Економија
Стартува електронското аплицирање и издавање на градежни дозволи
Целокупната постапка за издавање на одобрение за градење во Македонија, од сабота ќе се одвива исклучиво по електронски пат.
„Целокупниот процес од апликација сè до издавање одобрение за градба и жалбената постапка ќе оди по електронски пат. Во Министерството сме цврсто убедени дека со електронскиот систем, кој е прв во регионот, ќе се овозможи целосно поедноставување на процедурата, бидејќи самото движење на документите ќе оди исклучиво по електронски пат. Значи многу едноставна процедура и многу потранспарентна, бидејќи секој апликант, ќе може да види во кој момент кај кого е неговиот предмет“, изјави во петок министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.
Тој додаде дека сега е добро што за целокупното движење на предметите се информира управната инспекција и дека тоа ќе придонесе за намалување на времето за вадење дозвола, како и намалување на трошоците за граѓаните.
„На овој начин ќе се зголеми ефикасноста во функционирањето и во работењето на општините и ефикасноста во што побрзо добивање на одобрението за градба. При тоа ќе се намалат трошоците кои се прават при печатење на хартија, движење на луѓето, а, исто така, ќе се смали и времето и малтеретирањето на луѓето кои бараат одобрение за градба. На овој начин Република Македонија, општините со поддршка на Министерството за транспорт и врски ќе бидеме држава во која инвеститорите и сите оние што градат ќе им треба многу малку време за да добијат електронско одбрение за градба“, истакна градоначалникот Коце Трајановски. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

