за квалитетот и визијата на еден модел.
(ПР)
Економија
Мицкоски: 300 компании се предвидени да бидат поддржани со грантовите во вкупен износ од 25 милиони евра
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали ќе се обезбедат грантови за адаптирање на компаниите кон зелена трансформација и заштита на животната средина, изјави:
„Да работиме, практично Инова агенцијата, околу овозможување и обезбедување грантови за компаниите, посебно во делот на енергетската трансформација. Имав и таму едно многу интересно обраќање. Да, за енергетската трансформација, но треба да сме многу внимателни. Затоа што не сум сигурен, а тоа се сложија и голем број од учесниците на тие панели, дека со таа енергетска трансформација, ние можеме на долг рок да генерираме базна енергија којашто е потребна на индустријата за потребите на самата индустрија. Тоа треба да се одвива чекор по чекор, затоа што секоја избрзана постапка може да направи штета по индустријата и по државата. Но, колку за информација за компаниите, некаде околу 300 компании се предвидени да бидат поддржани со овие грантови во вкупен износ од 25 милиони евра и наскоро ќе има и за тоа објава во јавноста и јавен повик.“

