Економија
Важните програми на ECB под лупа на германскиот уставен суд

Евентуалната пресуда на германскиот уставен суд дека програмата на Европската централна банка (ECB) за откупот на државните обврзници на задолжителните земји од еврозоната не е во согласност со германскиот устав би имале сериозни последици по еврозоната, предупреди во понеделникот истакнат функционер на централната банка.
„Силно го почитувам судот и нема да го затрупувам со совети на независното тело. Меѓутоа, принципиелно говорејќи, ниедна институција не функционира во вакуум. Доколку програмата за откуп на обврзниците биде укината, тоа ќе има значителни последици“, вели во разговорот за тиражниот германски дневен весник Bild, членот на извршниот одбор на централната монетарна институција на еврозоната,Германецот Јерг Асмусен.
Уставниот суд на Германија оваа седмица ќе испитува дали програмата на Европската централна банка (ECB) за таканаречените директни монетарни трансакции (OMG) е во согласност со германскиот устав.
Откако ECB во летото минатата 2012 година објави дека планира да купува државни и обврзници на најзадолжените земји од еврозоната, стравувањето од распаѓањето на зоната во којашто се применува единствената европска валута спласна, но некои критичари на програмата и натаму тврдат дека таа не е во согласност со германскиот устав.
Во дводневното сведочење пред уставниот суд во вторник и во среда ќе учествува и Јерг Асмусен и гувернерот на германската централна банка Јенс Вејдман.
Гувернерот Вејдман спаѓа меѓу најгласните критичари на програмата на ECB спаѓа, па неговото сведочење пред уставниот суд може да се претвори во одмерување на силите меѓу ЕCB и Bundesbank, истакнуваат аналитичарите./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија се трансформира во земја транзит на гас и извозник на електрична енергија

По 7 години нестручно и недомаќинско владеење на СДС и ДУИ со енергетскиот сектор што резултира со загуби, повисоки сметки за струја и греење како и колапс на електроенергетската инфраструктура доаѓа крај на хаосот и почеток на стабилност и развој, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Поради консолидација на енергетскиот хаос во минатото и лошото менаџирање на енергетските капацитети во државата од страна на СДС и ДУИ, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е фокусирана кон инвестирање во зелена енергија, зачувување на животната средина, справување со предизвиците од фосилните горива и постепен премин кон обновливи извори на енергија.
Македонија успеа да внесе два клучни гасни проекти поддржани од Европската комисија, кои се важни регионални проекти за Гасификација.
Започна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција. Се градат 66,6 километри гасовод на македонска страна. Почетниот капацитет на гас е 1,5 милијарди кубни метри со потенцијал да се зголеми на 3 милијарди кубни метри. Вредноста на проектот е 60 милиони евра. Како и проект за интерконекција со Србија.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи и на модернизација на електоренергетската инфраструктура.
Пуштен е во работа новиот 400/110 kv трансформатор во ТС Битола 2 кој ќе го намали притисокот врз преносната мрежа и ќе ја зајакне сигурноста на снабдувањето во градовите Струга, Охрид, Ресен, Битола и Прилеп, обезбедувајќи стабилна електрична енергија за време на зголемената потрошувачка во зимските месеци.
Главен фокус се и обновливите извори на енергија.
Втората фаза од ветерен парк Богданци со дополнителни 4 ветерни турбини, секоја со капацитет од 3,4 MW. Ова проширување значително ќе ја намали зависноста од увоз на електрична енергија.
Кон крајот на минатата година се потпиша договор меѓу Европската банка за обнова и развој и ЕСМ за грант од ЕУ за изградба на две нови фотонапонски електрани – „Битола 1“ со инсталирана моќност од 20 мегавати и „Осломеј 2“ со моќност од 10 мегавати.
Целта е преку обновливи извори на енергија, ветерници, изградба таканаречени когенеративни постројки, постројки на гас коишто ќе произведуваат и електрична и топлинска енергија, биоенергија, соларна енергија, хидроенергија, Македонија од земја увозник наскоро да биде земја извозник на енергија.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ има јасна визија за иднината и конкретен повеќегодишен план во енергетскиот сектор насочен кон зголемување на енергетската ефикасност, стратешки инвестиции во домашното производство на енергија со цел енергетски стабилна и независна држава и значајна енергетска крстосница во регионот и Европа“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Економија
Бојковска: Нашата политика на дејствување се движи во правилна насока, само оперативниот план за вработување се однесува на 65% од младите до 29 години

