Економија
Внуката на Мао Це-Тунг на списокот на кинеските милионери
Името на внуката на водачот на кинеската комунистичка револуција Мао Це-Тунг, во четвртокот беше објавено на списокот милионери и поттикна лавина иронични коментари на сметка на „лицемерниот” режим кој официјално не се откажува на револуционерниот идеал на големиот водач и втемелувач на Народна Република Кина.
Конг Донгмеи и нејзиниот сопруг Чен Донгшенг го заземаа 242-то место на списокот на богаташи според класификацијата што ја прави францускиот деловен магазин New Fortune. Нивното богатство се проценува на пет милијарди кинески јуани или 620 милиони евра.
Внуката на водачот на кинеската револуција од неговата трета сопруга Хе Зижен, Конг Донгмеи во 2001 година во Пекинг отвори книжарница на чиешто отворање ја фалеше кинеската револуција со којашто беше воспоставена комунистичка Кина во 1949 година.
Интернет корисниците во Кина во четвртокот оставаа зајадливи коментари за богатството на внуката на Мао којашто го изневерила учењето на нејзиниот дедо „никогаш да не се заборави класната борба” пред опасноста од реставрирањето на комунизмот.
Меѓутоа на наследничката на Мао не и’ се забележува само поради богатството, туку и поради прекршувањето на официјалната државна политика на едно дете, бидејќи според пишувањето на францускиот магазин New Fortune оваа богаташка двојка наводно има три деца.
„Претседателот Мао не поведе во искоренувањето на приватната сопственост, а неговата внука се омажи за капиталист и го прекрши законот за семејно планирање”, пишува Луо Чонгмин, владин советник во југозападна Кина.
Оваа контроверза одекна уште посилно и бидејќи кинеските власти претходно седмицава објавија истрага за тоа дали прославениот режисер Жанг Јимоу повеќекратно го прекршил законот за семејно планирање. Имено режисерот кој одушеви со режијата на отворањето на кинеските Олимписки игри и филмовите како „Херој” и „Куќата на летачките бодежи”, наводно има седум деца./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

