Економија
Бугарија: Инвеститорите ќе ја чекаат новата влада

Тешко ќе се најде инвеститор кој во сегашните услови че започне нов проект пред да почека и да види што ќе прави новата влада на Бугарија и што ќе се случува натаму, рече во четвртокот финансискиот експерт Емил Хрсев за софиското радио Фокус.
Според Хрсев, тоа ќе доведе, најмалку, до забавување на новите инвестиции во земјата. Несигурноста се должи на ниското ниво директни инвестиции, смета експертот.
Меѓутоа, вели натаму Хрсев, економија инаку не страда тешко од настаните коишто се случуваат на улиците, мислејќи на повеќемесечните протести со коишто беа издејствувани предвремените парламентарни избор.
Вели дека евентуалното забавување на процесот на формирање на новата влада на Бугарија ќе дејствува негативно но не и фатално за економијата на земја, бидејќи според него нема таква зависност меѓу политиката и стопанството.
Опцијата за отстранување на валутниот борд е невозможна и неправовремена, смета Хрсев./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Фотографскиот гигант Кодак, стар 133 години, пред банкрот

Поранешниот фотографски гигант Eastman Kodak, компанија со традиција од 133 години, ги предупреди инвеститорите дека е во опасност од банкрот.
Во својот извештај за заработка, Кодак соопшти дека нема „обезбедено финансирање или достапна ликвидност“ за да отплати долг од приближно 500 милиони долари, пишува CNN.
„Овие услови фрлаат значителен сомнеж врз способноста на компанијата да продолжи како континуирана компанија“, се наведува во документот на Кодак.
Компанијата се обидува да собере пари со суспендирање на плаќањата во својот пензиски фонд.
И покрај мрачните прогнози, извршниот директор Џим Континенца тврди дека компанијата постигнала напредок.
„Во вториот квартал, Кодак продолжи да постигнува напредок во однос на нашиот долгорочен план и покрај предизвиците на неизвесната деловна средина“, рече тој.
Портпаролот на компанијата додаде за CNN дека тие се „уверени дека ќе можат да отплатат значителен дел од нивниот долгорочен заем многу пред рокот на достасување и да го модифицираат, продолжат или рефинансираат преостанатиот долг и/или обврските за преференцијални акции“.
Веста силно одекна на пазарот, а акциите на Eastman Kodak (KODK) паднаа за повеќе од 25 проценти во вторникот.
Компанијата Eastman Kodak е основана во 1892 година, но нејзините корени датираат од 1879 година, кога основачот Џорџ Истман патентирал машина за обложување плочи. Тој го продал првиот фотоапарат на Кодак во 1888 година за 25 долари.
Во тоа време, фотографијата била резервирана за малкумина поради нејзините технички барања, но фотоапаратот на Кодак бил дизајниран да ја доближи до масите. Истман, исто така, го создал легендарниот слоган: „Вие го притискате копчето, ние го правиме останатото“.
Самото име Кодак нема никакво значење. Според компанијата, Истман го измислил затоа што му се допаѓала буквата К. „Буквата „K“ ми беше омилена – се чувствува како силна, моќна буква“, објасни тој.
Кодак доминираше на пазарот со децении. Во текот на 1970-тите, според Economist, тие држеа 90 проценти од продажбата на филмови и 85 проценти од продажбата на фотоапарати во САД, а хит-песната на Пол Сајмон „Kodachrome“ беше на врвот на листата во 1973 година. Иронично, падот беше потпомогнат од технологијата што самите ја измислија – првиот дигитален фотоапарат, воведен уште во 1975 година.
Компанијата не успеа да се прилагоди на дигиталната ера и поднесе барање за банкрот во 2012 година, со долгови од 6,75 милијарди долари кон 100.000 доверители. Краткорочно закрепнување се случи во 2020 година, кога американската влада ги ангажираше да произведуваат фармацевтски состојки. Цената на акциите потоа скокна толку многу што тргувањето беше запрено дури 20 пати во еден ден.
Иако повторно се соочува со загуби, Кодак објави планови за проширување на фармацевтскиот дел од својот бизнис. Компанијата продолжува да произведува филмови и хемикалии за други компании, вклучително и филмската индустрија.
Фото: принтскрин/инстаграм
Економија
Голем пад на „Тесла“ на два важни пазара, кинескиот бренд процвета

„Тесла“ регистрираше голем пад на продажбата на автомобили во Велика Британија и Германија минатиот месец, додека, пак, кинескиот BYD регистрираше историски раст на продажбата во двете земји.
Во Велика Британија, „Тесла“ продаде само 987 возила минатиот месец, што е пад од 59,9 проценти во споредба со јули 2024 година, според податоците од здружението SMMT.
Дополнително, во Германија, продажбата на возила на „Тесла“ во јули се намали за 55,1 процент на годишно ниво на 1.110 единици.
Вкупниот резултат на „Тесла“ во Германија за првите седум месеци од 2025 година е исто така слаб – продадени се само 10.000 возила, што е пад од дури 57,8 проценти на годишно ниво.
За разлика од „Тесла“, BYD продаде 3.184 возила во Велика Британија во јули, четири пати повеќе отколку во истиот месец минатата година, додека во Германија растот на продажбата беше речиси 390 проценти.
„Тесла“ се бори на европскиот пазар поради зголемената конкуренција од кинеските производители, но и поради политичките активности на извршниот директор Илон Маск.
Маск претходно во јули предупреди дека „Тесла“ може да очекува неколку тешки квартали поради новите царини и укинувањето на даночните олеснувања за електрични возила во Соединетите Американски Држави.
Економија
Министерството за финансии: Од денеска исплатите од буџетот транспарентно ќе се објвавуваат во посебна база за буџетски трошоци во изборен период

Министерството за финансии согласно одредбите од Изборниот законик од денеска на својата веб-страница ќе ги објавува буџетските исплати во посебна база за буџетски трошоци во изборен период.
Имено, согласно Изборниот законик Министерството за финансии од денот на донесување на Одлуката за распишување на изборите до нивното завршување има обврска во посебна база да ги објавува податоците за сите буџетски исплати, освен редовните за плати, пензии и комунални трошоци.
Исто така, Министерството за финансии две недели по распишување на изборите има обврска да поднесе и предизборен финансиски извештај во којшто ќе биде опфатен преглед на сите планирани и реализирани приходи и расходи од Буџетот по ставки, во периодот од почетокот на фискалната година до денот на поднесување на извештајот којшто се објавува на веб-страната на Министерството за финансии.
Претседателот на Африм Гаши, на 9 август 2025 година ги распиша локалните избори, коишто ќе се одржат на 19 октомври.