Економија
Македонија ги претстави можностите за инвестирање во Куричиба
Поволностите кои Република Македонија ги нуди на странските инвеститори беа презентирани во четвртокот вечерта на бизнис форум во градот Куричиба, федерална држава Парана, Бразил, на кој ги презентираа.
Пред присутните бразилски бизнизмени се обратија премиерот Никола Груевски, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, министерот за привлекување на странски инвестиции Веле Самак и директорот на Агенцијата за привлекување на странски инвестиции и промоција на извозот Висар Фида, Пред почетокот на бизнис форумот премиерот Груевски оствари средба со раководниот менаџмент на Стопанската комора на Парана, која што беше и организатор на бизнис форумот на кој присуствуваа претставници на компании од областа на информатичките технологии, агробизнисот, земјоделството и туризмот.Премиерот Груевски ги покани претставниците на бразилските компании да ја посетат Република Македонија, и на дело да ги увидат и да се уверат во презентираните поволности и бенефиции кои им ги нуди нашата земја.Бразил е голема економија, а бразилските компании се повеќе стануваат големи играчи на светските пазари. Има многу бразилски компании кои ги имаат надминато границите на Бразил и Јужна Америка и бараат нови пазари во Европа и други делови на светот. Ние се обраќаме на тие компании, доколку сакаат да влезат на пазарот на Европа, Република Македонија со поволностите кои ги нуди е вистинската дестинација за таков исчекор, истакна премиерот Груевски.Во мојата земја бизнис компанија може да се отвори само за 4 часа, процедурите за градење на објектот се реализираат во 3 наместо во поранешните 21 чекор, а државата дава и државна помош за изградба на капацитетот во вредност до половина милион евра, ги посочи македонскиот Премиер брзите процедури и поддршката која се дава на странските компании.Вицепремиерот Ставрески предочи дека нашата земја може да се искористи како дестинација од која бразилските компании би можеле со свои капацитети да ги покријат и брзорастечките пазари на Русија, Турција и арапските земји.На тој начин значително ќе се намалат трошоците на компаниите за транспорт, кои претставуваат значаен дел од вкупните трошоци на производите, а нема да имаат и обврска за плаќање на данок на додадена вредност и царини за инпутите во производството кои ќе ги користат за изработка на своите производи кои одат за извоз, посочи вицепремиерот Ставрески.Министерот Самак се осврна на значителното присуство на компании од автомобилската индустрија во нашата земја, и ги елаборираше аспектите на ценовна исплатливост за креирање на бизнис од областа на производство на автомобилски делови во нашата земја. Фида истакна дека во рамките на технолошко-индустриските развојни зони компаниите се ослободени од плаќање на данок на добивка и персонален данок во првите 10 години од почетокот на производството, што претставува придобивка која би ја направила доходовна продажната цена на производите кои би се произведувале во Република Македонија.Владината делегација ја продолжува својата посета на земјите од Јужна Америка со посетата на Аргентинската Република, каде што во главниот град Буенос Аирес ќе бидат остварени повеќе политички и економски средби и настани. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

