Економија
Стогово, нова инвестиција за експлоатација на манган
Министерот за економија Ваљон Сараќини и Денис Корнијенко сопственикот на Скопски Легури Мајнинг ДООЕЛ Скопје го потпишаа договорот за експлоатација на минерална суровина-манган за локалитетот Стогово, лоциран во западниот дел на Македонија, недалеку од Кичево.
На потпишувањето присуствуваа градоначалникот на Дебар Ружди Љата, Игор Трајковски градоначалник на Дебарца и Фатмир Дехари градоначалник на Кичево
„Денешниот договор значи нова инвестиција и нови вработувања што ќе биде од огромно значење за локалното население и локалниот економски развој, во западна Македонија како и за националната економија“, рече Сараќини.
Освен директните приливи од концесија и новите работни места оваа инвестиција ќе значи и дополнителна можност за заработка за многу локални мали и средни компании од западна Македонија.
Министерот Сараќини потсети дека според последните официјални информации растот на индустриското производство од 4 отсто во април годинава во најголема мерка се должи на растот токму во секторот на вадење руди кои изнесува 1,9 отсто, а сето тоа се одрази позитивно и на растот на БДП кој изнесува 2,9 отсто.
Согласно законот 78 отсто од понудениот износ, како и понатамошните плаќања по основ на концесиски надоместок ќе бидат приход на општините на кои ќе се врши концесиската дејност, додека 22 отсто од овие износ ќе бидат приход на Буџетот на државата.
„Конкретно од оваа инвестиција ќе значи развој за четири општини во западна Македонија и тоа општините Кичево, Дебар, Струга и Дебарца ќе инкасираат во своите општински каси и тоа 78 отсто од понудата што ја достави инвеститорот која изнесуваше 26,1 милион денари.
Гледано по општини приливот за општина Кичево ќе биде 13 отсто или 2.646.320,00 денари, за општина Дебар 28 отсто или 5.724.000,00 денари, општина Струга 20 отсто или 4.071.000,00 денари и општина Дебарца 39 отсто или 7.939.620.00, денари“, информираше Сараќини.
Претставникот на Скопски легури, посочи дека како инвеститори за нив е многу значајно што се дел од програмата на Министерството за економија и Владата на Македонија која планира да спроведе преку измена во законот за минерални суровини, со што суровините од Македонија ќе се преработуваат во државата до финалниот производ со понатамошно пласирање на домашниот и странскиот пазар./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

