Економија
Се бараат директори на МЕПСО, на М-НАВ и јавни претпријатија
Директорското место во Јавното претпријатие за патишта, директорското место во Државниот инспекторат за урбанизам и градежништво, директорски места во Македонска Навигација – М-НАВ, во МЕПСО и други, се дел од позициите за кои Владата објави јавен повик.
„На овој јавен повик се објавуваат околу 100 раководни позиции, од кои дел претставуваат раководни позиции на централно државно ниво, а дел претставуваат раководни позиции на подрачно ниво, односно раководни позиции на подрачните единици на институции, што дава нов квалитет на самиот процес и значително ја проширува транспарентноста и отвореноста и за апликации за пониски раководни места, со што се задоволува и регионалниот пристап и се дава поголема можност за вклученост на заинтересираните лица“, рече Александар Ѓорѓиев, портпарол на Влада.
Јавниот повик ќе трае до 5 јули 2013 година, и во тој рок сите заинтересирани лица кои поседуваат способности, знаења, вештини, но и мотив, волја и желба да се вклучат во процесите на едно поинтензивно ниво, и да раководат со значајни институции се добредојдени да аплицираат.
„Сакаме да истакнеме дека сите заинтересирани имаат еднакви шанси и опциите се еднакви за сите, нема да има никаков основ на дистинкција и ќе се вреднуваат единствено индивидуалните квалитети и способности. Можност за кандидирање имаат и лицата кои се актуелни раководители на институциите“, рече Ѓорѓиев.
Дел од објавените позиции на овој оглас се раководни на централно, а дел се раководни позиции на подрачно ниво.
„Позиции кои се дел од раководните позиции на централно ниво, а се дел од овој повик, меѓу другите се директорското место во Јавното претпријатие за патишта, директорското место во Државниот инспекторат за урбанизам и градежништво, директорски места во Македонска Навигација – М-НАВ, во МЕПСО и други“, додаде Ѓорѓиев.
Значаен дел од овој повик се раководните места од областа на здравствените институции, односно директорските места во Универзитетските клиники, каде што застапени се 16 позиции на организациски директори на клиниките и шест позиции на медицински директори на клиниките, како и директорски места во клиничките болници. Исто така, предвидени се и секторските директорски места во Фондот за здравствено осигурување, и тоа во Секторот за финансии и во Секторот за сметководство.
Предвидени се и значаен број на раководни позиции во рамките на подрачните единици на определени институции.
Меѓу другите, на овој јавен повик се предвидени и девет подрачни одделенија на Управата за имотно правни работи, и девет подрачни единици на Агенцијата за катастар на недвижности. Дел од повикот се и 18 подрачни директори на подрачни шумски служби на ЈП Македонски шуми и 14 раководни позиции во подрачни единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и 10 раководни подрачни позиции во Управата за водење на матична евиденција, три подрачни раководители на Центри за вработување на Агенцијата за вработување, четири во подрачните единици на Бирото за развој на образованието и други.
„Јавниот повик ќе биде објавен денеска на интернет страницата на Владата и во медиумите, и во него ќе се содржат сите поединечни услови и критериуми кои заинтересираните кандидати треба да ги исполнат за кандидирање за одредена позиција, кои се предвидени врз основа на закон“, рече Ѓорѓиев.
Од Влада апелираат граѓаните да ја искористат оваа можност./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

