Економија
Карлос Слим излегува од тутунската индустрија
Мексиканецот Карлос Слим, еден од најбогатите луѓе на планетата, донел одлука да излезе од тутунската индустрија во којашто беше вклучен повеќе до 30 години, се наведува во соопштението објавено на интернет страницата на берзата во Мексико.
Карлос Слим го продава својот 20 отсто од акциите на компанијата Philip Morris Mexico за 700 милиони американски долари. Сопственик на овие акции ќе стане Philip Morris Internacional. Се претпоставува дека трансакцијата ќе биде финализирана во септември годинава.
На крајот од 2012 година Philip Morris Mexico заземаше речиси 74 отсто од тутунскиот пазар во Мексико, продавајќи 34 милијарди цигари.
На неодамна објавената листа на Bloomberg на стоте најбогати луѓе на светот, Мексиканецот со либанско потекло беше рангиран на второто место за тековната фискална година, имено 73-годишниот Карлос Слим изгубил речиси три милијарди долари, што е последица на одлуката на Конгресот на Мексико од март за направи промени во регулирањето на домашниот телекомуникациски пазар. По спроведувањето на оваа реформа уделот на компанијата America Movil во сопственост на Слим, не може да надминува повеќе од 50 отсто од мексиканскиот телекомуникациски пазар, иако претходно таа беше фактички монополист во тој сегмент. Богатството на Карлос Слим е проценето на 71,2 милијарди долари и се намалило за 14 проценти.
Неговиот основен бизнис е во телекомуникацискиот пазар во Мексико и во повеќе земји во Латинска Америка. Покрај компаниите America Movil, Telcel и Telmex, главната актива на претприемачот е Grupo Carso којашто контролира редица крупни мексикански компании./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

