Економија
Успешна прва посета на Македонија од тур-оператори од Шведска
Во организација на амбасадата на Република Македонија во Шведска и Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, а поддржано од Macedonia Holidays and Tours и Turkish Airlines, 12 тур оператори од Шведска ја посетија Македонија во периодот од 27-ми до 31-ти мај.
Повеќе од триесетина тур-оператори и хотелиери од Македонија изминатата седмица се сретнаа со тур-операторите од Шведска со кои разменија искуства, интереси и контакти за идната соработка помеѓу овие две држави.
„Во Македонија забележително се раздвижува пазарот за туризам, а тоа ме радува. По воспоставувањето на трите директни авионски летови со Шведска, ова е одлична можност за директен влез на Шведскиот пазар со туристи. Среќен сум што одлучивме да ја поддржиме оваа тура, а со тоа и директно од нив да слушнеме за нивните интереси, на кои секако, ќе одговориме доста спремно и сериозно се со цел да ја претставиме Македонија како што треба на идните туристи од Шведска“, рече Дарко Дислиоски, менаџер во туристичката агенција Macedonia Holidays and Tours.
Бизнис средби се одржаа во Охрид и Струга а нив ги отворија градоначалниците на овие два града, Никола Бакрачески, односно Зијадин Села.
„Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот ќе продолжи да поддржува вакви фам тури. Имаме набиена агенда на посети на тур-оператори, и ќе имаме полни раце работа во претстојниот период. Дадовме се од себе за посетата на Шведските тур оператори да биде незаборавна, а работата и понатаму продолжува со забрзано темпо, сето тоа со цел да следната година ни стигнат првите организирани тури од Шведска“, рече Маја Глигоровска, портпарол на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот.
Турата на Шведските тур-оператори траеше пет дена, во кои вклучени беа посетата на Скопје, Охрид, Струга, Битола, Демир Капија и други делови од Западна и Централна Македонија./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

