Контакт

Економија

Министерот Димовски на состанок со колегите од ЦЕИ во Будимпешта

Објавено пред

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, во вторник во Будимпешта, Унгарија, ке присуствува на Министерскиот состанок на земјите членки на Централно Европската Инцијатива.

dobivaj vesti na viber

Централно европската иницијатива – ЦЕИ е меѓувладин форум кој ја промовира политичката, економската и културната соработка меѓу нејзините земји членки и нејзината основна мисија е регионалната соработка за европска интеграција.

Вкупно 18 земји членки се во ЦЕИ од кои, Македонија, Србија, Словенија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Бугарија, Молдавија, Словачка, Чешка, Полска, Австрија, Унгарија и други.

Во рамките на политичката соработка, ЦЕИ им обезбедува на земјите и нивните институции флексибилна, прагматична платформа за регионална соработка, фокусирајќи се на идното пристапување во Европската унија.

Особен акцент се става на градењето на капацитети за земјите од ЦЕИ кои не се членки на Европската Унија преку обезбедување на пренос на знаење и размена на искуства меѓу оние земји кои се членки на ЕУ и оние кои не се.

Исто така ЦЕИ е активно вклучена во поддршка на проекти од различни области на соработка, како и преку мобилизација на финансиски ресурси наменети за студирање, финансирање и спроведување на проекти.

Во 2013 година, Унгарија претседава со ЦЕИ. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопаснтво учествува на состанокот на министри на ЦЕИ на тема – Зелен развој со фокус на руралниот развој кој се одржува 15 и 16 април 2013 во Будимпешта.

Во текот на состанокот во рамките на одржливиот развој и зелен раст ќе се дискутираат три тематски секции и тоа за одржливо земјоделство, сигурност во обезбедување на храна и безбедност на храна и заштита на животна средина со посебен акцент на руралниот развој.

На крајот на овој состанок заедничките идеи ќе бидат изразени во заедничка декларација.

За време на својата посета на Будимпешта, министерот Димовски и неговиот унгарски колега, министерот за рурален развој на Унгарија, Сандор Фазекаш ќе одржат билатерална средба на која ќе потпишат Меморандум за соработка во областа на земјоделството и руралниот развој. /крај/со/мф

Економија

Се намалуваат цените на дизелот и на бензините

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,06 % во однос на одлуката од 4.8.2025 година.

dobivaj vesti na viber

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,391%, кај дизелот за 3,169%, кај екстра лесното масло за 3,989% и кај мазутот намалувањето е за 0,667%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,0797%.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,159 ден/кг и сега ќе изнесува 39,786 ден/кг.

„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 12.8.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од РКЕ.

Прикажи повеќе...

Економија

Мицкоски: Опозицијата се служи со лаги, земјоделските производи се откупуваат

Објавено пред

„Исплатата на субвенциите кај земјоделците е навистина за мене би рекол изненадувачки позитивна, бидејќи изминатата недела веќе се исплатија околу 400 милиони денари за околу 7 илјади земјоделци и ценам дека на тој начин ќе продолжиме и понатаму да ја придвижуваме економијата и земјоделската активност“, вели Христијан Мицкоски, претседател на Владата, одговарајќи на новинарско прашање.

dobivaj vesti na viber

Во однос на обвинувањата од страна на опозицијата Мицкоски посочи дека тие се служат со лаги, мислејќи дека на тој начин ќе добијат некој политички поен, но како што рече земјоделците да бидат спокојни бидејќи имаат Влада која работи во нивен интерес.

„Ги следам пораките од опозицијата коишто се обидуваат повторно со конструкции, лаги, да напаѓаат. Јас би сакал да кажам следно: фактите се сосема поинакви. А, кои се фактите; оваа Влада беше избрана пред нецели 14 месеци, имавме во национални шуми и во А.д. Водостопанство неисплатени плати повеќе од 3 месеци, тоа се заврши и се исплатија тие плати и до ден денес се исплаќаат редовно.

Имавме неисплатени субвенции од 2021 година, сега се завршува со исплатата на субвенциите за 2024 и се отпочнува со тековните од 2025 година. Во делот на тутунот-договорите коишто беа потпишани на 375 денари по килограм и 80 денари субвенција откако беше избрана оваа Влада, со нови преговори со откупувачите се качија од 375 на 400 денари и субвенцијата од 80 на 100 денари со што се постигнаа рекордни 500 денари по килограм продаден тутун, а реколтата од 17, 18 милиони килограми порасна на 22, 23 милиони килограми, затоа што донесовме закон во којшто кажавме сè додека и последниот лист македонски тутун не биде откупен нема да се увезува друг тутун.

Рано-градинарските продукти, дали е тоа зелката пролетна, доматите, краставицата, лукот, кромидот, пиперките итн. забележуваат рекордна откупна цена. Затоа што ние како Влада и Министерството не се договараме со откупците околу цената, како некој што го правеа тоа во минатото да профитира на маката на земјоделците и секаде се бележат рекордни цени. И кај мелничарите, и кај производителите на пченица, кај грозјето исто така. Оваа година имаме и род 25% повеќе, затоа што навремено работеа системите за водоснабдување коишто минатата година не работеа; ако минатата година беше 70, 75 милиони килограми, сега ќе биде над 100.

И тоа сè се факти. А тоа што го гледаме од страна на опозицијата е само обид да се конструира нешто и мал обид за политикантство; тие си имаат своја агенда, а ние треба да работиме во интерес на граѓаните. Тие ќе лажат, нема да ја говорат вистината мислејќи дека на тој начин ќе добијат некој политички поен, но граѓаните нека бидат спокојни имаат Влада којашто води сметка за се“, истакна тој.“

Прикажи повеќе...

