Економија
Словенија размислува за тужба против Moody's
Словенија размислува за можна тужба против бонитетната агенција Moody’s која драстично и` го намали кредитниот рејтинг, во моментот на силните активности на тамошната влада на издавање на државните обврзници, изјави премиерката Аленка Братушек во интервју за мариборскиот дневен весник Večer објавено во саботата.
„Размислуваме за правна акција против Moody`sи на тоа сум лично наклонета. Неоправдано се вмешаа во постапката на издавање на словенечките државно обврзници, а такво нешто не би смеела да прави ниедна кредитна агенција“, вели словенечката премиерка.
Со продажбата на двете државни обврзници во американски долари, Словенија од почетокот на мај на финансискиот пазар успеа да се задолжи за 2,7 милијарди евра, при што за обврзницата со десетгодишно доспевање на обврските мораше да понуди камата од 6 отсто. Министерството за финансии мораше, меѓутоа, активностите на пласманот на обврзниците привремено да го прекини, откако од Moody`s го намалија кредитниот рејтинг на Словенија за две нивоа.
Агенцијата Moody`s на 1-ви мај го намали кредитниот рејтинг на Словенија од Ба1 на Баа2, сигнализирајќи има на потенцијалните инвеститори дека словенечкиот државен долг дошол во категоријата „ѓубре“ поради проблемите во словенечкиот банкарски сектор и зголемувањето ан веројатноста дела на Словенија ќе и` биде потребна меѓународна финансиска помош, што премиерката Аленка Братушек упорно го негира.
Пред можните правни дејствија, словенечкото министерство за финансии ќе побара од Moddy`s појаснување, бидејќи со оваа агенција стапиле во контакт пред роуд-шоуто за пласман на обврзниците, но можноста за намалување на рејтингот не им била спомената со ниеден збор, вели Братушек, додавајќи дека во случај дека за таа можност била информирана, Словенија тогаш привремено би се откажала од таа акција.
Братушек за весникот Večer тврди и дека се неоправдани медиумските шпекулации дека Европската комисија не е задоволна од програмата со којашто нејзината влада има намера да ги стабилизира јавните финансии и да го санира домашниот банкарски сектор, а оти од Брисел очекува дека ќе и` го продолжи рокот за намалување на буџетскиот кусок на нови пот 3 отсто од бруто домашниот производ (БДП), бидјеќи такво одложување добиле и некои други земји./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

