Економија
Груевски:Внимаваме на структурата на инвестициите
Македонскиот премиер Никола Груевски во понеделникот оцени дека владата посветувала во минатото големо внимание на структурата на инвестициите и порача дека таквата пракса ќе продолжи и во иднина.
Груевски оваа оценка ја изнесе по средбата со стопанствениците од Сојузот на стопански комори (ССК), одговарајќи на новинарско прашање во врска со забелешките на Standard & Poor’s, која намалувајќи и го кредитниот рејтинг на Македонија за еден степен, изнесе забелешки во врска со јавите инвестиции, во како што е наведено, непродуктивни добра.„Ние и до сега обрнувавме големо внимание на структурата на инвестициите и од сега тоа ќе го правиме и ќе се трудиме да бидат колку што е можно попродуктивни расходите, но знаете, секогаш, секоја држава има ситуации кога треба да инвестира и во нешто што е поврзано со други работи поврзани со државноста на таа држава. Како и да е ќе се трудиме во иднина да имаме максимално колку што е можно повеќе да имаме попродуктивни инвестиции“, изјави премиерот Груевски. Тој не се согласи со забелешките дека владата им обрнува поголемо внимание на малите и средните претпријатија„Не се согласувам со вас дека обрнуваме внимание само на мали и средни претпријатија имаме чести состаноци со компаниите кои се поголеми. Подеднакво сме подготвени да помагаме на сите“, изјави Груевски, додавајќи дека се сложува со соопштението на министерството за финансии во врска со намалувањето на рејтингот од страна на Standard & Poor’s. Инаку, во својата реакција, министерството за финансии во петокот излезе со сериозни забелешки за квалитетот на анализата, точноста на податоците и наведените причини за намалување на кредитниот рејтинг од страна на кредитната агенција. Во врска со ова прашање, своја оценка даде и претседателот на ССК, Златко Калеников, кој рече дека за деловна заедница е најважна ликвидноста на домашните компании и дека побарале од владата да се зголеми буџетскиот дефицит од 2,5 отсто, со што, според нив, се овозможило, да се вратат долговите на сите компании. „Извештајот на Standard & Poors ние не го сметаме за многу ригорозен, но сепак тоа е со намалена категоризација на кредитен рејтинг. Државата може да работи за тоа, сепак ние поддржуваме акција за ликвидност и таа да опстои во натамошниот период, бидејќи ликвидноста е клучна дали македонското стопанство ќе издржи. Значи, нема подобар кредит од своите пари да си ги добиете во вистинско време“, рече Калеников.Бонитетната агенција Standard & Poor’s објави дека го намалила кредитниот рејтинг на Македонија за долгорочно задолжување во домашна и странска валута од ниво ББ на ББ-, додека потврден е краткорочниот рејтинг со стабилна прогноза, при што се констатира дека транспарентноста на македонските јавни финансии се намалени од почетокот на глобалната финансиска криза а изгледите за економски раст ослабеле. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Божиновска – Коњановски: Eнергетскиот развој на Битола важен чекор за поефикасна и одржлива општина
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, на која беа разгледани можностите за продлабочување на институционалната соработка и реализација на заеднички развојни приоритети во наредниот период.
Во фокусот на разговорите беа проектите за енергетска ефикасност како клучен инструмент за намалување на трошоците на локално ниво, модернизација на јавната инфраструктура и создавање поодржлива урбана средина. Соговорниците се согласија дека општините имаат суштинска улога во енергетската транзиција, а државната поддршка мора да се претвори во конкретни и мерливи резултати за граѓаните.
Министерката Божиновска нагласи дека партнерството меѓу централната и локалната власт е предуслов за ефикасна реализација на реформите во енергетиката.
„Енергетската ефикасност е директна инвестиција во квалитетот на живот. Нашата цел е секоја општина да добие реална можност за модернизација, пониски трошоци и одржлив локален развој,“ истакна Божиновска.
