Економија
Четири милиони мобилни претплатници се очекуваат во светот до 2018 г.
Бројот на претплатници на услугите од мобилната телефонија до 2018 година ќе достигне четири милијарди, прогнозираше во понеделникот глобалната индустрија на мобилни комуникации, на отворањето на најголемиот светски саем на мобилни комуникации во Барселона.
Моментно 3,2 милијарди луѓе ширум светот ги плаќаат услугите на мобилната телефонија, што е половина од светската популација, покажа истражувањето на компанијата A.T. Kearney и здружението GSMA, кое претставува 750 мобилни оператори ширум светот.Во извештајот на A.T. Kearney и GSMA, кои се организатори на саемот, се предвидува дека бројот на претплатници до 2017 година ќе биде зголемен за 700 милиони и дека бројката од четири милијарди ќе биде достигната во 2018 година.Минатата година приходите на мобилните оператори достигаа 1.000 милијарди долари, или 1,4 отсто од светскиот бруто домашен производ.Најголем подем е остварен во азиско-пацифичкиот регион, чии мобилни оператори во периодот од 2012-2017 година би требало да ги зголемат приходите за 23 отсто, од сегашните 350 милиони долари.Африка во изминатата година остварила најсилен раст, а тамошните оператори до 2017 година би требало да ги зголемат приходите за 25 отсто во периодот од 2012 до 2017 година, на 70 милијарди долари.На светско ниво растот на приходите на мобилните оператор, пак, би требало да забави од четири отсто на 2,3 отсто до 2017 година.„Една од причините за забавувањето е намалувањето на приходите во Европа“, стои во извештајот, во кој за таквата состојба се обвинува регулирање на цените на мобилните услуги и влијанието на економската криза во еврозоната. Се проценува дека приходите во тој регион би требало да паднат од 248 на 216 милијарди долари. /крај/х/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Економија
Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
фото/Depositphotos
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.

