Контакт

Економија

Ивановски побара поевтинување за 36 отсто на надоместокот за дигитализација

Објавено пред

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, во саботата соопшти дека е поднесено барање до oператорот ONE за намалување на цените за годишен надомест за дигитализација за 36 проценти, како за националните, така и за локалните (регионални) телевизиски станици.

dobivaj vesti na viber

„Годишната претплата на националните телевизии со намалување од 36 отсто би изнесувала 100 илјади наместо 150 илјади, а за регионалните телевизии 13.056, наместо над 20 илјади евра“,изјави министерот Ивановски денеска на прес-конференција. Според него, на првиот допис до ONE, операторот се согласил да ги намали цените за 10 отсто, но тоа не ги задоволуваше барањата, па беше побарано намалување за 36 проценти. „Се надеваме дека раководството на ОNE ќе ја разгледа оваа можност сериозно, ќе се консултира со нивниот управен одбор во Љубљана и оти ќе излезат со позитивен став“ додаде Ивановски. Покрај ова, министерството ќе достави измени на Законот за радиодифузна дејност до Собранието, со којшто се предвидува пет регионални телевизии да зрачат до Градот Скопје и скопските општини односно поделба на зоната Д1. Станува збор за две телевизии од Кавадарци (КТВ и Тиквешија), две од Велес (Здравкин и Канал 21) и една од Свети Николе (ТВ Свет). „Со ова телевизиите ќе заштедат многу средства и се исполнува нивното барање да не го покриваат градот Скопје и скопските општини со што би се создала нелојална конкуренција“, потенцира министерот. Од овие одлуки задоволство изразија претставникот на групацијата на национални радиодифузери, Иван Мирчевски и Марјан Тодоров од КТВ Кавадарци, кои присуствуваа на прес-конференцијата. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Мицкоски: По седум години застој градиме интерконектор за гас со Грција, од увозно зависна земја, ќе станеме земја која извезува електрична енергија

Објавено пред

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека конечно по 7 години застој се работи на интерконекторот за гас со Грција и стануваме земја низ која ќе транзитира гас, што заедно со другите проекти во енергетиката од увозно зависна земја, ќе нè направат земја која извезува електрична енергија што ќе влијае позитивно во финансиските биланси.

dobivaj vesti na viber

Во однос на изградбата на интерконекторот за гас со Грција, Мицкоски појасни дека на минатата влада и бил оставен завршен проект со потпишани договори, обезбедено финансирање, проектирање, но по 7 години тие ништо не направиле освен тендер со основ за корупција кој го довел во прашање финансирањето на истиот.

„Заемодавателите рекоа дека не го финансираат затоа што во тендерската документација има делови кои укажуваат на корупција и рекоа дека се повлекуваат или да се коригира тендерската документација да почне од почеток. Имајќи предвид дека овој интерконектор е многу значаен за иднината на државата, затоа што со него и интерконекторот во соседна Србија и крак до соседно Косово, ние стануваме многу значаен играч во делот на транзитот на енергенси, затоа што капацитетот на овој интерконектор околу е 3 милијарди метри кубни, со оние кои доаѓаат од исток ќе дојдеме до 4 или 4,5 милијарди метри кубни, а ние како држава трошиме половина милијарда, значи 4 милијарди ќе транзитираат. Прв пат стануваме земја која ќе биде на мапата транзит држави на ваков тип на енергенси и замислете тие си играат 7 години и тендерот паѓа затоа што имало основ за корупција. Ние ја коригиравме тендерската документација, ја објавивме, избравме изведувачи, пративме до заемодавателите и тие дадоа зелено светло“, изјави Мицкоски.

Додаде дека фирмата од пред еден месец е воведена во работа, теренските активности се завршуваат и се оди со исклучително брза динамика и околу 10 јули се планира официјално да им се претстави на македонските граѓани дека се гради втор интерконектор.

