Економија
И Forbes го прогласи Бил Гејтс за најбогат човек на светот
Основачот и претседател на бордот на директори на информатичкиот гигант Microsoft, Бил Гејтс, повторно стана најбогат човек во светот, сменувајќи го на врвот мексиканскиот магнат Карлос Слим, објави во четвртокот навечер интернет страницата на магазинот Forbes. Минатиот петок истиот редослед на топ листата од најбогатите луѓе на планетата го објави и Bloomberg.
Во понеделникот, акциите на компанијата „America Movil“, во сопственост на Карлос Слим, загубија 0,24 отсто од вредноста, така што според процените на Forbes богатството на Мексиканецот од 82,7 милијарди американски долари паднало на 69,86 милијарди долари. Истовремено, акциите на Microsoft се пораснаа за 0,6 отсто, па така сопственоста на Бил Гејтс се зголемила за 88,4 милиони долари. Така, најбогатиот човек во светот на 20-ти мај 2013 година имал вредности во висина од 70 милијарди долари. Меѓутоа, неговото богатство не се должи само на Microsoft, бидејќи тоа има удал од само една четвртина во неговото богатство. Гејтс има многу инвестиции кои му носат добивки, вклучувајќи го и хотелскиот синџир Four Seasons hotels.
Без сомнение, богатството на Бил Гејтс ќе беше уште поголемо, доколку овој познат филантроп не донираше 28 милијарди долари во фондацијата којашто се бори за искоренување на сиромаштијата во земјите од ткн “трет свет“ што ја основаа со неговата сопруга и копретседателка на неговата фондација Мелинда Гејтс којашто претходно седмицава Forbes ја стави на третото место на листата најмоќни жени на светот зад германската канцеларка Ангела Меркел и бразилската претседателка Дилма Русеф.
Според податоците на Bloomberg, богатството на 57-годишниот Бил Гејтс минатиот четврток, 16-ти мај, се зголемило за 10 милијарди долари во тековната фискална година и изнесувало 72,7 милијарди американски долари, додека, пак, на 73-годишниот Карлос Слим е проценето на 71,2 милијарди долари, односно се намалило за 14 проценти од претходната година.
Двајцата мултимилијардери од поодамна се „натпреваруваат“ за првото место на листата на најбогатите луѓе. Бил Гејтс го држеше првото место од 1996 до 2007 година, како и во 2009 година. Во 2010 година, него го надмина Карлос Слим, во чија сопственост се мексиканската телекомуникациска компанија „America Movil“, холдингот „Grupo Carso“, како и голем број крупни компании во Мексико и во Латинска Америка.
Третото место на листата на Forbes му припадна на Амансио Ортега, основачот и поранешен претседател на групата Inditex, која е сопственик на текстилните брендови Zara, Massimo Dutti, Bershka, Oysho, Pull and Bear, Zara Home, Stradivarius и Uterque. Неговото богатство во март 2013 година е проценето на 57 милијарди американски долари./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

