Економија
ММФ ја преполови прогнозата за растот на Германија

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја преполови прогнозата за раст на германската економија во оваа, а се очекува и незначително поголем пад на француската економија.
Сепак, ММФ прогнозира во наредните шест месеци во двете држави да започне закрепнувањето.ММФ во својот редовен извештај за Германија ја преполови прогнозата за економски раст во оваа година на само 0,3 отсто.„Но, благодарение на силните домашни темелни фактори, во другата половина на годината се очекува закрепнување во Германија“, проценува ММФ, констатирајќи дека поцврсто закрепнување е забавено од продолжената слабост на деловните инвестиции. Побарувачката е силна како и домашпните темелни фактори, а спроведените реформи се исплатеа преку ниската невработеност, но деловните инвестиции се во пад од втората половина на 2011 година, истакнуваа од ММФ.Во 2014 растот ќе биде незначително понизок од почетните предвидувања. Наместо претходно прогнозираните 1,5 отсто, германската економија ќе порасне најверојатно 1,3 отсто.Истовремено ММФ ја снижи и прогнозата за раст на француската економија за 2013 и 2014 година. Сега се очекува пад на активностите во оваа година за 0,2 отсто во однос на претходно прогнозираните 0,1 отсто, Во наредната година активноста, по проценката на оваа институција, би требало да порасне 0,8 отсто.Франција би морало да ги забрза реформите за да ја либерализира економијата и да ги намали трошоците на труд, со цел да ја подобри конкурентноста и повторно да оствари раст, велат од ММФ.Воедно се превидува во втората половина да дојде до промена на актуелниот тренд„По значителното фискално прилагодување кое траеше три години, постои простор консолидацијата да продолжи со поблаго темпо под услови напорите да се насочат кон издатоци и да бидат потпомогнати со продолжување на структурните реформи“, објави ММФ во својот извештај за Франција.„Нужно е да се забрзаат реформите кои владата ги покрена во последните шест месеци со цел да се затвори јазот“, се наведува во извештајот на ММФ./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Мицкоски најави нова инвестиција во Штип

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на најавата на директорот на Технолошко-индустриските развојни зони за 4 нови странски инвестиции, изјави:
„Во текот на вчерашниот ден, во разговор со директорот, имаме добра вест, нова инвестиција, потврдена во индустриската зона во Штип. Фабрика којашто ќе вработи до 150 луѓе. Фабрика којашто ќе инвестира некаде околу 35 милиони евра. Којашто во својот пик за три години од денес ќе извезува 300 милиони евра коишто ќе влезат во Бруто домашниот производ и ќе произведува батерии и тоа е добро. И тоа е добро, а за сите овие други, да имаме и потврди и полека ќе ги објавуваме. Ова е веќе договорено со инвеститорот и заради тоа го кажав, инаку фабриката е од земја од Европска Унија, да немаме дилема.“
Економија
Дизелот поевтинува за 2,5 денари

Од ноќеска на полноќ дизелот ќе поевтини за 2,5 денари, додека цените на бензините остануваат исти, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).
Од 28.6.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 77,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 79,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 70,50 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 72,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 40,188 (денари/килограм)
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,499 ден/кг.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат.
Економија
Во Народната банка се одржа 54. сесија на Клубот на истражувачите

Во Народната банка се одржа 54. сесија на Клубот на истражувачите на која беше претставен научниот труд „Макроекономски, институционални и финансиски детерминанти на дефицитот на тековната сметка во Северна Македонија: Согледувања преку временски серии“ од авторот Бардул Даути.
Сесијата ја отвори директорката на Секторот за монетарна политика, истражување и статистика, Султанија Бојчева-Терзијан, која посочи дека презентираниот труд нуди значајни сознанија за макроекономските и институционалните фактори коишто влијаат на дефицитот на тековната сметка во Република Северна Македонија. Таа нагласи дека надворешната позиција на македонската економија има особено значење, имајќи ја предвид стратегија на фиксен девизен курс, што ја спроведуваме. Во таа насока, одржливата тековна сметка претставува клучен елемент за зачувување на севкупната макроекономска стабилност.
Главниот заклучок на емпириската анализа е дека дефицитот на тековната сметка е резултат на макроекономски фактори – производниот јаз, како индикатор на домашната побарувачка, трговската отвореност и реалниот девизен курс. Дополнително, влијание имаат и фискални и финансиски фактори, како што се јавниот долг и паричната маса (М2), соодветно. Сепак, клучниот придонес на овој труд е вклучувањето на т.н. институционални фактори и оцената на нивното влијание врз билансот на тековната сметка. Студијата покажува дека силните институции – особено поефикасното управување, зголемениот квалитет на јавните услуги и заштитата на економските права, како што е правото на сопственост – можат значително да придонесат за подобрување на тековната сметка на платниот биланс. Овие заклучоци упатуваат дека, институционалните реформи се исто така важен сегмент за зајакнување на надворешната стабилност на економијата.
По презентацијата, следеше дискусија меѓу учесниците и презентерите, поттикната од презентацијата на трудот и од изнесените заклучоци. Следната сесија е планирана за септември годинава.