„Досега имавме еден со Бугарија, но еднонасочен, овој е двонасочен. И тој кој планираме да го градиме со Србија за да бидеме земја низ која ќе транзитира гас. Очекувам крајот 2026 година или почетокот на 2027 година, овој да биде функционален и поврзан со националниот гасовод на Македонија. Тоа е сериозна работа, бидејќи ќе може да се донесат нови количини за новите гасни централи кои ги планираме во Скопје, но и низ државата. Енергетската независност не е само со овој интерконектор, туку продолжуваме да ја градиме бидејќи тоа е архитектура за иднината на државата“, потенцираше Мицкоски.

Тој посочи дека се почнува и со многу значаен проект, а тоа е ветерниот парк во Штип, Карбинци и Радовиш кој годишно со максимален капацитет ќе произведува 1 терават час електрична енергија, тоа е околу 20% од денешно планирано производство на АД ЕСМ и за прав пат оваа година се очекува да заврши годината со резултат еднаков на нула, односно ќе произведеме онолку колку ќе потрошиме.

„Се разбира ќе има периоди од годината кога ќе увезуваме, тоа е најчесто зимно, ќе има и кога ќе извезуваме, но на крајот на годината за прв па ќе бидеме нула, нема да бидеме увозно зависна, а потоа откако ќе бидат пуштени првите количини ќе бидеме извозник, што е историски показател, ќе имаме вишок на електрична енергија и тоа ќе влијае и во финансиските биланси и во БДП“, изјави Мицкоски.

Додаде дека со Косово обезбедуваме околу милион тони јаглен кој понатаму ќе се плати со струја, а не како порано со тендери, високи цени, броење кеш, сега е поразлично и прашање е зошто порано се плаќал јагленот поскапо од сега и каде одела таа разлика.

Прикажи повеќе...

Економија

Славески со претставници на членките на МБА: во фокусот предлозите за намалување на трошоците што ги сносат граѓаните и компаниите при користење на платежните услуги

Објавено пред

Во просториите на Македонската банкарска асоцијација се одржа работна средба помеѓу гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, и претставници на членките на Асоцијацијата. На состанокот, гувернерот ги претстави ставовите и предлозите на централната банка во насока на намалување на трошоците што ги сносат граѓаните и компаниите при користење на платежните услуги.

dobivaj vesti na viber

Во своето обраќање, гувернерот истакна дека целта на иницијативата е провизиите да се постават на ниво кое ќе биде одржливо за банките, но истовремено да бидат фер и прифатливи за корисниците. При тоа Народната банка е подготвена да го направи првиот чекор во оваа насока со намалување на надоместоците што ги плаќаат банките за користење на услугите во МИПС. Истовремено очекуваат банките во најкус можен рок да ја ревидираат висината на надоместоците за извршување на плаќањата за граѓаните и компаниите и да ги постават на разумно ниво, односно: намалување на надоместоците за одржување на платежни сметки за правни лица, со акцент на олеснување на товарот врз малите и средни компании; укинување на надоместоците за користење електронско и мобилно банкарство; укинување на надоместоците за плаќања со платен налог во рамки на иста банка; намалување на надоместоците за меѓубанкарски плаќања во денари преку платните системи КИБС и МИПС; поедноставување и намалување на трошоците за подигнување готовина на банкомати на други банки и намалување на надоместоците што банките ги наплатуваат од трговците за прифаќање картички.

Во рамки на средбата претседателката на Македонската банкарска асоцијација, Маја Стевкова Штериева, изрази благодарност до гувернерот Трајко Славески за изнесеното обраќање и ги сподели ставовите на Асоцијацијата по однос на предлозите за намалување на надоместоците за платежни услуги.

Во своето излагање таа потенцираше дека цените на банкарските услуги се определуваат индивидуално од страна на секоја банка, преку органите на управување, и дека Македонската банкарска асоцијација, од своето основање до денес, никогаш не дискутирала за цените на производите или услугите како заедничка тема. „Во иднина, ќе продолжиме да дискутираме за можните насоки на дејствување, но одлуките за цените остануваат во надлежност на секоја банка поединечно“, истакна таа.

