Контакт

Економија

Исплатена првата транша помош за Кипар

Објавено пред

Првата транша помош за Кипар во износ од две милијарди евра исплатена ево понеделникот, а уште една милијарда ќе биде исплатена до 30 јуни, соопшти Европскиот стабилизациски механизам (ЕСМ), трајниот фонд за финансиска помош на државите на еврозоната.

Согласно одлуките на министрите за финансии на државните членки на еврозоната од 25 март, на Кипар му е одобрена финансиска помош до 10 милијарди евра во следните три години, од што ЕСМ ќе обезбеди девет милијарди, а Меѓународниот монетарен фонд милијарда евра.„Оваа помош ќе му овозможи на Кипар да добие на време за да ги преземе потребните реформи и повторно да ја изгради својата економија на одржливи основи“, изјави главниот директор на ЕСМ, Клаус Реглинг.Заемот му е одобрен на Кипар под услов Никозија сама да собере неколку милијарди евра, што ќе го стори со оданочување на големите депозити над 100.000 евра. Овој услов за прв пат е пропишан во некоја членка на еврозоната која побарала помош./крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Заев: Се отвораат нови добро платени работни места со инвестицијата на „Филип Морис“

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, присуствуваа на настан по повод отворањето на 50 нови работни места како резултат на иницијативата на „Филип Морис тутунски комбинат Прилеп“ (ФМТКП) за реалокација на центарот за корисничка поддршка од Атина во Скопје. Центарот започна со работа во Скопје и оттука ќе се води грижа за корисниците на новите иновативни производи на компанијата во Северна Македонија, но и на 4 други земји во регионот, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Филијалата на контакт-центарот за корисничка поддршка во Скопје е дел од светскиот гигант „Teleperformance“, кој има преку 380 илјади вработени ширум светот кои покриваат 83 земји. Премиерот Зоран Заев истакна дека оваа инвестиција покажува дека владините стимулативни политики за компаниите даваат конкретни резултати.

„Ги повикувам и охрабрувам компаниите да продолжат да инвестираат, а ние како Влада ќе останеме посветени кон развојот на бизнис-климата во земјата. Глобалните компании како ‘Филип Морис интернешнл’  вложуваат во иновации и развој, отвораат нови можности за младите да работат во средина карактеристична за големите светски реномирани компании. Тоа значи и можност за професионален напредок по меѓународни стандарди. Денешната инвестиција на компанијата овозможи 50 млади луѓе да ја започнат својата кариера во меѓународна компанија каде младите ќе имаат можност за професионален напредок по меѓународни стандарди. Задржување на младите во земјава и развојот на компаниите во Северна Македонија е императив за економските политики кои ги спроведуваме. Вложуваме многу во овој сегмент и посебно сме горди кога сме на ваков настан да ги слушнеме резултатите, успесите и плановите за развој на приватниот сектор”, истакна Заев.

Иван Костиќ, генерален директор на ФМТКП, истакна дека „Филип Морис интернешнл “ влезе на македонскиот пазар во 2014 година преку стратешко партнерство со „Тутунски комбинат Прилеп“.

„Поставивме заедно нови стандарди и успеавме да ја трансформираме тутунската индустрија во земјата. Од една страна Тутунски комбинат Прилеп  постигнува одлични резултати што се однесува до производството на цигари, а од друга страна ‘Филип Морис’ во Македонија го комерцијализираше IQOS, иновативен уред кој го загрева, но не го согорува тутунот, а кој има потенцијал да ја трансформира целата тутунска индустрија и да обезбеди иднина без тутунски чад. Од таа причина, ми претставува голема чест и задоволство што сме денеска заедно на претставувањето на иницијативата на ‘Филип Морис’ за реалокација на регионалниот центар за корисничка поддршка на корисниците на IQOS од Атина во Скопје”, истакна Костиќ.

За значењето на инвестицијата зборуваше и Миxел Шмит, главен извршен директор на „Телеперформанс“ Германија, задолжен за македонската филијала кој во своето обраќање наведе дека од 2020 година Северна Македонија стана 77. земја во која отворивме свое претставништво.

„Станува збор за ултра модерен центар за корисничка поддршка во Скопје во кој отворивме 300 работни места, за денес истата бројка да се прошири со дополнителни 50 нови вработени преку реалокација на центарот за грижа на корисници на ‘Филип Морис’ од ‘Телеперформанс’ Атина во Скопје. Ги поддржуваме младите кои сакаат да работат во интернационална компанија во која ќе бидат инспирирани да учат, да растат и се развиваат. Нудиме одлични можности за работа, атрактивна плата и пријатна работна атмосфера со цел младите да останат да работат во државата. Просечната возраст на нашите вработени е 28 години од кои 50% се жени, додека просечната плата е околу 700 евра, што е над просечната плата во земјата“, додаде Шмит.

На настанот беа присутни и претседателот на Управниот одбор на „Тутунски комбинат Прилеп“ Никола Џамбазовски, генералниот директор на „Тутунски комбинат Прилеп“ Кире Станкоски, како и други претставници на „Телеперформанс“.

