Економија
Коњановски задовoлен од продажбата на тутунот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/27c93add-ac71-4272-8a0b-d4df56020fed-1.jpeg)
Заменик министерот Зоран Коњановски и градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески во среда ги посетија откупните пунктови за тутун во Прилеп.
„Задоволни сме од текот на откупот. Ова што денеска можев да го видам во прилепскиот Тутунски комбинат ме охрабрува. Сметам дека се создаде добар однос во процесот на откупот и ние ќе продолжиме да го градиме тој однос“, рече Коњановски.
Според градоначалникот Ристески, откупот на тутун се одвива во најдобар ред, а прилепчани може да се пофалат со квалитетен тутун.
Целта на Министерството е да има добар производ со добар квалитет, но и откупувачите редовно да го исплаќаат тутунот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Економија
ВМРО-ДПМНЕ: 250 милиони евра за капитални проекти за општините од септември
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/10/evra.jpg)
Во септември градоначалниците од цела држава ќе можат на аплицираат на јавниот повик на Министерството за Локална самоуправа за добивање средства за проекти во нивните општини, информираа од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
„Градоначалниците од цела држава да направат и довршат што е можно повеќе проектна документација, со цел да аплицираат за повеќе проекти.
Ова е прва година за проектот 250 милиони евра за општински проекти, ист ваков повик ќе има секоја година, а вториот ќе се случи веќе за неколку месеци од сега.
Време е за реален раст и развој. Време е за рамнорен развој“, се вели во партиското соопштение.
Економија
Продолжен рокот за аплицирање за субвенции за 2024 година
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/05/476470-zemjodelcite-kje-dobijat-224.571.508-denari-subvencii.jpg)
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за да излезе во пресрет на земјоделците кои до денес сѐ уште го немаат остварено своето право за поднесување на апликација за субвенции за 2024 година го продолжи рокот за аплицирање за субвенции за 2024 година.
Согласно oдлуката на vлада од првата седница, точка 13, рокот за аплицирање за субвенции за основните мерки за растително и сточарско производство се продолжува за период од 1 месец, односно крајниот рок за поднесување на апликации за субвенции од Програмата за директни плаќања за 2024 година е 31 Јули 2024 година.
„Ги повикуваме сите земјоделци кои го немаат реализирано оваа право, доколку не можат сами да креираат апликации да се јават во pодрачните единици на МЗШВ каде од страна на вработените ќе им биде креирана и поднесена апликацијата или самостојно да си поднесат апликација за субвенции за 2024 година согласно Програмата и Уредбата за директни плаќања за 2024 година“, се истакнува во соопштението од ресорното министерство.
Економија
Од полноќ се зголемува цената на мазутот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/benzin-gorivo-960x639-1-2.jpg)
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,52 % во однос на одлуката од 24.6.2024 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,061%, кај дизелот 0,419%, кај екстра лесното масло за 0,400% и кај мазутот зголемувањето е за 3,489%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,008%
Од 29.6.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 85,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 76,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 75,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 47,928 (денари/килограм)
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,208 ден/кг и сега ќе изнесува 47,928 ден/кг.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.