Воедно, посочи дека е важно да се согледа контекстот на податоците што се објавуваат во јавноста, особено во однос на учеството на надоместоците во приходите на банките. Таа додаде дека банкарскиот сектор е меѓу најтранспарентните во земјата, обврзан да објавува точни и детални информации согласно регулативата, што не е случај со голем дел од другите сектори во економијата. „Кога правиме споредби, мора да имаме предвид дека банкарскиот сектор функционира на високо ниво на транспарентност, додека кај многу други сектори тоа не е така – податоците често се нецелосни или неточни“, нагласи Стевкова Штериева.

Во однос на евентуалното намалување на одредени надоместоци, таа посочи дека станува збор за сложен процес кој бара внимателна анализа на трошоците, особено имајќи ги предвид значајните расходи што банките ги имаат, како во делот на ИТ, така и за услугите поврзани со меѓународни провајдери во областа на картичниот бизнис. „Затоа се залагаме колку што е можно повеќе услуги да се развиваат со сопствени ресурси во Македонија, што би придонело за намалување на трошоците и овозможување поповолни услови за клиентите“, додаде таа.

Како еден од потенцијалите за намалување на трошоците, беше посочено и најавеното намалување на надоместокот за користење на МИПС-системот, што би можело да се транспонира во пониски трошоци за клиентите во иднина.

Македонската банкарска асоцијација останува отворена за соработка и ќе делува во насока на унапредување на платежните услуги, вклучително и преку разгледување на предлозите и иницијативите изнесени од страна на гувернерот.

Прикажи повеќе...

Економија

Собранието даде зелено светло за укинување на царините за стока од САД

Објавено пред

Од

Собранието го усвои Законот за изменување и дополнување на Законот за царински тарифи. Со изгласувањето на овие измени, Собранието даде зелено светло на планот на Владата за намалување на царинските давачки за голем број суровини и репроматеријали кои се клучни за домашната индустрија и енергетскиот сектор. Со предлогот се предвидува намалување до 50% на царинските стапки кои важат во ЕУ и се укинуваат царините за увоз на стоки со потекло од САД, изјави Љупчо Пренџов, пратеник од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“.

dobivaj vesti na viber

Според него, овие мерки ќе имаат повеќеслојно позитивно влијание: намалени трошоци за производство, подобрена конкурентност на домашните компании на странските пазари и поттикнување на нови инвестиции и отворање нови работни места.

Како што рече, укинувањето на царините за стоки со потекло од Соединетите Американски Држави не е само трговска, туку и стратешка и дипломатска одлука – сигнал за нашата зголемена подготвеност за продлабочена економска соработка со стратешките партнери и поддршка за слободната и фер трговија.

„Со оваа законска измена македонските компании ќе бидат поконкурентни, цените на производството ќе се намалат, извозот ќе се зголеми, што директно ќе се одрази врз растот на националната економија“, рече Пренџов.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Од 1 јули целосна забрана за движење во шумите

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на ЈП Национални шуми – Скопје, согласно член 57, став 3 од...

Македонија3 часа

(Видео) Филипче до Мицкоски: За јазикот и идентитетот никогаш не се преговарало, тие се потврдени со документи во ЕУ

На денешната седница на пратенички прашања, претседателот на СДСМ Венко Филипче со предупредување до премиерот Мицкоски и Владата во врска...

Македонија4 часа

Мицкоски до Филипче: Зошто преговаравте за македонскиот идентитет и јазик, ние ќе сториме сѐ да ја внесеме Македонија во ЕУ

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања потенцираше дека Владата ќе стори сѐ да ја...

Свет7 часа

Топлотни бранови низ целиот свет: „Многу е рано, не изгледа добро“

Поради неподносливата топлина, Торонто одлучи да ги држи своите градски базени отворени речиси до полноќ. Британците масовно бегаат кон брегот....