Прикажи повеќе...

Економија

Бочварски: Привршува изградбата на обиколницата во Штип, експресниот пат до Радовиш готов до април 2022 година

Објавено пред

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, изјави дека привршува изградбата на обиколницата во Штип и најави дека експресниот пат до Радовиш ќе биде готов до април 2022 година.

Тој изврши увид во изградбата на втората фаза од експресниот пат Штип – Радовиш.

„Вкупната инвестиција е 15 милиони евра, а должината на оваа втора фаза изнесува 17 километри. Прогресот на градежите работи е 65 проценти и според договорот, експресниот пат комплетно ќе биде завршен vo април 2022 година“, рече министерот.

Тој потенцираше дека обиколницата околу Штип ќе биде готова за 30-тина дена, со што сообраќајот низ градските улици низ Штип ќе се растoвари.

„Покрај завршувањето на обиколница Штип, завршена е и клучката од Бучим до Радовиш и на почетокот на месец октомври и оваа делница ќе се стави во функција. Со изградбата на овој патен правец даваме пример како се гради одговорно, како се гради навремено и модерно според сите европски стандарди. Со инвестициите што ги реализираме во овој регион даваме поттик на преку 12 илјади мали и средни фирми и обезбедуваме просперитет на преку 170 илјади граѓани“, изјави Бочварски.

Директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, информираше дека вкупната должина на експресниот пат Штип – Радовиш е 40.4 километри, од кои 23 километри веќе се пуштени во употреба.

„Оваа втора фаза од изградбата на експресниот пат е во должина од 17 километри и поделена на две секции. Првата секција ја опфаќа делницата од Три Чешми до Штип Југ, а втората од клучката Бучим до Радовиш. На оваа делница вкупно се изведени 16 објекти за премостување и 3 клучки. Очекуваме работните активности да завршат пролетта 2022 година“, рече Рустеми.

На новинарско прашање, во однос на законот за легализација, министерот Бочварски истакна дека предлог Законот е доставен до Владата и на следната владина седница ќе биде разгледуван.

Прикажи повеќе...

Економија

РКЕ почна постапка за одземање на лиценците на двајца снабдувачи на електрична енергија

Објавено пред

Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) почна со постапки за одземање лиценци на двајца снабдувачи на електрична енергија.

Од таму појаснуваат дека клучната причина поради која се почнати постапките се поради тоа што снабдувачите Друштвото за производство, трговија и услуги „Мист енерџи“ ДООЕЛ Скопје и Друштвото за трговија со електрична енергија „Уповер“ ДОО експорт-импорт Скопје не ги обезбедиле навреме и во целост количините на електрична енергија за кои имаат склучено договори со потрошувачите и нe постапиле во целост по претходно донесените одлуки на РКЕ со кои им беа наложени мерки за усогласување на работењето.

За снабдувачот со електрична енергија „Енергија гас енд пауер“ ДООЕЛ Скопје, РКЕ донесе одлука за преземање мерки со што практично снабдувачот треба да достави докази дека ја има обезбедено потребната количина електрична енергија за потрошувачите.

„’Мист енерџи’ и ‘Уповер’ не купиле електрична енергија навреме и сега кога цените на берзите се зголемија, количините кои им недостигаат ги надополнувале од резервите на МЕПСО кои се наменети за балансирање на електроенергетскиот систем. МЕПСО ја алармираше РКЕ дека е евидентирано неоправдано зголемено ангажирање на електричната енергија која се користи за исклучителни ситуации. Дополнително оваа електрична енергија што снабдувачите ја користеле од механизмот за балансирање е поевтина од берзанската цена, со што ја нарушуваат конкуренцијата и ја загрозуваат стабилноста на електроенергетскиот систем. РКЕ ја следи состојбата во континуитет и пред еден месец побара од овие снабдувачи да доставуваат (докази дека имаат обезбедено електрична енергија) номинации согласно потребите на своите потрошувачи, но до истекот на рокот не постапија и затоа отпочнуваме со постапка за одземање на лиценци“, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

Исто така, РКЕ донесе одлуки со кои им налага на снабдувачите „Соларопро холдинг“ ДООЕЛ, „Вангард“ ДОО Скопје и „Енерџи акитиве“ увоз-извоз ДООЕЛ Скопје точно и целосно да ги информираат потрошувачите за нивните права и обврски.

„Регистриравме делумно  информирање и обиди за манипулација од страна на снабдувачите кон потрошувачите. Па така, дел од снабдувачите почнале да ги раскинуваат договорите со домашните компании, министерства, јавни претпријатија и други установи пред време и се обиделе да им фактурираат по нови цени. Сакам да потенцирам дека преку донесените закони и правилници потрошувачите се заштитени и снабдувачот не смее да им ја промени цената од договорот додека трае периодот на промена на снабдувач, односно додека не склучи нов договор. Снабдувачот е обврзан да му ја фактурира испораката на струја на потрошувачот согласно цената во договорот за снабдување. Доколку тоа не го прави и манипулира РКЕ ќе почне со соодветни постапки“, рече Бислимоски.

