Економија
НБРМ ја задржа прогнозата за раст, ја ревидираше надолу прогнозата за инфлацијата
Народната банка на Република Македонија (НБРМ) ја задржа прогнозата за раст на македонската економија за годинава од 2,2 отсто, а ја ревидираше надолу прогнозата за инфлацијата на 2,8 отсто, од претходно прогнозираните 3,2 отсто.
Прогнозата за раст на македонската економија на НБРМ и натаму е пооптимистичка од онаа на владата и на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кои предвидуваат растот да не биде поголем од два отсто.НБРМ ја задржа и прогнозата за раст во наредната година, за кога предвидува забрзување на растот на три отсто, при очекување за позитивни ефекти од структурните промени врз извозот и умерен раст на домашната побарувачка.Главни двигатели на растот во 2013 година ќе бидат извозот и инвестициите, додека во 2014 година, покрај овие два фактори, се очекува личната потрошувачка да оствари дополнителен придонес во растот. Овој раст се очекува да биде поддржан преку одредено забрзување на стапката на кредитен раст.„Очекуваме умерен раст на економската активност во оваа и наредната година, движен од повисоката инвестициска активност и очекуваното закрепнување на извозот, а во 2014 година дополнително зајакнат и од повисокиот позитивен ефект од личната потрошувачка“, изјави гувернерот Димитар Богов.Тој истакна дека е извршена надолна ревизија на проектираната инфлација поради послабите инфлациски притисоци од увозните цени на храната и енергијата, а се очекува и отсуство на притисоците од домашната побарувачка.Централната банка предвидува за годинава умерено проширување на дефицитот на тековната сметка (-4,2 отсто), кое ќе биде поизразено во наредната година (-6,0 отсто).Се очекува постепен пораст на странските директни инвестиции, а се очекува пораст и на девизните резерви.НБРМ предвидува умерено забрзување на кредитниот раст при натамошен раст на депозитите и расположивите странски извори за финансирање.Ризиците околу остварувањето на ваквото макроекономско сценарио и натаму се главно од надворешна природа, а се поврзани со евентуалните промени во динамиката на заздравување на глобалниот економски раст и движењата на цените на примарните производи на светските берзи. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
АЛКАЛОИД АД Скопје ќе исплати за 14,3 % поголема дивиденда во однос на минатата година
АЛКАЛОИД АД Скопје објави дека седницата на годишното Собрание на акционери на Друштвото ќе се одржи на ден 30.03.2026 година со почеток во 08:00 часот во деловните простории на Друштвото, Бул. Александар Македонски бр. 12, Скопје, Република Северна Македонија.
Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје на седницата одржана на ден 26.02.2026 година донесе Предлог-Одлука со која му предлага на Собранието на акционери исплата на дивиденда за 2025 година во износ од 720,00 денари бруто односно 648,00 денари нето по акција, што во однос на исплатената дивиденда по акција за претходната година од 630,00 денари бруто односно 567,00 денари нето е поголема за 14,3%.
За исплатата на дивиденда и персонален данок на личен доход компанијата ќе издвои над 1 милијарда денари. Во согласност со предлог одлуката, исплатата на дивидендата ќе започне од 13.05.2026 година.
(ПР)
Економија
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците
Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,02 п.п., при што во јануари таа изнесува 2,20%, известува Народната банка.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,48 п.п. и изнесува 4,73%.
Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска
Економија
Николоски: Растот на превезена стока во товарниот сообраќај е силен поттик за економијата и нови работни места
Вкупното количество на превезена стока во товарниот патен превоз во четвртиот кварат од 2025 година е за 66, 7 проценти зголемен во споредба со истиот период 2024 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, информира министерот за транспорт, Александар Николоски.
Според него, големиот раст на превезнена стока во товарниот сообраќај е силен поттик за економијата и нови работни места.
„Државната статистика забележува и зголемување на карго превозот преку авиосообраќајот и тоа за 23, 7 проценти во четвриот квартал од 2025 година во споредба со истиот период 2024 година. Единствено се забележува намалување на железничкиот превоз за 13,4 проценти и тоа се должи на започнатите инфраструктурни проекти на железничката мрежа долж Коридор 10“, вели Николоски.
Ток, исто така, наведе дека во истиот пресметковен период во патничкиот транспорт превезени се вкупно 925 илјади патници, додека во воздухопловниот превоз регистрирани се 889 153 патници што, како што вели, покажува засилен раст како резултат на политиките за финансиска подршка што ги спроведува Министерството за транспорт за воведување на нови авиолинии.
Најмногу од патниците во делот на авиосообраќајот се превезени преку редовни авиолинии, а раст се забележува и кај чартер летовите.
Единствено намалување во четвриот квартал од 2025 година има во железнички превоз на патници и тоа според статистиката превезени се 34 илјади патници.