Македонија7 часа

Синдикат на култура: Работници немаат добиено плата за мај, инструкции се даваат по телефон

Две институции од областа на културата, НУ Стоби и ЈУ Универзална сала, немаат плата за мај. Причината лежи во тоа...

Македонија8 часа

Поднесено обвинение за таткото од Драчево кој ја тепаше крвнички неговата четиригодишна ќерка

Обвинителството поднесе обвинение против таткото од скопско Драчево кој крвнички ја тепаше неговата четиригодишна ќерка. „Обвинетиот, на 21 јуни, вршејќи...

Македонија8 часа

Халкидики: Се удави 19-годишен турист од Северна Македонија

Деветнаесетгодишно момче од Македонија се удави во вторникот попладне на централната плажа во Ханиоти на Халкидики, објави halkidikinews. Според извештајот...

Свет9 часа

Белата куќа: Иран не го преместил збогатениот ураниум пред нападот

Администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, ја отфрли хипотезата дека Иран го преместил високо збогатениот ураниум пред американските напади. Доналд...

Регион22 часа

Бугарскиот премиер: Целта на Северна Македонија е членство во ЕУ, а не освојувaње на Вавилон

Бугарскиот премиер Росен Жељазков разговараше со претседателката на Република Македонија Гордана Силјановска за време на самитот на НАТО во Хаг,...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова: Куса средба со Трамп – симболичен гест на почит и партнерство

Претседателктата Гордана Сиљановска-Давкова на маргините на самитот на НАТО во Хаг се сретнала со американскиот претседател Доналд Трамп. „Кратка средба...

Македонија1 ден

Институциите до работодавачите: Да се работи од далечина каде што е изводливо, работниците да не бидат надвор од 11 до 17 часот

Министерството за економија соопшти дека во согласност со усвоената Информација за спроведување на мерки од Фаза 3 на Акцискиот план...

Македонија1 ден

Адвокатот на Ѓорчевски: Нема одговор зошто беше киднапирана и убиена Вања, и зошто се инсистираше татко и’ да е дел од постапката

Владимир Туфегџиќ – адвокатот на таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски ја коментираше денешната ослободителна пресуда за неговиот клиент,...

Македонија1 ден

Обвинителството ќе се жали на ослободителната пресуда за таткото на Вања

Обвинителството ќе се жали на ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска, кој беше обвинет дека помагал...

Свет1 ден

Трамп: Ако не ги уништeвме нуклеарните комплекси на Иран, тие никогаш немаше да се согласат на мир

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на прес-конференција за време на самитот на НАТО во Хаг изјави дека американските воздушни напади...

Македонија1 ден

Доживотен затвор за убиството на Вања и Панче, таткото ослободен од обвинение

Кривичниот суд пресуди доживотен затвор за Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов за грабнување и за убиството  на 14-годишната Вања...

Свет1 ден

Белата куќа: Извештајот за нападот врз Иран на „Си-ен-ен“ му го даде анонимен губитник од низок ранг

Американските медиуми објавуваат дека првичната проценка направена од Агенцијата за разузнавање на Министерството за одбрана на САД (DIA) покажала дека...

Свет1 ден

Американски разузнавачки служби го открија извештајот: Нападите не ја уништија нуклеарната програма на Иран

Нападите на американската војска врз три ирански нуклеарни објекти минатиот викенд не ги уништија клучните компоненти на нуклеарната програма на...

Македонија1 ден

Евакуирани македонски државјани од Израел, мајка и три деца слетаа во Атина

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека вчера беше реализирана евакуација на четири македонски државјани, односно едно семејство...

Македонија1 ден

Филипче до Мицкоски: Најлошото допрва доаѓа

Во рамки на теренските активности, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, беше во Кавадарци каде што оствари средби со граѓани и...

Македонија1 ден

Изгаснат пожарот во Трубарево што ги труеше жителите на Гази Баба и Аеродром

По девет часа интензивна работа и посипување на повеќе од 40 камиони земја на локацијата во Трубарево, повеќе нема бел...