Економија

9.000 тони македонска пченица ќе се откупат за потребите на стоковите државни резерви, вели ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

„Стоковите резерви на пченица се полнат со македонска пченица, откупена директно од македонските земјоделци. Државните резерви, со своите вредни и неуморни раце, ги полнат македонските земјоделци“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Со одлука на Владата, 9.000 тони македонска пченица ќе се откупат за потребите на стоковите државни резерви.

Тоа ја покажува и потврдува вистинската грижа и посветеноста на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за интересот на државата и земјоделците.

Наместо да се купува увозна, која како држава скапо ја преплаќавме, како што беше случај во време на власт на СДС и министер Љупчо Николовски, сега државните стокови резерви ги полни пченицата од македонските земјоделци.

За време на владеење на СДС, стоковите резерви се полнеа со пченица купена од странство за 25% поскапа од берзанска, односно 27 денари по килограм, што беше за шест денари поскапо.

А профитот, односно ќарот 100% од ваквите зделки, завршуваше кај посредниците, а сега целата добивка завршува директно кај македонскиот земјоделец.

Тоа време заврши. Сега никој не заработува на грбот на другите, посебно на трудот на земјоделецот и на штета на државата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Се’ уште гори кај Јасен, активни пожари на четири локации низ Македонија

Денес до 18 часот се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор. Од нив, четири се активни и моментално се...

Македонија7 часа

Најмногу туристи ни дојдоа од Турција во јуни

Според податоците од Државниот завод за статистика, во јуни годинава во земјата биле регистрирани вкупно 126.415 туристи, од кои 20,1...

Македонија12 часа

Стоматолошката комора тврди – нема неправилности, Министерството за здравство ја брани одлуката за преземање на лиценцирањето

Претседателот на Стоматолошката комора, Маријан Денковски, на прес-конференција изјави дека повеќекратните контролни надзори не откриле неправилности во работењето на Комората....

Македонија13 часа

Почувствуван земјотрес во Битола и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани на нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Економија14 часа

Се намалуваат цените на дизелот и на бензините

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија14 часа

Мицкоски за изјавите дека УЧК имала праведна борба: Не може убиства од заседа да се праведна борба, нека не се игра на картите на ДУИ за поделби

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во текот на денешната посета на општина Петровец, на новинарско прашање беше запрашан за коментар...

Македонија15 часа

(Видео) „Началникот од Демир Хисар, кој недолично се однесувал кон друго лице, веќе е разрешен, нема штитење поединци“, вели Манасиевски

„Моралот и принципите се спроведуваат на дело. Нема веќе штитење на поединци затоа што биле блиски до една, друга или...

Македонија15 часа

(Фото) Пожарот во атарот на селото Долно Дупени ставен под целосна контрола

Пожарот во атарот на село Долно Дупени, во близина на Преспанско езеро, со дејство на екипи на ТППЕ Ресен и...

Македонија15 часа

(Видео) Обвинителство да поведе кривична постапка за началникот на Тошковски и да ја прошири истрагата, бара СДСМ

„Пред Основното јавно обвинителство, СДСМ бара отворање на кривична постапка против началникот на ОВР Демир Хисар, Роберт Мартиноски и проширување...

Македонија16 часа

Невидена партизација во тек, единствениот пат до вработување е или преку партија или преку граница, велат од СДСМ

„Во државата на ДПМНЕ, нема институција која не е подложена на груба партизација пред изборите. МНАВ, Министерството за одбрана и...

Македонија18 часа

Општините лани потрошиле рекордни 𝟣𝟫𝟢 милиони евра на тендери, Град Скопје првпат не е прв на листата

Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за сите набавки на општините во 2024 година. Истражувањето...

Свет18 часа

(Видео) Зеленски би можел да учествува на средбата Трамп – Путин, тврдат Американците

Американскиот амбасадор во НАТО, Метју Витакер, синоќа изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски би можел да присуствува на средбата меѓу...

Свет20 часа

(Видео) Израелската армија: Убивме новинар на „Ал џезира“

Израелската војска вчера објави дека го убила новинарот на „Ал џезира“, Анас ал-Шариф (28), во напад врз градот Газа обвинувајќи...

Европа20 часа

Голем пожар во Шпанија, евакуирани 1.000 луѓе

Вчера во Мадрид беа евакуирани повеќе од илјада луѓе поради шумски пожари во северозападна Шпанија, кои дополнително беа интензивирани од...

Македонија21 час

Нов топлотен бран во наредните денови, се очекуваат температури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе...

Македонија21 час

Зголемена фреквенција на возила, на Богородица и Дојран се чека 30-ина минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Македонија1 ден

Четворица пациенти со тешки телесни повреди се примени на хируршките клиники во Скопје

Четворица пациенти со тешки телесни повреди беа примени денеска на хируршките клиники во Скопје по вооружена пресметка на улиците во...

Македонија1 ден

ДСЗИ ќе врши вонреден надзор откако пациентка на 30 години почина во болница

Министерството за здравство инфомира дека иницира инспекциски надзор до Државниот санитарен и здравствен инспекторат во врска со случајот со починатата пациентка...

Топ1 ден

Се запали глисер во Охридско Езеро

Пожар избувнал во глисер укотвен во водите на езерото, на плажите помеѓу населбата и автокампот „Елешец“, на околу 30 метри...

Топ1 ден

Убиство среде бел ден во Тетово, во пукањето повредени се четири лица меѓу кои и дете

Едно лице загина, а четворица се повредени, меѓу кои и малолетно девојче, во вооружена пресметка што денеска околу 12:30 часот се случила...