На средбата беше договорено продолжување на координираните активности меѓу Министерството и Општина Битола, со имплементација на проекти што ќе донесат долгорочни придобивки за граѓаните и локалната економија.
Економија
(Видео) Тренчевска до власта: Намалете од луксузот и зголемете ја минималната плата на 600 евра
Минималната плата е еден од клучните механизми преку кои државата директно влијае врз животниот стандард на граѓаните, врз пазарот на труд и социјалната кохезија. Нејзината динамика на раст и начинот на усогласување се директно поврзани со борбата против сиромаштијата, намалувањето на нееднаквоста и обезбедувањето достоинствени услови за работа на работниците, рече потпреседателката на СДСМ, Јована Тречевска, на денешната собраниска седница на којашто на дневен ред е предлог-законот на СДСМ за изменување и дополнување на Законот за минимална плата, со кој се предлага минималната плата да се зголеми на 600 евра.
Таа посочи дека Владата во одредени услови мора да носи политички одлуки. Таков бил и случајот со зголемувањето на минималната плата во 2022 година, за време на владеењето на СДСМ, од 15.000 на 18.000 денари, направено во дијалог со работниците и работодавачите.
„Често слушаме дека сегашната Владата остава работодавачите и работниците сами да се договорат, но социјалниот дијалог во државата е трипартиски: во него се вклучени Владата, работниците и работодавачите. Владата не може да биде само модератор, туку е активен учесник и партнер во социјалното договарање, слушајќи ги барањата на работниците и поддржувајќи ги и работодавачите,“ посочи Тречевска.
Таа рече дека во времето кога СДСМ ја предводеле Владата платите тројно се покачиле.
„Минималната плата речиси тројно се покачи, од 8.000 на 22.500 денари, благодарение на добрите политики на СДСМ . Истовремено, како што растеше минималната плата, растеше и просечната плата, од 23.850 денари во 2024 година, скоро до 40.000 денари. Во однос на синдикалната кошничка, таа изнесува 67.382 денари во февруари 2026 година, споредено со февруари лани, што значи зголемување од скоро 1.000 денари. А во однос на 2022 година, таа е зголемена за повеќе од 30.000 денари. Овие аргументи јасно покажуваат зошто треба да се излезе во пресрет на барањата на работниците за минимална плата од 36.000 денари. Предлог-законот дава јасни насоки за финансирање на ова зголемување, преку намалување на луксузните расходи и пренасочување на средствата кон повисока минимална плата,“ рече Тречевска.
Економија
Зголемување на прагот за ДДВ-обврзници и зголемување на повратот преку „Мој ДДВ“, предлага Левица
Пратеничката група на Левица ќе поднесе измени на два закони, со заедничка цел – финансиско растеретување на физичките лица и малите економски субјекти, вклучително семејните бизниси, занаетчиите и регистрираните земјоделци, информираше на денешната прес конференција пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил – Хактан.
Тој појасни дека предлогот предвидува двојно зголемување на максималниот износ за поврат на ДДВ по физичко лице на тромесечје – од 2.100 на 4.100 денари, како и зголемување на процентот на поврат преку апликацијата „Мој ДДВ“: од 20% на 40% за македонски производи и од 10% на 20% за останатите.
Дополнително, се предлага зголемување на прагот за задолжителна регистрација за ДДВ-обврзник од 2 на 4 милиони денари годишен промет, со цел да се намали административниот и финансискиот товар врз малите фирми.
„Со оваа мерка сакаме да го растеретиме даночниот товар кој во моментов е непропорционално распределен – на штета на малите бизниси, додека големите компании користат бројни олеснувања и субвенции. Административните трошоци и за УЈП и за малите субјекти често се поголеми од самата даночна обврска. Со овој пакет отвораме суштинска дилема – кој навистина го носи товарот на даночниот систем во Македонија? Нашата цел е јасна: прогресивен и праведен даночен систем. Оттука, и во иднина ќе предложиме други мерки од овој тип за остварување на оваа цел”, рече Исмаил – Хактан.

