Економија
ССК ја шири мрежата на соработка со коморите од целиот свет
Сојузот на стопански комори во рамките на 8-ми Светски коморски конгрес во Доха, Катар ја прошири својата мрежа за соработка со Стопанските комори од целиот свет.
Претседателот на ССК, Златко Калеников потпиша меморандуми за соработка со коморите на Јордан и Уганда, што е продолжение на праксата на Сојузот на стопански комори за продлабочување на соработката со Светските комори како со Португалија, Украина, Велика Британија, Индија, Турција и многу други.
Осмиот Светски коморски конгрес во Доха, Катар заврши, а македонската делегација продолжува во Дубаи, каде ќе се остварат повеќе средби со компании од Обединетите Арапски Емирати, но и со бизнис заедницата од овој крај. Бизнис делегацијата на Сојуз на стопански комори составена од 25 компании членки на ССК, ќе оствари средба и со Стопанската Комора во Дубаи, се со цел да се продлабочи економската соработка и со оваа земја.
Сојузот на стопански комори заедно со Агенцијата за странски инвестиции и Дирекција за технолошко индустриски развојни зони беа Рубин спонзори на Светскиот коморски конгрес. Сето тоа придонесе Македонската делегација и нашата земја успешно да се претстават, да учествуваат во панел дискусиите организирани за време на саемот на разни теми од стопанството, а во насока на подобрување на деловното опкружување. Претседателот на Сојуз на стопански комори Златко Калеников и Вернета Вокер, потпретседателот на консалтинг, обука и оценување на „BoardSource” – USA, зборуваа на тема: „Како до одржлив успех при менаџирањето на Стопанските комори” на која присуствуваа претседатели на Стопанските комори присутни на конгресот и делегати.
Бизнис интересот за Македонија се зголемува, особено во делот на прехрамбената и кондиторската индустрија. Се вршат преговори за можна соработка и со компании од Оман, Кувајт и Саудиска Арабија. Македонската делегација имаше преговори и со Катар Холдинг кој веќе пројавил интерес за докапитализација на Елем, Хасад Фуд за преработка на зеленчук, а Катар Ди Ер за изградба на хотелски објекти. Интерес за инвестиција во Македонија покажаа и нафтените компании.
Штандот на Македонската делегација беше заедно во групата на Рубин спонзорства со Стопанските комори на Дубаи, Сиднеј, Торино, Американ Програм Биро, како и многу други светски признати компании и институции. На саемот учествуваа 1.500 делегати, од 105 земји од светот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