Тој потенцира дека овие ценовни дисторзии се евидентирани на слободниот пазар на големо, додека цената на електричната енергија за домаќинствата е стабилна и гарантирана од домашниот производител ЕСМ.

„Универзалниот снабдувач ја има обезбедено потребната енергија“, изјави Бислимоски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Ќе се воведуваат брзи тестови во училиштата

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека ќе се воведат брзи антигенски тестови во училиштата. Според него, најголем дел од...

Македонија3 часа

Трета доза вакцина за граѓаните над 60 години, здравствените работници и тие со имунокомпромитирани состојби

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека во земјава ќе се воведува трета доза вакцина. Станува збро за вакцината „Фајзер“,...

Свет4 часа

СЗО: Загадувањето на воздухот е поопасно отколку што мислевме

Светската здравствена организација предупредува дека загадувањето на воздухот е уште поопасно отколку што се мислеше – бидејќи концентрацијата на опасни...

Европа4 часа

Директорот на „Модерна“ очекува крај на пандемијата за една година

Извршниот директор на компанијата „Модерна“, Стефан Бансел верува дека пандемијата на коронавирус ќе заврши за една година, бидејќи зголеменото производство...

Спорт7 часа

(Видео) Хулиганите дивеат на стадионите во Франција

Нови навивачки инциденти го обележаа колото во Лига 1. Навивачи на Монпелје и Бордо се тепале пред натпреварот на двата...

Свет7 часа

Шестчасовни разговори меѓу руските и американските воени челници

Највисоките американски и руски воени претставници вчера одржаа шестчасовни разговори во Хелсинки, што беше нивна прва директна средба од 2019...

Македонија8 часа

Пендаровски ќе се обрати на 76. Генерално собрание на ОН

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Њујорк ќе се обрати на Генералната дебата на 76. Сесија на Генералното собрание на Обединетите...

Свет17 часа

Рендгенски снимки покажуваат како вакцината ги штити белите дробови од Ковид-19

Во целиот свет, бранот на делта варијантата доведе до зголемување на бројот на заразени со коронавирус. Истата ситуација беше забележана...

Македонија20 часа

Приведена очна лекарка од Куманово, која преку поткуп собрала 116.000 денари

Полициски службеници од Отсекот за економски криминал при СВР Куманово, утрово, во 7 часот, извршиле претрес во просториите на очното...

Македонија23 часа

Филипче: Пристигнаа 110.612 вакцини од „Фајзер“ за кои има голем интерес

Денеска, во земјата пристигнаа 110.612 вакцини од производителот „Фајзер“/„Бионтек“, објави на социјалните мрежи министерот Венко Филипче. Како што посочува тој,...

Македонија1 ден

Законот за употребата на јазиците нема да се менува во зависност од пописот, рече Заев

Пописот нема ретроградно да влијае на Законот за употреба на јазиците, туку целта е да се знае колку граѓани има...

Економија1 ден

Имот над 30 илјади евра чие потекло нема да може да се докаже ќе биде конфискуван

Ќе се конфискува имотот од над 30 илјади евра чие потекло нема да може да се докаже, предвидува драфт верзијата...

Македонија1 ден

Наставата продолжува со физичко присуство, состојбата со ковид во училиштата засега е стабилна

Состојбата со Ковид-19 во училиштата е стабилна, се следи на дневно ниво и според проценките на Главниот координативен кризен штаб,...

Македонија1 ден

Софијанова: Коронавирусот кај децата најчесто дава полесна клиничка слика, но може да предизвика сериозен синдром

Коронавирусот кај децата најчесто дава полесна клиничка слика која се третира само со симптоматска терапија. Но неопходно е секој случај...

Регион1 ден

„Еуроактив“: Вашингтон го зголемува притисокот врз Софија за евроинтеграцијата на Скопје

Вашингтон го зголемува притисокот врз Бугарија, барајќи од неа да се откаже од ветото за интеграција на Северна Македонија во...

Македонија1 ден

Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан

Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан и е на 40 место во светот, според истражувањето на Институтот за економија...

Регион1 ден

Хеликоптери на КФОР надлетуваат над премините на северот на Косово, ситуацијата мирна но напната

Покрај припадниците на „Росу“ ситуацијата на северот на Косово ја следеше КФОР, кој патролираше со хеликоптер, пишуваат регионалните медиуми. Главните...

Македонија1 ден

Попишани 1.212.339 луѓе, 378.033 домаќинства и 516.787 станови

Вкупно 1.212.339 лица, 378.033 домаќинства и 516.787 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за...

Македонија1 ден

Вчера се вакцинирале 12.099 граѓани, од нив 2.969 примиле прва доза

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 776.659 граѓани. Прва доза вакцина вчера...

Свет1 ден

Талибанците бараат да се обратат на Генералното собрание на ОН

Талибанците побараа да им се обратат на светските лидери пред Обединетите нации, a за таа пригода го назначија својот портпарол...

Досие