На денешната трибина на тема „Како политиките на ВМРО-ДПМНЕ ја подобрија положбата на младите во Македонија во првата година од владеење?“ учествуваше пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска.
Бојковска на самиот почеток истакна дека младите имаат поддршка во процесите на носење на одлуките и дека политиката на ВМРО-ДПМНЕ како власт се движи во правилна насока.
„Морам дека кажам дека како ВМРО-ДПМНЕ младите имаат поддршка во процесите на носење на одлуките, бидејќи заедно со Унијата на млади сили направивме и низа на мерки во коишто бевме во дослух со младите односно беа организирани каравани насекаде низ Македонија се со цел да се слушнат потребите на младите во секој еден дел од државата. Нашата политика на дејствување оди во правилна насока и сега кога Власта ја презема ВМРО-ДПМНЕ мислам дека уште позасилено треба да работиме на истото, со уште позасилено темпо ќе работиме во таа насока да останеме во чекор со младите, една од мерките всушност беше и оперативниот план за вработување и една од приоритетните мерки во коишто беа истакнати три области во коишто младите треба да бидат центар и фокус на носење на политиките, тоа се образованието, вработувањето и обезбедувањето на Дом за млади“, објасни Бојковска.
Пратеничката исто така истакна дека сега условите за вработување на младите луѓе се многу подобри за разлика од претходно.
„Освен што се дава суштинска поддршка на младите претприемачи за да се поттикне вработувањето на младите луѓе во Македонија, со оперативниот план кој се однесува над 65% на млади луѓе до 29 години, за разлика од тоа во претходната власт особено младите луѓе се сеќаваат за оној скандалозен Фонт за иновации каде што сведочевме на проневерени средства од 3 милиони евра, и мислам дека со тоа што младите го гледаа и сведочеа ја казнија тогашната власт, сега ситуацијата е многу поинаква, се вреднуваат суштинските претприемачки бизнис планови, и ќе биде процесот многу транспарентен многу отворен за младите се со цел да ја погодиме суштината, а тоа е да го подобриме вработувањето на младите луѓе“, рече Бојковска.
Uncategorized
(Видео) Попов: Јавните повици за младите сега се достапни за сите, нема веќе „прв дојден прв услужен“

Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието беше дел од денешната трибина „Како политиките на ВМРО-ДПМНЕ ја подобрија положбата на младите во Македонија во првата година од владеење?“. Попов се осврна на Оперативниот план на Владата и истакна дека довербата на младите да имаат интеракција е зголемена, за разлика од претходната власт кога имаше принцип на ‘Прв дојден, прв услужен’.
„Оперативниот план би го гледал низ две призми. Едната е онаа на Владата, а тоа е дека гледаме Владата е посветена и Оперативниот план го наменила за младите луѓе во Република Македонија. Вториот момент е заинтересираноста на младите да аплицираат и да го користат тој Оперативен план и мерките кои доаѓаат од тој Оперативен план. Ја гледам довербата кај младите луѓе што ја имаат кон државата, односно довербата на секој млад човек да се впушти во една таква интеракција со државата“, вели Попов.
Тој истакна дека за време на претходната власт во земјава, постоеле тие мерки за самовработување, но разликата од оваа Влада и претходната е тоа што повиците не биле достапни до сите навреме, и според него, тоа е она што ја создало недовербата кај младите.
„Нема веќе прв дојден прв услужен, па да си јават тие на своите партиски другари дека утре сабајле во 8 почнува пријавувањето, па да се нацртаат сите спремни со документите, а останатите коишто едноставно не можеле да знаат дека тој ден ќе има јавен повик, да немаат време да ги спремат документите, и врз основа на она прв дојден прв услужен па сите да знаеме кај кого ќе завршат сите средства“, кажа Попов.