Економија
Ниедно македонско млеко нема афлатоксини
Прелиминарните резултати од лабораториските испитувања на дополнителните 25 мостри млеко и преработки од млеко направени во акредитираната лабораторија на Факултетот за ветеринарна медицина, потврдија дека домашното млеко и млечните производи се безбедни.
Во него нема присуство на афлатоксин над максимално дозволените концентрации пропишани во Правилникот за општите барања за безбедност на храната, информираа од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Станува збор за испитани репрезентативни мостри млеко и преработки од млеко, земени по случаен избор од продажната мрежа. За овие резултати следи официјална потврда од Факултетот за ветеринарна медицина, согласно акредитираната метода за испитување на афлатоксини во млекото и преработките од млеко.
За претходните резултати од анализите на млекото и преработките од млеко, за кои викендов Агенцијата за храна и ветеринарство информираше дека се безбедни, добиена е и официјална потврда од страна на Факултетот за ветеринарна медицина.
Засилени се контролите на граничните премини, а од пред десеттина дена на сила е и наредбата за задолжително земање мостри за испитување на афлатоксини кај увезеното млеко и преработките, со што до добивање на резултатите дека производите се безбедни, истите не смеат да се пуштаат во промет, што за граѓаните е една од мерките за гарантирање на безбедноста на овие прехранбени производи.
Поради поголема безбедност, од минатата седмица, со измена на наредбата за ветеринарно јавно здравство, сите млекарници во државата имаат обврска пред да го пуштат во дистрибутивните синџири, за млекото да обезбедат доказ дека не содржи афлатоксини над максимално дозволената граница од 0,05 микрограми на килограм.
Засилен е и мониторингот на домашното сурово млеко. Во ниту една мостра сурово млеко, земени од сите региони во државава во текот на овој месец, ниту со спроведените контроли на суровото млеко во рамки на Националната програма за контрола на резидуи во текот на 2012 година, не е утврдено присутво на афлатоксинот М1.
Во прилог е листата на млекарници од кои се земени и испитани мостри од млеко и преработки од млеко:
1. Кравјо кисело млеко Ил-млек 2. Јогурт Хепи милк3. Јогурт 180мл Маско комерц 4. Кравјо кисело млеко Маско комерц 5. Биено сирење-Маско вакуум 6. Кравјо кисело млеко-Факултетско стопанство Трубарево7. Јогурт 3,2% Факултетско земјоделско стопанство Трубарево8. Кашкавал Ил-млек Чардак 9. Кравјо сирење-Ил-млек 10. Јогурт Ил-млек 11. Кисело кравјо млеко Ил-млек 12. Свежо млеко-Ил-млек 13. Алпи UHT 3,2% 14. Муневере јогурт 3,2%, 15. Алпи јогурт 3,2% 16. Свежо млеко Млекара Тетово 17. Јогурт Млекара Тетово 18. Алпи кравјо кисело млеко19. Јогурт Дукати натурал20. Муневере млеко 1l21. Алпи кравјо млеко22. Домашен јогурт класик Кри-Кри 0.5L23. Јогурт Бучен Козјак 0,5л24. Алпи млеко 3,2% 1Л25. Битолско 2,8%26. Битолско 3,2%27. Алпи 3,2%28. Здравје Радово 3,2%29. Здравје Радово 1,5%30. Овчо сирење Здравје Радово31. Јока кисело млеко 32. Јока јогурт 3,2%/крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Економија
Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
фото/Depositphotos
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.

