Економија
Одложена либерализацијата на пазарот на електрична енергија
Либерализацијата на пазарот со електрична енергија за 147-те големи компании, која требаше да стартува на 1 јули, дефинитивно се одложува на неодредено време поради одредени правни и технички недостатоци.
Ова во петокот на прес конференција во Скопје го истакна Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Димитар Петров.
Тој информираше дека со овој чекор од либерализацијата требаше да бидат опфатени компаниите кои имаат над 50 вработени и остваруваат промет од над 10 милиони евра годишно.
Иако овие компании го завршиле својот дел од работата, навреме се информирале и се подготвиле за процесот на либерализација, проблемот бил во енергетските компании кои ја објавуваат дистрибуцијата на електрична енергија.
Меѓу проблемите, поради кои се одлага либерализацијата, Петров ги наведе дневните криви на оптоварувањето, протокот за трансфер помеѓу енергетските компании, не инсталирањето на бројачи за потрошувачите и друго.
На директно новинарско прашање дали може да се констатира дека причината за одложувањето на либерализацијата е поради неисполнување на одредени обврски од страна на ЕВН Македонија, МЕПСО, ЕЛЕМ и РКЕ, Петров потврдно одговори.
Тој нагласи дека во наредните денови ќе бидат одредени стриктни рокови за надоместување на недостатоците и дека РКЕ будно ќе следи како ќе се одвива овој процес.
Петров информираше дека нема да биде пролонгиран процесот на либерализација, за околу 90.000 помали корисници, кој е предвидено да започне на 01.01 2015 година.
Првиот човек на РКЕ изрази задоволство од досегашниот процес на либерализацијата, за кој рече дека 45 отсто е исполнет.
Деветте најголеми потрошувачи на електрична енергија веќе од 2009 година се вклучија на пазарот.
Деновиве претставници на владата изјавија дека очекуваат процесот на либерализацијата за 1.247 компании да биде одложен до почетокот на наредната година, бидејќи доколку се воведел сега во јули, тоа ќе се одразело врз цената на енергијата за домаќинствата. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)

